Домашното и родово базирано насилство е широко распространета причина за загриженост низ целата област на Западен Балкан. Заштитата на човекови права како и борбата против семејното и родово насилство продолжуваат да бидат основа за социјална трансформација.
Изгледите за интеграција во Европската Унија се главниот поттик за позитивна промена на сите земји на западниот балкан. Секоја земја одделно се наоѓа во различна фаза на демократизација и процесот на пристапување во ЕУ.
Македонија е земја со кревка демократија која се соочува со бројни предизвици, меѓу кои и борбата против семејното и родово базирано насилство.
Поттикнати од оваа општествена појава во следниот период ЕУ ИНСТИТУТ Скопје како организација ќе работи на едукативни активности насочени кон превенција (насочување кон младите, наставниците, професорите и друг образовен кадар кој е дел од граѓанскиот сектор) на територија на Општина АЕРОДРОМ, Скопје, РС Македонија. Во соработка со општината изработивме стратегија која се однесува на оваа меѓучовечка појава. Со овој проект ќе бидат опфатени воспитно образовните установи во општината како и самата општина. Заеднички ќе изградиме цврста основа за подигање на свеста на граѓаните за човекови права, женски права и родова еднаквост.
Верица Пандилоска Гичева – Претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
Со таа цел започнаа и потпишувањата на меморандуми со основните училишта кои се наоѓаат на територија на општината, а ќе бидат вклучени во проектот. Денес заедно со претставник од општината, Весна Марковска – Советник и координатор за еднакви можности меѓу мажите и жените бевме гости во ООУ “Ѓорѓија Пулевски“ каде со директорот Марјан Јовановски разговаравме на оваа актуелна тема.
ЕУ ИНСТИТУТ Скопје во соработка со општина Аеродром ќе воспостави нови механизми за препознавање на овие општествени појави, како и стратешки пристап при случаи на родово базирано насилство на локално ниво.
Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!
Напишете коментар