Универзална порака
Секој од нас во текот на животот сака да почувствува нешто ново, фасцинантно. Без оглед на тоа дали се работи за искуство со луѓе или пак за нешто многу поинакво, возбуда, адреналин од изненадување и откривање на ново искуство, еден вид мотивација за која денеска ќе зборувам, пишувам.
Денес луѓето имаат тензии, напнати се од немири, сопствени проблеми. Во тој контекст овoј исечок од публикација МОТИВАЦИЈА би сакала да послужи како еден вид на мотивациска порака.
Господ Бог рeкол: “Јас нема да го менувам еден народ додека тој народ не се промени себе си, бидејќи на човекот му е дадена насока по кој пат ќе оди. По добар или лош. Човечноста одлучива, слободна волја дадена од бога. Дали ќе одиме кон пеколот или рајот, тоа ни е дадено од бога. Ова е слободна волја на одлучување.“
Кажување на Господ Бог, поглавје од Куранот
Сите ние имаме различни животни искуства кои сме ги стекнале со текот на годините. Добри, лоши, разновидни кои во суштина не направиле да бидеме она што сме денес. Да бидеме добри или помалку добри луѓе. Секој од нас се менува со текот на годините, но би рекла дека животот е навистина краток и многу е важно да создадеме услови за да секој од нас биде најдобра верзија од себе. Затоа би препорачала да се потрудиме за сопствениот квалитет на живот да го направиме подобар и онаков каков што имаме визија дека тој треба да биде.
И како што сите знаеме, нема идеално ништо, ниту пак совршено. Затоа пак секој од нас има своја специфика, убавина која што треба сам да си ја препознае.
Многу одамна од еден човек со кој што години соработував научив дека треба да знам што не сакам за да можам да се фокусирам на она што го сакам, што ме исполнува, а притоа да може да ги реализирам личните економски побарувања, народски кажано да можам да живеам од тоа што го работам. Добитната комбинација е кога тоа што го работиш ти е животна желба, љубов и воедно можеш да живееш од него. Некако тоа беше мојот лајт мотив низ годините кои следеа па во тој контест сакав да го споделам како корисен совет кој верувам дека ќе ви помогне.
Ако сами не се измениме, господ нема да не измени никогаш бидејќи на сите нас ни е дадена шанса и можност да се промениме.
Интелигенција

Интелигентните луѓе не значат само знаење, туку и карактер.
Карактерот се гради со години, до последен здив, перцепција, развој на интуиција, промена, просветление.
Низ годините во животот научив дека карактерот е брод, а интелегенцијата кормило. Како ги усмеруваш, према тој пат одат.
Сопствениот потенцијал се гради и шири, не е нешто што го поседуваме и држиме. Ако не е така, во тој случај потенцијалот полека умира во нас некаде. Некои луѓе велат дека сите ние еволуираме. Би рекла дека еволуција е процес од милиони години, не е од субјективна туку од космичка природа.
Кај луѓето не постои лична еволуција туку ментална перцепција. Планетата се менува милиони и милиони години. Не селектира кој да евоуира, а кој не. Тоа е процес на илјадници години создавање и промена.
Кога станува збор за луѓето ќе речам дека мозокот на човекот е една голема мапа, како мапа на универзумот и чека милијарди години како да се надгради и да поседува поголеми способности.
Личен итерес

Личен интерес е егоистичен, себичен, асоцира на нешто што е конзервативно.
Работејќи долги години во сектор продажба (сеуште работам во истиот) имав можност да запознам голем број на луѓе кои беа и сеуште се гладни за личен интерес. И тоа е еден вид човечка особина произлезена од некаков вид на потреба, во случајов материјална, финансиска.
Се користат Макијавелистички средства па макар и газење по други луѓе. Тоа не е човечки. Но, како што рекол Макијавели, “целта ги оправдува средствата“.
Да резимираме, од мое искуство, лично покајание не можат да доживеат нечуствителни луѓе . Зошто? Бидејќи совеста е механизам кој ги разликува луѓето од животните.
Во однос на сопствен идентитет, личниот интерес се користи за опстанок за работни цели и професии. Поголема плата, поголеми можности, поголема кариера. Колку луѓе поседуваат такви можности денес!? Колку милијарди лица има во светот кои работат работа која не ја сакаат!? Не дека немаат подобра опција, туку дека немаат храброст да посакаат. Не бараат доволно за да ја постигнат својата цел.
Тешко е да се создаде доверба. Што во превод би значело, тешко е да се создадат луѓе (истомисленици) кои всушност значат создавање доверба. Довербата е нешто што ни е потребно. Потребна ни е доверба на луѓето околу нас. Тие не држат за да опстанеме. Кога пропаѓаме имаме мал број на луѓе кои ја немаат нашата доверба, затоа пропаѓаме. Довербата создава капитал. А човекот е најголемиот капитал.
Постојат многу комерцијални, маркетиншки примери на оваа тема но сега нема да зборувам за нив. Сведено кажано во две реченици би изгледало вака. Перцепцијата создадена од реклама дава инпут за промовирање на сигурност која некој извесен ја промовира и нуди како таква. Се плаќа маркетинг за име. Наше е дали ќе веруваме во име или во содржина.
Искушенија

Искушенијата на луѓето се како матурски испити при завршување на средно образование. Не чекаат на крајот, а не знаеме кој се прашањата ќе бидат содржани на тестот, не знаеме. Треба да бидеме спремни, да учиме од животот, не како теорија во живот, туку како пракса. Неопходно е да бидеме спремни за да ги прифатиме сите удари кои животот ни ги создава . Ќе биде болно, ќе ги кривиме другите, себе си, бога и ќе најдеме 1000 причини да сме (не)успешни.
Искушенија се ситуации со кои треба да се соочуваме за да најдеме начини и да бидеме спремни (тие испити) искушенија, да ги надминеме. Да не се предадеме и дадеме отпор на се што ќе доживееме во животот, иако е краток. Се со цел за да се поправиме.
Искушенијата имаат различни видови на удари што ги создаваат. Зависи дали се психички или физички форми. Искушенија како војни, масовни убиства, терор, експлозии, поплави, немири….во која физичка форма не знаеме ќе не снајдат.
Искушение значи и комодитет на живеење и паѓање во економска беда. Зависи какво искушение ќе доживееме во животот.
Кога започнуваат нашите лични искушенија?
Треба да научиме да се покоруваме за да сме успешни и добри. Не само кога не боли заб или друг дел од тело.
Нашето искушение почнува од момент кога се раѓаме и ќе трае сигурно до моментот кога ќе умреме. Тоа значи ќе поминеме низ различни духовни и физички форми. Човековата природа е таква. За полесно и безболно да ги помине искушенијата, често знаеме да побараме од бога да оствари цел како да е “балтазар“ (или конобар) па бараме да исполни нешто, некое очекување.
Промената на свеста, мајката природа ја прави преку еволуцијата и се нарекува катарза или просветление.
Верувам дека ви дадов барем една причина за размислување.
Сите мои размислувања на тема мотивација, сопствен идентитет, кариера, личен интерес и други останати теми се дел од монограмска публикација МОТИВАЦИЈА ISBN 978-608-4880-10-3 издавач, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје .
Во овој контекст како лично искуство (минат труд) кој верувам ќе ви користи во животот ја препорачувам НВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА како почетна точка за работа на себе.
До тогаш ве оставам со добра мисла и добро здравје.
Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!
Напишете коментар