Доделени сертификати на учениците учесници на обуките за кариерен развој од СУГС “Марија Кири Склодовска“

Справување со актиуелниот предизик кој го има секој млад човек и унапредување на комуникациските вештини оваа година се во фокусот на Здружението за образовно истражувачка дејност ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Во соработка со Општина Аеродором 2021 година заеднички ја посветивме на едукација, промоција и градење на капацитетите на средношколците, студенти имладинци ( 16-29 години ) кои живеат и учат на територија на општината.

Учениците во СУГС “Марија Кири Склодовска“ учесници во проектот Самодоверба, комуникација мотивација денеска свечено ги добија сертификатите за успешно завршени едукациите за кариерен развој.

На локација “Паркот на светлината“ во општина Аеродором, свечено беа врачени сертификатите на осумдесет и два ( 82 ) средношколци во четврта година средно образование кои присуствуваа на едукациите за кариерен развој кои ги реализираше ЕУ ИНСТИТУТ Скопје во соработка со општината.

Верица Пандилоска Гичева- претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, РСМ

Ова е прва соработка на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје со хемиското средно стручно училиште. Пријатно сум изненадена од ученици учесници како и од професорот Александар Алесковски, координатор на младите средношколци од четврта гонина во училиштето на овој проект.

Кариерниот развој преку неформално образование е еден од приоритетите на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, особено кога се работи за млади луѓе од 16-29 годишна возраст на кој им е потребено зајакнување на капацитетите за личен раст и развој со цел полесно вработување.

Верица Пандиловска Гичева – претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
Весна Марковска – координатор за еднакви можности на мажите и жените во Општина Аеродром

Општината ова година се посвети и инвестираше во активности за младите кои се од особено значење за понатамошниот развој.

Весна Марковска – координатор за еднакви можности на мажите и жените во Општина Аеродром

Ова е прв проект кој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје го сработи со поддршка на општината се со цел инвестирање во неформално образование кое е еден од клучните фактори за зајакнување на капацитетие на младите лица кои живеат на територија на општина Аеродором.

Координатор на младите средношколци од хемиското училиште беше проферој Александар Алесковски кој со особена позитивна енегргија ги организираше учесниците.

Професор Александар Алексовски – СУГС “Марија Кири Склодовска“ – Скопје, РСМ

Наставникот директно ги гледа потребите од различни вештини и знаења кај своите ученици. Понекогаш успева да им обрне внимание, да им помогне во совладување на истите, но понекогаш е потребен пристап и активности на организации од неформалниот сектор. 

ЕУ Институт е докажан партнер на младите луѓе, во многу сфери на нивното живеење. И овој пат, точно ги таргетираше горливите теми за секој средношколец и младинец во Проектот: „Самодоверба, комуникација, мотивација“ во кој учество земаа неколку десетици мои ученици. 

Морам да го истакнам начинот на кој предавачите Верица Пандиловска и Звонко Гичев им пристапија на младинците и преку едноставна, лесна и пријателска атмосфера, им помогнаа во афирмацијата и усовршувањето на меките вештини. Веќе се нетрпение очекувам следна соработка!

Проф.Александар Алексовски – СУГС “Марија Кири Склодовска”-Скопје
Општина Аеродром

Особено задоволство ми беше да присуствувам на овие предавања бидејќи
сметам дека комуникациските вештини се мошне значајни во изградувањето
на нас младите луѓе во зрели личности.Тие се неопходни за успешна
конверзација меѓу луѓето,искажувањето на сопствените ставови поврзани со
разни прашања и нивно споделување преку социјалните мрежи или во
непосреден контакт.Сознанијата од овие предавања верувам дека ќе ми
користат во понатамошното мое школување.

Ана Марија Елена Давидова – Ученик, СУГС “Марија Кири Склодовска”-Скопје
Општина Аеродром

На завршниот ивент гостин, воедно и предавач беше претседателот на Европскиот Институт за менаџмент, право и дипломатија Проф. Д-р Зендел Абедин Шехи кој одржа кратко предавање за самодовербата на младите.

Проф.Д-р Зендел Абедин Шехи – Претседател на Еврпски институт за менаџмент, право и дипломатија – Скопје, РСМ

На настанот беше присутен и гостин од Министерството за образование ( сектор високо образование ) на РСМ, Проф. Д-р Исмаил Алии кој е поддржувач на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Младите присутни учесници ги поттикна со прикладен говор за нивната иднина но и важноста за секој еден од нив да успешно го реализира своето високо образование.

Правото на работа едно од основните човеков права, а правото на инклузија и на вработување за сите е ставено високо а гендата на Обединетите нации.

Проф.Д-р Исмаил Алии – МОН

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *