Единство на дијаспората во Холандија: Празник на Независноста на Македонија во срцето на Европа

Секој празник нè потсетува на важни моменти од нашата историја и го одбележува обновувањето на националниот дух. Празникот на 8ми Септември, Денот на Независноста на Република Северна Македонија, е еден од тие денови што ги одбележуваме со гордост и ентузијазам.

По повод празникот, Нејзината Екселенција г-ѓа Бети Јачева, Амбасадор на Република Северна Македонија во Крлаството Холандија, во македонската амбасада во Ден Хаг организираше свечен примем во чест на овој значаен ден. На приемот, таа го истакна значењето на Денот на Независност и како тој се означува како посебно значаен и важен ден за македонскиот народ.

Фото: Амбасада на РСМ во Кралството Холандија – Ден Хаг 2023

Празникот на Независноста е време кога како македонци се обединуваме и го прославуваме нашиот народ и држава. Неговата важност и значење немаат граници, бидејќи тоа не е само ден на државата, туку и ден на единство, солидарност и градење на подобра иднина.

Бети Јачева – Амбасадор на Република Северна Македонија
Фото: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023 – Ден Хаг, Амбасада на РСМ во Кралството Холандија

Ова веќе е втора година по ред како амбасадорката одржува ваков прием во чест на македонската дијаспора во Кралството Холандија.

На приемот присуствуваа македонци интелектуалци од различни сфери и дејности како бизнис, економија, медицина, технологија и останато кои живеат и работат во Холандија. Ова покажува дека дијаспората се соединува со заедничка цел и интерес на сите македонци низ светот.

Фото: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – Амбасада на РСМ во Кралството Холандија, Ден Хаг

Во овие времиња на живеење, единството, мирот и вредностите како почитување на традицијата и заедништвото стануваат основа за наше заедничко негување на македонскиот национален идентитет. На овој Празник на Независноста на Македонија, како претседател и основач на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, имав честа да бидам дел од оваа важна свеченост и да го поддржаме единството и заедничките вредности што ги делиме како македонски граѓани. Празникот на Независноста е повеќе од само ден во нашиот календар. Тој е светло на нашата историја и иднина. Тој нè потсетува дека сме суверена и независна држава, со свои права и одговорности.

Пандилоска Гичева – Претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
Фото: Амбасада на РСМ во Кралството Холандија, Ден Хаг

Во својот прикладен говор, амбасадроката уште еднаш нè потсети на значењето на националниот јазик, културата и идентитетот, како и на потребата за зачувување на овие вредности.

На свеченоста присуствуваа и сите вработени во амбасадата, вклучувајќи го и заменикот на амбасадорот Есад Велиу, конзулот Биљана Владичева и целиот тим на вработени во амабасадата кој дадоја свој придонес.

Фото: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – Ден Хаг Амбасада на РСМ во Кралството Холандија

Оваа свеченост во Амбасадата на Република Северна Македонија во Ден Хаг е уште еден знак на силниот дух и јавен интерес во нашата дијаспора.

Нека Денот на Независноста биде прилика за сите нас да го почувствуваме и одбележиме 8ми Септември со гордост и почит, а и да се подсетиме на важноста на нашата сувереност и слобода.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *