Дали размислуваме краткорочно, долгорочно или пак можеби поинку. Дали и колку е потребно вложување во креирање на квалитетен кадар и зајакнување на капацитетите на воспитно образовниот кадар во училиштата!? Во овој контекст денес би сакала да дадам осврт на менаџментот на човечки ресурси во образованието и вложување во човекиот капитал.
Повод за оваа статија е нова сорботка која ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ја реализираше со ООУ “Мирче Ацев“ кое се наоѓа на територија на Општина Ѓорче Петров, Скопје РСМ.

Основните училишта се институции кои мобилизираат значаен број на човечки капитал. Со самото тоа се наметнува и потребата за вложување на дополнителен импут на знаења и вештини на вработените кои раководните структури, директорите треба да ги инвестираат во своите вработени, почитувајќи го основниот концепт за менаџментот на човечките ресурси на секоја воспитно образовна установа.
За оваа цел, потребно е да се почитуваат основните концепти на Менаџментот на човечки ресурси. Еден од аспектите е на вработените да им се понудат и можности за стекнување на нови вештини, знаења.
Од истражувањата изминатата деценија, анкети и објави на официјални документи на Влада на РС, Македонија главна насока на движење, концепт и елементи се насочуваат кон зголемување на знаење и вештини на вработени лица. Истите укажуваат дека постои причинско последователна поврзаност, во правец на дообразование (неформално) кое е важна детерминанта во инвестиција во чоечкиот капитал. Порастот на квалитет на вработениот води кон зголемување на бројот на едуциран кадар кој има тенденции да тежнее кон генерирање на поголема плата и последователно нуди доверба и сигурност во системот, пораст на економијата.
Ваков пример е основното училиште “Мирче Ацев“ од Скопје со кое имавме можност да започнеме соработка.
Меморандум за соработка и Обука за кадарот во ООУ “Мирче Ацев“ – Скопје
ЕУ ИНСТИТУТ Скопје на 25 Март 2023 година беше гостин во ООУ “Мирче Ацев“ – Скопје каде беше поптишан Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка со училиштето и тоа во заеднички понатамошни цели и интереси.

Верувам дека ова ќе биде конструктивно пријателство и реализирање на плодна соработка. Воедно се одржа и обука на тема Невербална наспроти Вербална комуникација.
Изјава на оваа тема даде и директорката на Основното Општинско училиште “Мирче Ацев“ -Скопје, м-р Гордана Насковска.

Како менаџер на воспитно-образовна институција ќе истакнам дека вложувањето во инфраструктура, наставно-образовни помагала и наставен кадар е важно. Јас ја сватив важноста на овој триаголник. Посебно ќе нагласам дека најважниот потенцијал со кој располагаме во училиштата е наставниот кадар во кој постојано треба да се вложува. Континуираното стручно и лично усовршување и кариерно усовршување многукратно дава резултати. Ова посебно се забележува преку резултатите кои ги постигнуваат учениците.
Јас ја согледав оваа важност и посветив време и ресурси вработените наставници и стручни соработници преку обуки, работилници и мобилности добијат стручна наобразба за да стекнат или развијат вештини и компетенции со кој ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот. Наставниците стекнуваат развиваат вештини на 21виот век. Успеваат да одговорат на предизвиците на современото живеење и им помогнат или ги насочат учениците во решавање на секојдневните проблеми.
М-р Гордана Насковска – Директор на ООУ “Мирче Ацев“ Општина Ѓорче Петров – Скопје, РСМ

Важноста во инвестиција во човечки капитал
Важноста во инвестицијата во човечки капитал се однесува на инвестирање во образованието, обуката и развојот на вештините и способностите на поединците кои го сочинуваат тимот. Овој тип на инвестиции, без оглед дали се рбаботи за образование или било кој друг сектор на делување, има значителни продибивки и за поединци и за општеството како целина.

Подобрена продуктивност и економски раст
Инвестирањето во образование и обука може да им помогне на поединците да стекнат вештини и знаења потребни за зајакнување на личните и колкетивните капацитети, потребни за да бидат попродуктивни на своите работни позиции, што ќе доведе до повисок економски рзултат, но не треба да го заборавиме фактот дека тоа ќе доведе и до нивна поголема конкурентност.

Социјална мобилност
Инвестицијата во човечкиот капитал може да помогне и во намалување на нееднаквоста на приходите и да се промовира социјална мобилност преку обезбедување на поединците со вештини и знаења што им е потребни за да успеат како квалитетна работна сила.
Севкупно, инвестирањето во човечки капитал и менаџирањето на институциите е важно бидејќи може да доведе до индивидуални и општествени придобивки како што се заголемена продуктивност , поголема заработка, економски раст и социјална мобилност.
Верувам дека со имплементирање на обуки од неформалното образование ќе се воспостви систем кој ќе овозможи секој еден вработен во училиштата да ги зајакне личните и колективни капацитети. Личната мотивација за доживотно учење е клучот на успех на секој поединец.
Верица Пандилоска Гичева – претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Во оваа статија се користени делови од труд на Верица П. Гичева, предмет: Економика на трудови ресурси при Институт за социолошки и политичко-правни истражувања Св. Климент Охридски“ – УКИМ (МЧР), тема: Инвестициите во човечкиот капитал, вештини и обуки во сектор образование
Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!
Напишете коментар