За проектот: СОЦИО-ЕМОЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ ВО ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ, со гордост ви го претставуваме истражувањето на тема: “ИНКЛУЗИВНИТЕ КАПАЦИТЕТИ НА КАДАРОТ НА ООУ ВО Општина АЕРОДРОМ“.

Во современиот образовен контекст, инклузијата е од суштинска важност и за нас, и за нашата заедница ОА.

За да ги подобриме инклузивните практики и да го поддржиме успешното образование на сите наши ученици во општината, потребно е да ги разбереме вашите потреби и перспективи на вас како наш наставен кадар и стручните служби во ООУ на Општина АЕРОДРОМ.

Во овој контекст, ве замолуваме да пополните анкетата која е еден од најважните делови на ова истражување.

Вашите одговори ќе послужат како водич за креирање на обука/ки (2023/24) и мерки за подобрување на вашиот професионален и кариерен развој.

Во интерес на добивање исклучително важни информации, анкетата треба да биде пополнета (по можност) од сите наставници и стручни служби. Сугерираме анкетата да ја пополнат сите оние кои се дел од образовниот кадар/СС во Општинските Основни училишта на територија на ОА, задолжително оние кои се пријавија да учествуваат во проектот.

Анкетата е достапна на следниот линк: ТУКА

Не е дозволено никакво пренесување, мултиплицирање или злоупотреба на овој прашалник без писмена дозвола од авторот/истражувач ЕУ ИНСТИТУТ Скопје! Пренесувањето, мултиплицирањето или злоупотребата на овој прашалник и прашањата од страна на трети лица е строго забрането и подложно на законски казни. Сите одговори и податоци ќе бидат третирани со строга доверливост и користени исклучиво за научно истажувачки цели.

Рокот за пополнување на анкетата е од 13 до 19 Септември 2023 година.

Однапред Ви благодариме на одвоеното време (кое ќе ви одземе неколку минути за пополнување) и соработка. Вашите одговори се важни за нашата општина ОА и за иднината на нашите ученици.

ООУ на ОА КОИ СЕ УЧЕСНИЦИ ВО ПРОЕКТОТ:

  1. ООУ „Лазо Ангеловски“
  2. ООУ „Ѓорѓија Пулевски“
  3. ООУ „Блаже Конески“
  4. ООУ „Браќа Миладиновци“
  5. ООУ „Љубен Лапе“
  6. ООУ „Димитар Македонски“
  7. ООУ и ПОУ „Гоце Делчев“
  8. ООУ „Александар Македонски“

Донатор на проектот: Град СКОПЈЕ, поддржано од ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и Општина АЕРОДРОМ

НАПОМЕНА: За сите прашања и дополнителни информации, можете да не контактирате по пат на меил на: contact@euinstitute.eu

#инклузивно образование #професионален развој #капацитети на кадарот #образовни потреби #психо-социјална поддршка #препораки #ЕУ ИНСТИТУТ Скопје #Град Скопје #EU INSTITUTE Skopje # Општина АЕРОДОРМ #ООУ

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!