ИНТЕГРИРАНА СОРАБОТКА: Одговорност и можности за комуникациски вештини и развој на детето ОГБ

Со радост споделуваме информација дека Јавната установа за деца – детската градинка “25 Мај” (ОГБ), во соработка со сите нејзини клонови (Сонце, Синоличка, Искра, Детелинка, Морковче, Пони) потпиша меморандумот за соработка, со цел штитење на заеднички цели и интереси со ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Ова е уште еден чекор во нашата веќе неколкугодишна соработка, што ја потврдува нашата решеност за поддршка и развој на заедницата (ОГБ), особено во областа на образованието на нашите најмлади граѓани.

Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

Соработката започна во 2022 година, благодарение на општина Гази Баба, која беше главен донатор на проект за Социо-емоционален развој на децата во предучилишно образование. Оваа иницијатива стана основа наша заедничка понатамошна соработка.

Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

Во текот на 2023 година, со поддршка на општината, ЈУДГ “25 Мај“ и ЕУ ИНСТИТУТ Скопје успешно реализирааа проект насловен “Комуникациски вештини” за негувателките, воспитувачките и стручните служби. Овој проект беше уште еден важен чекор во подобрувањето на квалитетот на образованието и воспитанието на децата, што се одразува на целата заедница.

Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

Оваа нова фаза на соработка претставува континуитет на нашите заеднички напори за развој и подобрување на условите за нашите најмали.

Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

Од потпишувањето на меморандумот па се до реализацијата на проектите, постигнавме значителни резултати, креирајќи погодности за подобро воспитание и образование на децата во сите градинки (ЈУДГ “25 Мај“ и ЈУДГ “ДЕТСКА РАДОСТ“) на територијата на општината (ОГБ) .

Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

Оваа соработка е голема прилика за заеднички труд и иновации во предучилишното образование. Нашата заедничка ангажираност и посветеност кон развојот на образованието на децата е континуирана и ова го потврдува нашиот иден фокус на подобрување на квалитетот на образованието и воспитанието, како и на иновации во оваа област.

Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

Овие иновации и подобрувања се нешто што го посакуваме за нашите малишани. Честитки на сите вклучени за оваа соработка и заедничката ни ангажираност кон подобрување на образованието и воспитанието на децата, што е есенцијално за нашата заедница.

Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

“Според сите меѓународни истражувања, раниот детски развој е од суштинско значење, каде децата кои учат рано имаат значително подобри перформанси во образовниот процес. Со ваква цел, започнуваме нов процес што ги јакне професионалните компетенции на нашите воспитувачи и негуватели.

Искуството од секојдневната работа на нашите воспитувачи и негуватели, го надополнуваме со нови знаења од практиката и последните научни откритија во предучилишното воспитание и образование.

Клучната тема на овој процес е културата на говорот меѓу нашите воспитувачи, комуникацијата со семејствата и заедницата, креирање на партнерски односи и подигнивање на свесноста за значењето на предучилишното воспитание и образование!

Денес, нашите воспитувачи и негуватели не ни укажуваат само на важноста на заедничката работа, туку исто така се посветени на унапредување на својата воспитно-образовна практика, сè со цел да ги збогатат стимулациите што ги нудат и што ги поттикнуваат на децата за учење и развој.

Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

Голема благодарност до тимот на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје за соработката и поддршката што ни ја обезбедија за подобрување на нивото на нашето воспитно-образование во текот на 2022/23 година. Нивната помош е клучна за успешната работа и згриженоста што ја посветуваме на нашите воспитаници.”

Марина Анѓелкова Арсова – Директор на ЈУДГ “25 Мај“ Општина ГАЗИ БАБА – Скопје РСМ

Комуникацијата меѓу воспитувачите, родителите и децата е срцето на успешното предучилишно образование. Во триаголникот на разбирање и поддршка, тие обликуваат основа за богат и плодотворен развој на сите деца.“

Публикација: “Социо-емоционален развој на деца деца од предучилишна возраст“

Имав голема чест и задоволство да бидам дел од тимот кој работеше на проектот “Комуникациски Вештини“ 2023 и “Социо-емоционален развој на деца“ 2022. Како директно инволвирана во истражувањето во 2023, едукациите на воспитно-образовниот кадар и креатор на публикацијата “Социо-емоционален развој на деца од предучилишно и училишно образование“ во 2022, и како дел од стратегијата на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, заедно со тимот на здружението го идентификував значењето на раната воспитно-образовна интервенција и влијанието на воспитниот и стручен кадар.

Човечките ресурси во воспитувањето и образованието се суштинско богатство. Тоа е клучно за нашето општество, со децата како главен фокус. Поточно, со постојаните обуки и истражувања, создадовме учебник за Социо-емоционален развој на деца, инспириран од досегашни истражувања и доживување на проектот.

Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

Верувам дека вложувањето во воспитувачкиот кадар е инвестиција во иднината на нашето општество. Одгледани од квалитетни воспитувачи, децата градат основи за својот живот. Продолжуваме да ја подигаме свеста и да придонесуваме кон развојот на нови образовни практики што ги јакнат капацитетите на кадарот во градинките.

Вистинската вредност на децата и нивното образование се одраз на подготвеноста и посветеноста на нашето општество за нив. Во една историја за која сите сме дел, ние се придружуваме со цел да ги подготвиме за најголемиот предизвик со кој ќе треба да се справат понатаму, а тоа е животот.

м-р Верица Пандилоска Гичева – Претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
Фотографија Поли: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје 2023

Глерија од проект: Социо-емоционален развој на деца од предучилишно образование 2022 тука

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *