БИДЕТЕ СВОИ

JUST BE YOU-Utrecht Canal Pride 2022

Под мотото бидете свои (Just be you) на ден 4ти Јуни 2022 година традиционално се одржа Utrecht Canal Pride.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје со особена чест и задоволство ја поддржа ЛГБТ (LGBT) заедницата во градот Утрехт, Кралството на Холандија.

Бидете свои, бидете единствени бидејќи убавината е во сличностите и различностите на нас луѓето. Сите ние сме поинакви едни од други на ваков или онаков начин. Да се прифатиме себе си такви какви што сме и да ги прифатиме сите останати онакви какви што се. Борбата за еднаков третман на сите луѓе е вечна, но прифаќање на промената во ова денешно време е суштинска за сите нас. Го поддржувам и промовирам социјалното прифаќање лично и како организација, ќе го поддржиме секој еден кој се стреми да биде свој создавајќи услови за безбедна средина во Македонија но и во Кралството Холандија (Утрехт). Ни беше чест и задоволство со дел од тимот на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје за првпат, со присуство да ги поддржиме учесниците на парадата на гордоста (Utrecht Canal Pride 2022).

Верица Пандилоска Гичева, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
Фотографија Звонко Гичев, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Свечена, празнична парада на бродови

Повеќе од педесет организации го обоија градот Утрехт во боите на виножитото, заштитен знак на ЛГБТ заедницата. Со знамиња, аксесоари и насмеани лица со позитивна енергија Розовата заедница на градот, заедно со сите нејзини поддржувачи продефилира по каналите на Утрехт со флота од 50 бродови, сите сплотени со една мисла и заедничка цел, почитување, разбирање, взаемен однос, слобода на израз и прифаќање од средината како поинакви.

Фотографија Звонко Гичев, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Утрехт е град во кој опстојуваат многубројни организации на ЛГБТ заедницата.

Парадата ја поддржаа засегнатите страни како и бизнис заедницата, спонзори, партнери, волонтери и сите останати кои не само овој ден туку и сите 365 дена во годината пружаат поддршка на розовата заедница.

Под слоганот Just be you, Утрехт даде до знаење и покажа дека секој е потребно да биде свој.

Фотографија Звонко Гичев, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Парадата и дефилето на бродовите со учесниците траеше неколку часа. Да напоменам дека ваквата организација се подготвува преку цела година со точно определена рута на движење по неколкуте канали кои се наоѓаат во градот, учесници од различни фондации и невладини здруженија и се останато што е потрeбно за беспрекорно да се одвиваат активностите.

Фотографија Звонко Гичев, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Градот вриеше како во кошница уште од раните утрински часови и тоа од посетители поддржувачи од цела Холандија, не само од градот Утрехт.

Во беспрекорен ред и мир под будно око на полицијата (во вода и на копно), црвениот крст како и медицинска поддршка сите посетители уживаа во прекрасното време кое не послужи дента во активностите кои се одвиваа низ целиот град.

Утрехт е еден од десетте најбезбедни градови за живеење во Европа.

По улиците можеше да се забележат и организации кои нудеа поддршка за тестирање до организации кои собираа донации за 72 земји во светот за лекови и тестови за AIDS.

Можеше да се видат и родители кои дојдоа како поддршка на своите деца.

Лајв настапи на секој ќош, музика, енергија, радост и смеа се слушаа по улиците на градот до раните утрински часови.

Фотографија Звонко Гичев, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

По завршување на парадата на каналот (Utrecht Pride Canal 2022) активностите се дислоцираа во централното градско подрачје по ноќните клубови. На три големи стејџа, одекнуваа различни музички жанрови, уметници кои настапуваа со свои перформанси, камиони со храна за сите и секако полноќни забави до раните утрински часови.

Фотографија Звонко Гичев, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Ова беше неверојатно искуство за екипата на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје која се наоѓа во Утрехт. Веруваме дека направивме мал но сигурен чекор со поддршка на ЛГБТ (LGBT) заедницата.

Фотограф на галерија на фотографии Звонко Гичев, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *