Издадена нова книга на апстракти

Здружението за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје издаде книга на апстракти на англиски јазик насловена како Abstract 2021 од научни трудови на учесниците кои беа дел од 4та Интернационална научна конференција.

CIP-Каталогизација во публикација на Националната универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ ISBN 978-608-4880-06-6 COBISS.MK-ID 55350021

На 16ти Октомври 2021 година ЕУ ИНСТИТУТ Скопје заедно со Европски Институт за менаџмент, право и дипломатија а во партнерска соработка со Колеџ за бизнис од Тирана Албанија, Скопје Метрополитен Колеџ и Еуро Колеџ Куманово реализираа 4та Интернационална научна конференција на тема: „ЕУ интеграции, предизвик, перспектива и демографски движењата на балканските земји како резултат на опаѓачките економии“.

Целта на конференцијата беше да обедини истражувачи од областа на економијата, правото, психологијата и социологијата и преку нивната работа да ја истакнат важноста денес и во иднина за развој на образованието, деловниот сектор и целокупната интеграција на балканскиот регион.

Областите на кои учесниците ги презентираа своите научни трудови беа: економија, право, психологија и социологија.

Благодариме на соработката на сите учесници и соработници кои беа дел од конференцијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *