Доделени сертификати на учениците од СУГС “Владо Тасевски“-Скопје, учесници на обуките за кариерен развој

Денес, 20 Септември 2021 година беа доделени сертификатите на младите учесници во проектот Самодоверба, комуникација, мотивација жители и ученици на Општина Аеродром.

На локација СУГС “Владо Тасевски“ ЕУ ИНСТИТУТ Скопје свечено ги додели сертификатите за учество на млади учесници во проектот, на возраст од 16 до 29 години кои беа дел од втората група на учесници во проектот Самодоверба, комуникација, мотивација.

40 (четириесет) млади лица од СУГС “Владо Тасевски“ , средношколци во четврта година денес ги добија сертификатите за успешно завршени едукации за кариерен развој.

Ова се дел од учесниците, млади луѓе кои живеат и учат на територија на Општина Аеродром и беа дел од проектот Самодоверба, комуникација мотивација кој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје го реализираше под покровителство на општината.

На свеченото доделување најпрвин се обрати претседателот на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, воедно и еден од предавачите на модулите за кариерен развој, Верица Пандилоска Гичева.

Верица Пандилоска Гичева – претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Верувам дека проектот Самодоверба, комуникација, мотивација ќе придонесе кон клучни и долготрајни промени на проблемите кои ги има младината, како што се недостиг на финансиски средства потребни за дополнително усовршување. Важноста на овој проект се состои во социјалната интеграција на младите. Овој дообразовен процес е една од примарните цели на здружението.

Во изминативе 5 месеци ЕУ ИНСТИТУТ Скопје превзеде сериозно одговорна задача. Преку спојување на неформално образование во склоп на формалното образование, веруваме дека успеавме да направиме чекор напред во зајакнување на капацитетите на сите учесници кои беа дел од проектните активности.

Ги опфативме ранливите категории на млади кои живеат и учат на територија на општината и сите останати млади од 16-29 годишна возраст кои изразија желба да научат повеќе за меките вештини потребни за личен кариерен развој.

Верица Пандилоска Гичева – претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

На денешниот свечен чин, на учениците учесници во проектот и на гостите им се обрати и директорот на СУГС “Владо Тасевски“, Александар Сибиновски.

Александар Сибиновски – директор на СУГС “Владо Тасевски“-Скопје

Обуките за  „Комуникациски вештини“ на  ЕУ ИИНСТИТУТ Скопје, поддржани од Општина Аеродром и оваа учебна година  беа успешно реализирани со ученици од четврта година од нашето училиште.  

Искрено се надевам дека oваа  плодна соработка со Здружението за образовно истражувачка дејност ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и општина Аеродром ќе продолжи и во иднина. Како образовна институција, нам ни е особено важно да ги подготвиме нашите ученици за квалитетен и успешен живот. Живееме во време на комуникации, време кога секој од нас треба да  ја има вистинската информација и да знае како да оствари комуникација со оние на кои таа информација им е важна и потребна. Основен предуслов за успех во животот е познавањето на комуникациските вештини.

Посебна благодарност упатувам до предавачите  Верица Пандиловска Гичева и Звонко Гичев  кои со нашите ученици несебично ги споделија своето знаење и искуство во областа на комуникациските вештини.

Александар Сибиновски – директор на СУГС “Владо Тасевски“

На свеченото доделување беше присутен претставник од општината, Весна Марковска – координатор за еднакви можности на мажите и жените во Општина Аеродром која во име на општината ги поздрави младите учесници.

Весна Марковска – координатор за еднакви можности на мажите и жените во Општина Аеродром

Координатор на младите аеродромци кои учат во СУГС “Владо Тасевски“ и оваа година беше педагогот, Александра Цветановска.

Александра Цветановска – педагог во СУГС “Владо Тасевски“ – Скопје, координатор за учениците од уќчилиштето

Покрај формалното образование, нашето училиште многу посветува и на неформалното образование на нашите ученици. Крајна цел ни е да ги подготвиме нашите ученици за животот и иднината која им претстои. Помагаме и даваме поддршка младите луѓе да станат сестрани личности кои ќе бидат флексибилни, прилагодливи, ќе ги прифаќаат предизвиците во животот и успешно ќе се справуваат со различните животни ситуации.

Комуникацијата е неизбежен и секојдневен дел од нашиот живот. Подготвувајќи ги учениците за понатамошен живот многу треба да посветуваме на  едукација и развој на соодветни комуникациски вештини кај учениците, доколку сакаме нашите ученици да бидат успешни.

Сметам дека само доколку младите луѓе имаат развиено комуникациски вештини, критичко мислење, креативност и кооперативност успешно можат да функционираат во секојдневното семејно, социјално и професионално живеење.

Токму затоа од непроценлива вредност и значење  беа реализираните обуки на тема  „Комуникациски вештини“ кои Здружението за образовно-истражувачка дејност ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ги реализираше со нашите ученици од четврта година.

Особена благодарност до г-ѓа Верица Пандилоска Гичева и г-н Звонко Гичев за успешно реализираните обуки.

Александар Цветановска – педагог во СУГС “Владо Тасевски

Ова не е прва соработка на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје со СУГС “Владо Тасевски“-Скопје. Имено 2019 година меѓусебната соработка на училиштето и здружението започна со реализирање на проектот Комуникациски вештини 2019 кој го поддржа Град Скопје како проект.

Проект: Комуникациски вештини 2019 – СУГС “Владо Тасевски“-Скопје, предавач: Звонко Гичев – ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *