ЕУ ИНСТИТУТ Скопје на регионален саем за вработување на млади

Еден од најголемите предизвици на секој млад човек кој штотуку го завршил своето формално образование е да се интегрира на пазарот на труд и да ја најде својата работа од соништата. Секој еден од нас во одредено време од животот се соочува со овој предизвик (особено оние кои сега бараат работа).

Лично ги поздравувам сите оние кои не се плашат од предизвици и кои сакаат да најдат вработување по свој крој и мерка. Навивам и ги поддржувам и сите оние кои мислат дека сегашното вработување треба да го сменат со нешто подобро, поквалитетно, креативно, по-исплатливо и поинакво од она кое што го работат досега.

Доколку не соберете храброст и пробате да најдете нешто подобро за себе, никогаш нема да знаете дали ќе успеете или не. Не се плашете од предизвици. Тоа од нас, односно вас зависи колку сте спремни да одговорите на предизвиците кои ни ги носи животот.

Тргнувајќи од фактот дека секој еден од нас се нашол во костец со тој предизвик, некако логично се поставува прашањето “па дали оваа работа е за мене или не“, милион прашања, но сам еден одговор на нив е вистински.

Нема да знаете ако не пробате, но не да пробате само колку за да си кажете сами на себе дека ете отидов на некои обуки, информативни разговори и слично. Почнав да работам ама тешко ми изгледа ова, не учев за ова и безброј други изговори кои ќе си ги кажете сами на себе за да се убедите дека треба да се откажете. Да, најлесно е да се откажеме, но ја ќе ја извртам приказната од другата страна и ќе прашам “до кога ќе се откажувате“?

Важно е да се потрудите вистински за работата која ви се предлага како таква и доколку навистина имате намера да дадете на себе си шанса да успеете во нешто ново, нова професија во која за да успеете ќе треба да се потрудите и која утре ќе ви ги плаќа дома сметките за струја, ќе ви го полни фрижидерот или од која ќе си дозволите се што ви е потребно или неопходно за сопствениот комодитет и живот.

За секој успех во нашите животи потребно е да се потрудиме и дадеме дополнителен ефорт за да излеземе од комфорната зона, и комодитетот на секојдневната рутина. Само од нас зависи дали утре ќе бидеме поуспешни од денеска или не. Никого за сопствениот успех или неуспех не можеме да окривуваме. Ниту времето, ниту државата, ниту политика ама баш никого. Зошто? Затоа што живееме во општествено уредување каде секој е потребно да си грижи за себе, државата е тука за да направи ред и мир, да наплати даноци….а за се останато мораме да се погрижиме самите ние. Кратко кажано, што побрзо сфатиме дека самите сме си одговорни за сопствените животи и како тие ќе изгледаат, ќе ни биде многу полесно.

Кога ќе дојдеме ментално во стадиум кога сме свесни за ова за кое сега зборувам, тогаш се ќе ни биде полесно.

Пред некој ден читав дека младите во Европа се осамостојуваат најдоцна на свои 19 години, почнуваат да се грижат сами за себе и својата иднина. Во исто време учат и дополнително на тоа одат како практиканти во одредени фирми и компании на тој начин издржувајќи се себе си, а воедно и градејќи искуство и работни навики.

Во нашата земја од она што можев да го пронајдам како информација е дека над 50 % од младите се осамостојуваат дури после 30тата година од животот. Ова баш и не е за некоја пофалба, ќе се сложите нели?!

Што ни е потребно за успех?

Не би сакала многу да филозофирам но некако неминовно ми се наметна потребата да го споменам Исак Њутн кој многу одамна зборуваше за својот трет закон. Да не звучи ова збунувачки, ќе поедноставам. АКЦИЈА=МОТИВАЦИЈА и секако никој сам ништо не може. Секогаш е потребно да имаме поддршка, тренер или ментор кој ќе не воведе и упати понатаму.

Ова е суштината на успехот на работењето на секој еден од сите седум милијарди луѓе на планета земја, без оглед на тоа за која професија се работи.

Регионален саем за вработување на млади

Младите, кариерен развој и поддршка при вработување е еден од главните приоритети на Здружението за образовно истражувачки развој “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“.

По тој повод вчера бевме учесници на Регионален саем за вработување во кој фокусот беа млади (16-29), кој се одржа во Александар Палас, а беше во организација на МЛАДИ ХАБ- градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите”.

Во рамките на овој саем ЕУ ИНСТИТУТ Скопје како ГО имаше сопствен штанд и ја претстави својата работа на посетителите на саемот, млади баратели на работа. На штандот, сите оние кои не посетија имаа можност да подигнат промотивни материјали кои се однесуваа на нас како здружение со информации за нашата работа.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – сопствен штанд на регионален саем за млади, А. Палас-Скопје РСМ

Во вториот дел од саемот преку speed date во краток временски период, фокусирано ги запознавме младите лица кои имаа интерес за нашата работа.

speed date

Во третиот дел од активностите на саемот наречен Youth booth изолирано ги реализиравме интервјуата со потенцијалните баратели на работа каде што детално ги објаснивме техничките детали и отворени можности за работа и заработка.

Youth booth-1:1

Како ние можеме да ви помогнеме да ја пронајдете својата идна професија која ќе ви причинува задоволство и од истата ќе можете да заработувате и живеете

Во рамките на нашето работење нудиме едукации и тренинзи на млади за:

  • Кариерен развој
  • Комуникациски вештини
  • Финансиска едукација во соработка со “КФЦ“

Доколку сте заинтересирани да научите, работите и заработите тогаш контактирајте не на: info@euinstitute.eu
Ќе ви помогнеме во креирање на вашата идна професија.

Од името на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје им благодариме на сите млади лица кои го посетија нашиот штанд. Сите заинтересирани ќе бидат контактирани во текот на оваа работна недела. На сите ќе им дадеме можност пред се за зајакнување на личните капацитети при барање на работа како и можност за хонорарно (постојано) вработување и заработка во гореспоменатите дејности кои ги нудиме како можност.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *