Време за мир, љубов и разбирање

категорија: Информации | 0

На овој возвишен и свет ден Велигден сакам да зборувам за универзални вредности, за радоста која поттикнува верба, надеж и љубов како основа за мир и разбирање.

Во предвечерието на овој најголем Христијански празник ќе потсетам само дека суштина на христијанството е постигнување на божја љубов (латински агапе) не на материјалното. Верувам дека сите вие кои ќе го читате овој текст ќе ја потврдите мојата констатација дека големата жед кон материјалното не прави да бидеме уште понемирни и понесреќни во животот кој ни е краток.

Моќта, генерално, на православието е вистинското покајување кон господ бог и неповторување на направените грешки додека живееме, бидејќи покајувањето за секој од нас значи чистење на душата од лоши намери и дела.

Креатива: Анастасија Цикарска, дизајнер, авторизација ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2022

СИМБОЛ НА ВЕРАТА! Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, и на се видливо и невидливо; И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлина, вистински Бог од Бога вистински; роден, нестворен, единосуштен на Отецот, преку Кого се станало; Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од Небото и се вплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек; И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше и беше погребeн; И воскресна во третиот ден, според Писмото; И се вознесе на небото, и седи оддесно на Отецот; И пак ќе дојде со слава, за да им суди на живите и на мртвите, и Неговото царство не ќе има крај; И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој исходи од Отецот, Kому Му се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот, и Кој говорел преку пророците; Во една света, соборна, и апостолска Црква; Исповедам едно крштение, за простување на гревовите; Го чекам воскресението на мртвите; И животот во идниот век. АМИН

Во контекст на актуелните светски (немири) случувања би рекла дека ова е генерално целта на христијанството, а не на традиции и култури. Верувањето во бога не значи војни, стравови и убивања и се што е нечовечно. Во ова време на стравови и темнина имаме 100 причини зошто да се доближиме кон бога. Секако не бог во контекст на народните приказни на медии и сказни туку кон апсолутниот господ бог, господар на светови, создателот од прашина, земја кој со својот дух не воздигнал.

Секој од нас ја има моќта на имање на слободна волја на одлучување помеѓу доброто и злото. Слободна волја која што ни дава можност ние да одлучиме по кој пат ќе тргнеме, иако во глобалниот свет за жал не изгледа така. Во овие 3 години на асоцијален период глобална пандемија и Ковид-19 криза, војни…тешко е да генерализираме и полемизираме на оваа тема. За тоа во некоја друга прилика….

Господ бог, создавајќи го човекот од земјата, го возвишил и ни го предал (дувнал) неговиот дух во нашите битиа давајќи ни ја неговата светлост. Во овој контекст ќе ја споделам господовата молитва која е најстарата молитва, клучно богатство на Христијанството, Оче наш која Господ Исус Христос ја предал на својата црква. Од личен аспект на оваа тема би кажала само дека ни е потребна цврста ментална состојба преку која ќе го пронајдеме вистинскиот пат, и разговор со бога.

Оче наш, кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја како на небото, така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес, и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници. И не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот.

ГОСПОДОВА МОЛИТВА!

На денот на воскресение Христово, Велигден, имав чест и задоволство да присуствувам на богослужбата на Презвитер Зaхариј Панов во Sint Catharinakathedraal, Утрехт, Холандија во организација на МПЦ ОА “Св.Стефан“. Во вечерието на најголемиот Христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден, катедралата ја посетија голем број на верници, иселеници кои во празничен дух дојдоа заеднички да се помолат и да го одбележат празникот.

Sint Catharinakathedraal, Утрехт, Холандија Фото: МПЦ ОА “Св.Стефан“

Отец Захариј Панов преку прекрасната благослужба уште еднаш не потсети дека е потребен мир во душата, љубов со срцето и верба кон Бога.

По завршување на службата беа поделени црвени јајца на сите верници кои беа дел од овој свечен чин, воедно беше организирано и послужување. Сите имаа можност да си го честитаат Воскресението Христово и да се дружат помеѓу себе.

На службата присуствуваше и Бети Јачева, амбасадор во Кралството Холандија. Амбасадорка беше непосредна и достапна за разговор. Ми беше чест и задоволство да бидеме во нејзино друштво. По завршувањето на Божествената литургија, со амбасадорката и отец Захариј Панов како претставници на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје имавме можност да разговараме на теми врзани за празникот, верниците во Холандија. Верувам дека во следна прилика ќе имаме можност и со двајцата одделно да реализираме интервју.

г-ѓа Бети Јачева Амбасадор во Кралството Холандија, Презвитер Зхариј Панов Утрехт-Холандија, Верица Пандилоска Гичева, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје . Фото: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Од името на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, од името на амабасадорката во Кралството Холандија г-ѓа Бети Јачева, од името на МПЦ ОА “Свети Стефан“ и од мое лично име, на денот на овој најголем христијански празник ви посакуваме мир, љубов и разбирање.

Верица Пандилоска Гичева претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Да запаметиме дека треба да сме најпрвин добри и чесни за себе, а потоа за семејството и општеството!

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *