Здружението за образовно истражувачка дејност ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Кисела Вода реализираа меморандум за соработка во кој што се договорија да ги штитат заедничките цели и интереси во сферите на своето работење за интегрирање на неформалното образование, подобрување на комуникациските вештини и кариерниот развој на волонтерите кои работат со ранливи категории граѓани на територија на Општина Аеродром.
Средбата се реализираше во просториите на ДХО “Даре Џамбаз“, Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Кисела Вода. Разговаравме со Дејан Ѓорѓиевски, секретар на организацијата.
Ме радува официјализирањето на соработката преку потпишување на меморандум со кој ќе ги штитиме заедничките интереси како и повторната соработка со ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Верувам дека ќе постигнеме солидни резултати во подобрување на капцитетите на младите волонтери. Со вас имаме позитивно искуство како организација, со Општина Аеродром соработуваме редовно. Мислам дека е ова одличен модел каде невладиниот сектор преку неформални обуки ќе помогне во имплементирање на вештини потребни на секој еден млад човек. На нашите волонтери сигурен сум дека ова ќе им биде од исклучителна помош во работењето.
Дејан Ѓорѓивски – секретар на Општинска организација Кисела Вода , Црвен крст на Република Северна Македонија

За таа цел првиот чекор во соработката е вклучување на волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Кисела Вода Вода во проектот Самодоверба, комуникација, мотивација. Во проектот ќе учествуваат и волонтерите на Општинска Оргнаизација Центар со кого ЕУ ИНСТИТУТ Скопје веќе има реализирано меморандум за соработка во 2020 година.
Проектот Самодоверба, комуникација, мотивација ЕУ ИНСТИТУТ Скопје го реализира во соработка со Општина Аеродром.

Целна група: Средношколци, студенти и младинци од 16 до 29 години кои живеат на територија на Општина Аеродром.
Опис на активноста: Обуки за млади на тема самодоверба, комуникациски вештини, лична мотивација и инспирација. Подготовка на целната група млади преку 6 модули наменски подготвени за личен раст и развој преку неформално образование.
Цел на активноста: Правилно развивање и насочување на младината за зајакнат кариерен развој, понатамошно школување, полесно вработување и давање максимален придонес во општеството.
На 23 Јуни 2021 година се реализираше првиот дел од проектот каде аеродромци имаа можност да учат за Самодоверба. Предавањето го држеше Проф. Д-р Зендел Абедин Шехи, професор по меѓународно право и дипломатија воедно претседател на Европски Институт за менаџмент, право и дипломатија.

Како дел од ивентот и едукацијата беше промовирана публикација за Невербална комуникација, со цел подобрување на невербалната комуникација како суштински дел од комуникациските вештини на младите.

До крајот на реализирање на овој проект ќе биде издадена и публикација за Самодоверба и Мотивација наменета за истата целна група а ќе биде промовирана при завршување на проектот.
Втриот дел од проектот е на тема комуникација каде младите средношколци, студенти и младинци кои се на возраст од 16 до 29 години и живеат/учат на територија на општината ќе можат да ги надоградат и зајакнат своите капацитети во доменот на комуникациски вештини.

Со двете организации на Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Кисела Вода и Општинска организација Центар соработувавме во 2020 година на проектот Ментална хигиена во услови на Ковид-19 криза и глобална пандемија. Целна група беа младите волонтери кои беа дел од интерактивно предавање. Содржина на обуката беше промоција на ментално здравје, пренесување на позитивни практики на сите ранливи категории на граѓани како и лица во самоизолација со кои што работат младите волонтери на ЦРВЕН КРСТ на Град Скопје. Развивање на емпатија, сочувство, дефиниција и суштина на менталното здравје. Од што се состои нашето ментално здравје и каков е неговиот квалитет како и фактор ризик за менталното здравје, влијанието на менталното здравје со однесувањето. Запознавање со чувство на анксиозност, покажување загриженост, нервоза или вознемиреност за нешто со неизвесен исход. Депресија. Запознавање со Серотонин-хормонот на среќа кој го регулира нашето расположение, апетит и биолошки часовник. Запознавање со Кортизол-хормонот на стресот. Стресот како главен фактор во услови на пандемија. Добро владеење со емоции на страв, тага и сочувство. Губење на чувство на припаѓање. Хуманоста во Ковид-19 криза. Решение, сонце, светлина, нова надеж.
Верица Пандилоска Гичева – претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!
Напишете коментар