Завршна манифестација за проект “КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ 2023“ ОГБ

Со задоволство споделуваме важни моменти од завршната манифестација на нашиот проект “КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ 2023”, која се одржа на 21 Септември во сала за седници на Совет на Општина Гази Баба, Скопје. Ова беше специјална прилика каде учесниците од проектот, вклучувајќи ги негувателките, воспитувачките и стручните служби во Јавните Установи за Деца – детски градинки на општината, ги добија своите заслужени сертификати.

Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

Свеченоста започна со зборовите на Филип Петковски, жител на Општина Гази Баба, кој е и Тим Лидер и главен координатор на младите во “U4FUTURE” на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Потоа, на присутните учесници се обрати Амра Ејуп, жител на Општина Гази Баба и студент по медицина, која е дел од клубот на млади “U4FUTURE” на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Нивните претставувања официјално ги најавија предавањата и започнување на свеченоста.

Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

Потоа на присутните учеснички се обрати претседателот на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, Верица Пандилоска Гичева, воедно и предавач во проектните активности, го претстави проектот и активностите, и го истакна значењето на комуникациските вештини во системот на предучилишно воспитание и образование.

Во својата изјава, таа се фокусираше на клучните аспекти за квалитетна комуникација, како и на исклучителната важност на комуникацискиот триаголник меѓу родителите, децата и воспитувачите/негувателите.

Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

Со гордост и преданост, ја објавувам мојата силна ангажираност и посветеност кон вложувањето во човечките ресурси како најважен дел од образованието и воспитанието на децата во предучилишната возраст. Верувам дека инвестирањето во човечките капитал, во обучување, комуникација и развој на емоционалната интелигенција е клучна состојка за креирање на квалитетен и траен ефект во формирањето на нашите деца како будни и одговорни граѓани на утрешницата.

Оваа манифестација беше момент на споделување знаења и учење, каде што предавањата како и активностите на сите присутни го збогатија нашиот проект. Сертификатите кои ги доделивме на учесниците ги потврдуваат нивните усвоени знаења и постапки, и сме сигурни дека тие ќе продолжат да ги користат во својата професионална пракса, придонесувајќи кон подобро предучилишно воспитание и образование во општината (ОГБ). Им честитаме на сите учесници и благодариме за нивната заинтересираност.

Во 2024 година, продолжуваме со нова енергија и ангажмани во вложувањето во човечки капитал и оваа значајна област во сферата на труд и социјална политика. Истражуваме и внесуваме нови техники и иновации во начините на учење и воспитание, прифаќајќи ги современите предизвици кои ни ги носи 21-виот век. Со разбирање на значењето на комуникација, емоционална интелигенција и континуирано учење, целта ни е да ги подготвиме нашите стручни служби, воспитувачки и негувателки да бидат најдобрите верзии од себе во својата област.

Ја користам оваа прилика за да изразам благодарност кон Општина Гази Баба, која ја поддржува нашата иницијатива. Нивната поддршка значи многу за нас и ни дава сила и можност да го зголемиме влијанието на нашите програми и обуките на кадарот во државните детски градинки и нашите деца. Нашата цел е да ги зајакнеме личните и колективните капацитети на стручните служби, воспитувачките и негувателки, да ги инспирираме и зајакнеме со средства и вештини за подобрување на образованието и воспитанието во нашата заедница, општеството.

На успешно завршената манифестација на проектот “КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ 2023”, чувствувам потреба да изразам благодарност на сите учесници кои ја споделија својата енергија и идеи. Заедно го обележавме нашиот напредок и го зајакнуваме нашиот ангажман за иднината.

Со заеднички сили и најдобри желби одиме понатаму и во 2024 година кон подобро образование и воспитание за кадарот и сите деца во градинките на Општина ГАЗИ БАБА.

Верица Пандилоска Гичева – Претседател и соновач на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

По нејзиното предавање, таа го претстави Проф. д-р Зендел Абедин Шехи, нејзин долгогодишен ментор и предавач во областа на говорот на телото, невербалната комуникација и емпатијата. Тој одржа предавање на тема агресија кај деца, методи за справувње и ематијата помеѓу децата и кадарот во градинките.

Предавањата беа интерактивни и динамични, а учесниците активно учествуваа во дискусиите.

Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

Во продолжение, можете да најдете неколку фотографии од свеченоста, кои ја одразуваат енергијата и ангажманот на сите присутни.

Фотографии од ЈУДГ на ОГБ “25 Мај“ и ЈУДГ “ДЕТСКА РАДОСТ“

Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

Како ЕУ ИНСТИТУТ Скопје сме горди што можеме да бидеме дел од оваа заедница на предучилишни стручни служби, воспитувачи и негуватели, кои се посветени на подобро образование и воспитание на нашите деца.

Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

Благодариме на ЈУДГ “25 Мај“ и ЈУДГ “ДЕТСКА РАДОСТ“ што ни се придруживте на оваа неверојатна манифестација како и за вашата посветеност кон подоброто образование и воспитание на децата.

Фотографија Поли за ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023: ЈУДГ “ДЕТСКА РАДОСТ“
Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

Ви благодариме за вашиот напор и ангажман. Нашата соработка продолжува во иднина во заеднички општествени цели и интереси.

Со најдобри желби, ваш ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.

Фотографија Поли за ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023: ЈУДГ “25 Мај“ Скопје

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *