На тема семејно насилство во нашата држава се почесто се дискутира. Сведоци сме дека постигнување на резултати во нашето општество на тема човекови права, спречување и борба против насилството врз жените и воопшто семејното насилство оди навистина бавно.
Правилен развој во заедницата е возможен преку подигнување на свеста и видливоста на оваа сензитивна појава и тема каде општеството преку свои механизми на делување дава своја поддршка.
Со таа цел Општина Аеродром и ЕУ ИНСТИТУТ Скопје спроведуваат истражување на тема препознавање на појавата на семејно насилство на територија на општината. По тој повод денеска бевме гости во Основното Општинско Училиште “Браќа Миладиновци“ кое се наоѓа на територија на општината.
Семејното насилство како меѓучовечка појава е дел од сите култури, зафаќа луѓе од сите раси, етнички групи, религии, полови и класи. Ова е сериозен, јавен здравствен проблем кој се јавува во општеството и е појава која може да се спречи.
За оваа цел ЕУ ИНСТИТУТ Скопје со претставник од општината, Весна Марковска – Советник и координатор за еднакви можности меѓу мажите и жените на Општина АЕРОДРОМ реализира работна средба со Тони Димов директорот на Основното Општинско Училиште “Браќа Миладиновци“ кое се наоѓа во Општина Аеродром.
Во отворен дијалог разговаравме на оваа чувствителна тема како и за пронаоѓање соодветни решенија и поголема видливост на оваа меѓучовечка појава на територија на општината.
Верица Пандилоска Гичева – престедател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
ООУ “Браќа Миладиновци“ во Општина Аеродром ќе учествува во овој проект каде за таа цел ќе се спроведе и дел од истражувањето. Целна група на ова истражување се децата од 6то до 9то одделение како и воспитно образовниот кадар и стручната служба во училиштето.
Со таа цел ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и ООУ “Браќа Миладиновци“ реализираа меморандум за соработка. Ова не е прва соработка на општинското училиште “Браќа Миладиновци“ со Здружението за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. 2019 година ЕУ ИНСТИТУТ Скопје одржа обука за воспитно образовниот кадар на училиштето на тема емпатија, разбирање и комуникациски вештини.
„Семејно насилство“ е малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста,
ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО, Член 3
телесно повредување, полово или друго психичко, физичко или економско насилство со
кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, вклучувајќи и закани
за такви дејствија, спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои
живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема
сегашен или поранешен брачен другар или вонбрачен партнер или лица кои имаат
заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, без оглед дали сторителот го дели
или го делел истото живеалиште со жртвата или не
Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!
Напишете коментар