Почитувани следбеници, денес моето обраќање е фокусирано на нешто што не засега сите нас. Темата е хумана, а за неа ме инспирираа моменталните случувања во регионот (кризата помеѓу Косово и Србија) во однос на потенцијалната најава за мобилизацијата од страна на нашите соседи.
Во екот сме на војната помеѓу Украина и Русија и апсолутната кризата на ресурсите гас, струја, нафта.
Неодамна ја следев изјавата на претседателот на Србија, Вучиќ. Ја следев и анализирав од аспект на невербална комуникација, говорот на телото и да бидам искрена ми се запали црвена ламба, да не речам се уплашив од она што невербално го прочитав. Господинот беше јасен и вербално, бидејќи трипати повтори “ве молам“ за мир. Потенцираше и дека не е Милошевиќ, ама сега тоа нема да го елаборирам.
Од друга страна е Косово. Ја следев и анализирав и изјавата на косовскиот премиер. Ќе бидам наавистина објективна бидејќи неговиот говор на тело и гестикулации беа видно различни од оние на претседателот Вучиќ. Русија како светска велесила има своја стратегија и мораме да сме свесни како држава дека зад неа стојат и Турција, Иран и др.
Нема да ги секцирам и анализирам повеќе нивните изјави бидејќи големата слика за која денес сакам да зборуваме е прашањето “престанаа ли луѓето да се сакаат и почитуваат“?

Ментално сме истрошени, не треба војна за ова. Не отепа глобалната пандемија, Ковид-19 криза. Од друга страна границите се преполни со туристи, од немаштија нели. На прагот ни е сериозно голема криза која ќе го дестабилизира балкан регионот, целиот регион вклучувајќи ја и Босна.
Во разговор со еден професор дојдовме до заедничко сознание дека балканците се плашат од национализмот на Косово. Ако погледнеме дека во РС Македонија отприлика има 150.000 косовари, тоа е веројатно и разбирливо. Каде ќе одат ако тропне војна на врата?
Неодамна и американците слетаа на Тајван, јас како обичен човек чисто како провокација го сфатив ова.
Дел од мојата работа е сектор финансии, па во овој поглед не можам, а да не ја спомнам и кризата со финансиските пазари. Започна со отпочнувањето на војната, преку комлпетно разбирлива дестабилизација на берзите. Да не бидам негативно настроена, но светските предвидувања сугерираат дека ќе биде уште полошо за работа од Септември. Се очекува капитулација на фирми и компании, корекции на пазарните цени, огромна криза во електронски пари и сл.
Елон Маск неодамна кажа, сиромашните трошат, средната класа штедат, додека богатите инвестираат. Ова го кажа веројатно од животно искуство. Прочитав дека овој човек цели 2 години седел во една соба со кревет, 24 часа е тоа и цели 2 години. И ова не поради пандемија ако помисливте така, туку работел човекот. Во една гарсоњера 24ч на ден. А ние сега одиме во Грција на одмори бидејќи немаме пари …..
Луцифер ефект

Илуминатите го играат својот танц. Блек Вотер Blackwater и уште неколку компании ја купија пола Украина. Се влијае преку фармакологија (лекови), воена индустрија и банкарските системи кои во голем дел ја контролираат економијата. Дали масоните ја измислија демократијата за да воспостават монопол и дали ова значи дека запад е лицемерие, сарказам и лажна демократија на човекови права за кои верувам дека никогаш нема да престанеме да се бориме.
Кој ја измисли демократијата, дали се тоа масоните?

Иако важиме за борбен народ во поглед на западните структури веројатно имаме свои слабости, се плашиме јавно да говориме бидејќи нели тоа боли и е сто постотнa веројатност да не нападнат. Ќе биде како во филмовите со Чак Норис “сам против сите“.
Затоа сакам да зборуваме за хумана тема, не за војни и демократијa!
Ќе се сложите дека луѓето се бомбардираат со вид на вакви негативни чувства, деноноќно. Секој може да бомбардира со кажани зборови, да го чепне егото на другиот и оп, те мразат. Им даваш лажна надеж, некој да стане моќен и на крајот резултатот е таканаречен “луцифер ефект“.
Како народ промовираме покорување на тркалезната маса. Не е поентата само да промовираме, туку и да те прифатат и акцептираат во светот на триаголникот со око….
Се против бога
Првото нешто што ми доаѓа на памет е дали сме пацифисти и навистина мирољубиви?

Дали се луѓето против бога или не?! Дали се сите сатански ориентирани!? Можеби дел од нив несвесно, сеуште не сакам да верувам дека сите се свесно деструктивно ориентирани, ова можеби само некои совршени или високо интелигентни луѓе.
За оваа тема консултирав професор кој ќе го цитирам во својата изјава:
Сатанизмот не е декларација, тоа е полошо, начин на живеење. Сатанизмот подразбира се што е против добрина. Се што е антихумано, сатанизам се нарекува. Се што е нечовечки е сатанизам. Себичност, нарцисоидност, ароганција, игнорирање, нечувствителност, несолидарност, сето тоа е сатанизам. Суета, љубомора, изневерување, немање емоции, дрскост, љубомора.
Проф.Д-р Зендел Абедин Шехи
Ако внимателно се погледнеме себе си и сите околу нас ќе забележиме еден вид на анимално однесување: седење, јадење, спиење, физиолошки потреби.

Намалување на ниво на свест се вика анимализам.
Ако набљудуваме наоколу ќе видиме дека секој ден рестораните, кафичи, хотели, локали се преполни, луѓето “умираат“ од седење по кафеани. Ова е секаде феномен, во сите држави. Некој седи во Монако и се убива од јадење лигњи, друг во друг крај од светот јаде сирење и пие вино, хедонизам до максимум. Дали во друг дел во светот пак некој умира, да речеме во Сомалија од нејадење? Ова на никој баш многу и не му е гајле, не им значи ништо тоа.
Во светот има околу 800 милиони невработени. Капиталниот свет на илуминатите нив ги гледаат како колатерална штета. Не сакам да кажам, но изгледа како да се прави се за да ги уништат.
Кој е таргетот на светот?

Дали сме пренаселени како планета земја. Научни студии покажуваат дека ова е сурова вистина. Од тука веројатно доаѓа и одговорот на ова прашање. Таргет е светот да постои со 500 милиони луѓе каде што тие (горе споменатите) ќе одлучат кои највисоки категории на луѓе треба да живеат. Во превод би значело дека 6,5 милијарди луѓе треба да бидат уништени. Вакво нешто е нехумано ни да се помисли, ќе се сложите нели!?
Дали e оваа есенција на масонството “new order” !? Создавање на мајмунски вирус, има научни декларации во релеванти магазини од 1970 година. Ковид од 1960 година и не знам уште веќе што, ако земеме детално да истражуваме. Во прва светска војна луѓето се убиваа со бојни отрови и беа со гас маски, не беа се вируси, бојни отрови.
Ако се вратиме наназад на немилите настани во Треблинка, Аушвиц и Баден Баден? Гас, цијанид. Оттука доаѓа прашањето дали за 6 милијарди луѓе ќе се измисли цијанид гас? Не можеме да патуваме без 3 доза бустер, сега 4та и така натаму.
Неодамна прочитав некоја статија каде во Норвешка почнаа луѓето да се контролираат со чипови ставени на рака. Апсолутна контрола на цела популација. Во секој домен, давање на сигнал каде сме, што сме, каде се движиме, дали сме во авион, воз, автобус или автомобил итн.
Дали системот на безготовински развиени општества каде нема никакви кеш плаќања и се е регулирано со персонализирани картички ќе не доведе до оваа незавидна ситуација!?
Во историјата постојат податоци дека пред многу години се убија луѓе со боеви отрови. Починаа 50 милиони луѓе и наеднаш исчезнаа сите вируси. Одеднаш, како ништо да не се случило. Само момент да бидам саркастична, можеби ги избрка Путин, одеднаш?
Верувам дека за овие размислувања нема да ги сфати никој при срце, па нели тоа е моќта на демократија да си кажеме што си имаме. И да, сарказмот е знак на интелигенција.
Дали луѓето ќе се сакаат и почитуваат?

Целата концепција на тој “new order” е да нема сакање и почитување. Ова дури ми се чини дека успешно го направија бидејќи гледаме и факт е дека се помалку постои. Ќе станеме ли комплетно да речам независни и електронизирани, па и ќе се репродуцираме веќе без емоции и физички контакти. Оваа IVF метода точно дека се користи многу одамна како можност за репродукција, но прашањето кое полека и сигурно се наметнува е дали оваа метода на вонтелесна репродукција ќе стане единствен извор на раѓање на нов живот. Ќе бидеме ли сите “кинески копии“ произведени во некоја врвна лабораторија.
Ќе ни биде ли дозволена емоција и емоционална интелигенција?

Дали инекциите кои ни се даваат со законот од владите ќе ни ја сопрат или не дај боже пореметат сите видови на човечки емоции. Ако тргнеме дека нашиот мозок (кортекс) функционира со хемиски реакции, тогаш ова би значело пореметување на сите наши видови на емоции кои се еден дел на хормони во мозокот кој просто кажано фунционира со хемиски реакции. Дали е целта да ги немаме овие човечки реакции?
Современата војна технологија во одредени земји поседува лаборатории каде преку магнетни зраци, бранови (кои не можеме ни да ги видиме) и се делува на мозокот на одредени фреквенции со цел програмирање на чувствата на цела маса на луѓе. За овој потег се потребни кристални маси за да се делува, а за да ова се оствари потребни се луѓе, кои преку инјекции, чипирање или како ли уште може ова да се нарече е возможно. 1970 година француската ложа јавно изрази што планира понатаму. И денес сме сведоци на се што е кажано дека е и реализирано.
Ако се навратиме наназад во минатото луѓето биле поедноставни (не би сакала да го употребам изразот прости) ама и тогаш биле безбожни, уште пред 2000 години. Во овој контекст прикладно е да цитираме поглавје за 2 Тимотеј 3:1 како дел од библијата.

А ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња, зашто луѓето ќе бидат саможиви, среброљупци, самофалци, горделиви, хулители; непокорни на родителите, неблагодарни, несвети; без природна љубов, непомирливи, клеветници, невоздржани, жестоки, непријатели на доброто, предавници, избувливи, надуени, повеќе сластољубиви, а не богољубиви, кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила; отстранувај се и од нив! Зашто од нив се оние кои се вовлекуваат во куќите и ги измамуваат простите жени натоварени со гревови, кои се водени од различни страсти, кои учат секогаш, а никогаш не можат да дојдат до познавањето на вистината. И како што Јаниј и Јамвриј му се спротивија на Мојсеј, така и овие и се противат на вистината, луѓе со изопачен ум, отфрлени во обѕир на верата. Но нема да напредуваат веќе, зашто нивното безумие ќе се открие пред сите, како што се откри и на оние двајца. А ти го следеше моето учење, начинот на живеење, замислата, верата, долготрпението, љубовта, трпението, гонењата, страдањата што ми се случија во Антиохија, Иконија и Листра. Какви гонења претрпев, и Господ ме избави од сите! А и сите кои сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети, додека злите луѓе и измамниците ќе напредуваат во злото, измамувајќи и бивајќи измамени. А ти остани во она што си го научил и во што си убеден, зашто знаеш од кого си го научил и зашто од детството ги познаваш Светите Писма, кои можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса. Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело.
2 Тимотеј 3 Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands
Дали луѓето престанаа да се сакаат и почитуваат?
Да зборуваме духовно, не политички. Дали сите ние мораме да завземеме страна? Дали ќе бидеме бедно (читај пробугарски) ориентирани?
Како и да е, се рушат човековите вредности и се врши дискриминација на човековите права.
Дали ќе го изгубиме разумот?
Интелигенцијата се вели дека е производ на ѓаволот. Ѓаволот бил најповерливиот ангел на бога кој бил поуспешен од сите ангели. Доминирал над сите ангели.
Одеднаш му пораснало егото и ја кажал својата вистина, каде се спротиставил на бога и кажал:
Како јас да клекнам на едно суштество кое ќе прави колеж во светот и е створен од земја а јас сум од светло? Разбравте нели…Тој, ѓаволот, беше прогонет од рајот само поради еден кажан збор. На бога му кажал “немој да ме уништиш, ќе те замолам да ме оставиш жив, до крај на светот за да ти докажам дека твоите луѓе што ги сакаш, ќе ги обманам да бидат против тебе“.
Разговор помеѓу Господ Бог и Луцифер
Затоа интелигенцијата не е доволна. Интелигенцијата е нешто што има во себе и зло додека духовност е нешто сосема друго.
Е сега како да гаиме духовност и духовни работи ако зависиме од материјализам? Ова не кочи, не не пушта да одиме на друга страна кај што ни е потребно да се развиваме.
ISBN 978-608-4880-10-3 издавач, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!
Напишете коментар