ЗАВРШНА МАНИФЕСТАЦИЈА ЗА ПРОЕКТ СОЦИО-ЕМОЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА ДЕЦА ВО ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје со задоволство споделува информации за успешно реализирани проектни активности и восхитнувачка завршна манифестација што се одржа на 9 ноември 2023 година во ООУ “Лазо Ангеловски“ (ОА).

Со гордост ги претставуваме резултатите и постигнувањата од нашиот проект за Социо-емоционален развој на децата во инклузивното образование.

Фото: Горан Десковски, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Оваа манифестација беше особено значајна за нашата заедница, а успешно завршениот проект го засилува нашиот замислен визионерски подем за подобро инклузивно образование. Веруваме во значајот на инлузијата во општинските училишта и истовремено ја предизвикуваме и поддоржуваме нашата заедница да се приклучи на овој напор за збогатување на инклузивното образование на децата во нашиот град.

Фото: Горан Десковски, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Со вистинска радост и со силна верба се надеваме дека следната 2024 година ќе имаме уште повеќе училишта од Град Скопје во овој инклузивен образовен процес. Заедно, со поддршка и соработка, можеме да ја подобриме инклузивна заедница, каде образованието е достапно за сите деца, независно од нивните различности и потреби.

Активности на проектот

Истражување

Спроведеното истражување вклучуваше 159 испитаници од наставниот кадар и стручните служби на осум основни училишта во Општина Аеродром. Целта на истражувањето беше да се добијат нови, значајни информации за тековните состојби и предизвиците со кои се соочува кадарот во контекст на инклузивното образование.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од он-лајн сесија

Резултатите од истражувањето не само што ги забележуваат тековните предизвици, туку и обезбедуваат важни податоци и детали за новонастанатите предизвици во образованието. Овие информации се критични за подобрување на компетенциите и јакнење на индивидуалните и колективните капацитети на кадарот во училиштата.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од он-лајн сесија

Во истражувањето беа генерирани нови детали, податоци и информации кои во иднина ќе послужат како фундамент за постојано унапредување и иновации во секторот на инклузивно училишно образование.

Обуки

Според добиените резултати, беа концептирани и организирани обуки со цел да се зголемат компетенциите на наставниот и стручниот кадар.

Овие обуки беа изведени во хибриден формат, што го овозможи учеството и виртуелно и во живо.

Овој педагошки пристап не само што ги адресираше конкретните предизвици и потреби, идентифицирани преку истражувањето, туку и ги стимулираше учесниците да ги имплементираат добиените знаења во своите образовни практики.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од он-лајн сесија

Со оваа тренинг интервенција, целта беше не само да се побара одговор на постоечките потреби, туку и да се стимулира и унапреди образовниот сектор, во коресподенција со современите стандарди и стратегии за инклузивно образование.

Промоција на публикација

На манифестацијата, беше промовирана и публикацијата со наслов ИНКЛУЗИВНИТЕ КАПАЦИТЕТИ НА КАДАРОТ ВО ООУ, чии автор е м-р Верица П. Гичева. Во оваа книга, авторката фокусира на важноста на човечките ресурси и инвестициите во човечки капитал како основа за трасирање на патот кон развивање на инклузивните капацитети на училиштата.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од промоција на публикација
Фото: Горан Десковски, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

“Сите ѕвезди се јасни, но само кога ќе им се обединат зраците нивниот сјај станува неспоредлив“

Во нашите училишта, различноста не е пречка – таа е наша сила! Во секој ученик ние го гледаме потенцијалот и сфаќаме дека инклузивната образовна средина не само што го гради знаењето, туку ги формира и срцата.

Овој свет не е заеднички за некои, туку за сите нас. Во инклузивното образование ги создавме утрешните лидери, креативци и градители на иднината.

Оваа публикација ја открива силата на инклузивното образование преку истражување, позитивни практики и препораки за успешно образование на сите деца, наше свидетелство на значењето на разнообразноста, рамнотежата помеѓу способности и потреба на секое дете.

Во секој едукативен час ние се збогатуваме себеси со поуките од децата со различни способности. Децата од утре, и вие, и јас, ја совладуваме исклучителната лекција за инклузија.

Оваа книга е повеќе од збирка на страници – таа е приказна за рамноправност и сон за инклузивно училиште кое не е само што не образува, туку го збогатува светот.

Заедно да го направиме инклузивното образование училиште за сите, место каде што ќе цветаат различноста, толеранцијата и нашата заедничка иднина.

Извадок од публикација ИНКЛУЗИВНИТЕ КАПАЦИТЕТИ НА КАДАРОТ ВО ООУ – Автор м-р Верица Пандилоска Гичева
ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од промоција на публикација

Завршна манифестација

Завршната манифестација, која се одржа на 09 ноември 2023 година, претставуваше достоен завршеток на проектните активности, истакнувајќи ги постигнувањата и резултатите на проектот Социо-емоционален развој на деца во инклузивно образование.

Манифестацијата ја отвори и се обрати директорката на ООУ, м-р Магдалена Петреска, која ги поздрави гостите со прикладен говор.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од завршна манифестација

Потоа ја покани, м-р Верица П. Гичева, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, која ги елаборираше и образложи целта, фокусот и активностите на проектот.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од завршна манифестација

Таа ја покани д-р Весна Дамчевска Илиевска, раководител на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Сектор за јавни дејности на Град Скопје (донатор).

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од завршна манифестација

Ми беше чест, што се обратив на завршниот настан на проектот “Социо-емоционален развој на деца во инклузивното образование“ поддржан од Град СКОПЈЕ. Во рамките на програмата на Одделението за социјална, детска и здравствена заштита, при Сектор за јавни дејности, поддржани се 47 проекти и програми кои се реализирани за поддршка на рнливите категории. Поддршката на инклузивното образпование е во функција на придобивките кои ги имаат децата кои имаат потреба од помош, како и тие кои ја даваат помошта, бидејќи нема индивидуа на која не и е подадена рака. Така се гради взаемноста, така се воскрева вебата во човечноста.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од завршна манифестација

Честитки за секој што се вложува во оваа програма. Се отвора нова страница за дејствување, заедничко вложување. Како претставници на Град СКОПЈЕ, зедно со колегата Абдула Аеми – помошник раководител на Сектор за образование на Град СКОПЈЕ, имавме прилика да се сретнеме и лично да поразговараме за предизвиците со директори и наставници со училиштата на територија на Општина АЕРОДРОМ.

Благодарност до ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и до Верица П. Гичева за оваа инспиративна и значајна активност.

д-р Весна Дамчевска Илиевска, раководител на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Сектор за јавни дејности на Град Скопје

Потоа се обрати м-р Тане Димовски, Раководител на сектор за образование, спорт и култура на општина Аеродром (ОА поддржувач).

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од завршна манифестација

Следеше обраќање на Александра Цветановска, педагог во склоп на проектот.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од завршна манифестација

Од страна на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје беа доделени благодарници и прикладни спомен подароци на донаторот Град СКОПЈЕ, поддржувачот Општина Аеродром, училиштето домаќин ООУ “Лазо Ангеловски“, како и сите директори претставници на осум основни општински училишта во општината (ОА). Благодарници добија и сите предавачи учесници во проектот.

Мотивациско говорење

Наставниот и стручен кадар, које е осветлен со визија и преданост, претставува неизмерна сила во образованието. Истиот, се стреми кон инклузивно учење кое го обликува и поддржува разнообразниот развој на потребите на секое дете.

Во контекстот на училишното образование, основата на успешноста на секоја индивидуа лежи во неизмерливата моќ на мотивацијата. Веруваме дека во инклузивното учење, кадарот е движечка сила која што го води вистинско зобогатување на потенцијалот на секој еден ученик.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од завршна манифестација

По завршување на официјалната церемонија, следеше мотивациско предавање на Проф. Д-р Зендел Абедин Шехи, што ја заокружи целокупната манифестација.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од завршна манифестација

Во завршниот дел на проектот, беше одржан мотивациски говор со фокус на темата на инклузијата. Овој говор не само што ги поттикна присутните, туку и испрати силна порака. Преку артикулираната порака и мудро избрани зборови, Проф. Др- Зендел Абедин Шехи се обиде да ја заокружи целосната искуственост на проектот, истакнувајќи ги значењето и предизвиците на инклузивното образование. Овој дел од манифестацијата го заокружи со академска длабочина, нудејќи го контекстот и значењето на инклузивната образовна пракса како еден од централните делови на проектот.

Изрази на благодарност

Благодарност на донаторот, Град Скопје (Секторот за јавни дејности, Одделение за социјална, детска и здравствена заштита на Град Скопје), кој го овозможи овој проект проектот „Социо-емоционален развој на деца во инклузивно образование“ и публикацијата ИНКЛУЗИВНИТЕ КАПАЦИТЕТИ НА КАДАРОТ ВО ООУ.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од завршна манифестација

Благодарност на Општина Аеродром за безрезервната поддршка во овој процес.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од завршна манифестација

Благодарност и признание на сите училишта во Општина Аеродром (ООУ „Лазо Ангеловски“, ООУ „Блаже Конески“, ООУ „Браќа Миладиновци“, ООУ „Љубен Лапе“, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, ООУ „Димитар Македонски“, ООУ и ПОУ „Гоце Делчев“, ООУ „Александар Македонски“) кои се вклучија во проектот и истиот го збогатија со активно учество.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од завршна манифестација

Овој проект и истражување е само почеток на патот кон подобрување на инклузивните капацитети во училиштата.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од завршна манифестација

Веруваме дека резултатите и препораките од ова истражување ќе послужат како водич за идните напори и проекти, кои ќе ги оформиме заедно со образовните институции, наставнички и стручен кадар.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од завршна манифестација
ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од завршна манифестација

Комплетна фото галерија од настанот е достапна тука.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – фотографија од завршна манифестација

#инклузивно образование #професионален развој #капацитети на кадарот #образовни потреби #психо-социјална поддршка #препораки #ЕУ ИНСТИТУТ Скопје #Град Скопје #EU INSTITUTE Skopje # Општина АЕРОДОРМ #ООУ #инклузивните капацитети на кадарот во ооу #социо-емоционален развој на деца во инклузивно образование

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *