КОЛКУ НИ ЗНАЧИ ВЕРАТА

Во време на емотивна отуѓеност, економска-енергетска-медицинска криза каде секојдневно сме под инфлуенца на социјални влијанија, секојдневно сме известувани дека починуваат мали деца, семејства се на работ на егзистенција и немаат основни елементарни услови за живот, пропаѓаат бизниси, се растураат семејства и ред други општествено економски појави, некако природно ми се наметна прашањето, колку ни значи верата во бога, во самите себе си, во луѓето околу нас и во вербата на она што е наша професионална определба од која го одржуваме во живот своето семејство.

Материјалистичкиот свет не прави празни па секогаш во вкави важни денови (како овој Велики Четврток) верувам дека имаме потреба за нешто реалистично. Нешто што е племенито, духовно, христијански, нешто што допира до Бога.

Верата не е полн новчаник кој може да се потроши или пак убава облека која може да се излити, скине. Верата е нешто сосем поинакво, длабоко за кое ни е потребна свест, моќ на верување.

Човечка совест

Од теолошко религиски аспект, колку ја има во оваа денешна реалност и нашето скоро 70% дигитално живеење. Колку го сфаќаме Бога реално, а не како некоја епизода од македонски народни приказни каде тој е прикажан како лик облечен во бел чаршаф!?

Формалност или симболика за тоа колку го сфаќаме бога со нашата човечка свест.

Што е господ, алфа и омега, почеток и крај. Господ не е создаден, тој создава! До сите бесконечности, вистини што ги знаеме а не сме свесни што заедно со милоста што тој има.

Апстрактно ….. можеби воопшто не!

Господ бог е милостив и е господар на сите светови, планети галаксии, сите можни цивилизации кои и не знаеме дека постојат. Господар на светови! Креатор на се што е живо, затоа впрочем и се вели креатор создавател на сите светови.

Бог Отец, сликар Cima da Conegliano, “God the Father“, Создадено: ~ 1510-1517

Од научен и религиски аспект, колку сме ние зависни од бога!?

Во нашиот живот што го живееме ние сме секојдневно зависни од бога. Дали сме свесни за тоа, можеби да и можеби не.

Хипотетички, да замислиме дека 2 минути нема да имаме кислород, воздух. Што ќе стане со светот? Замислете да не постои сонце, што ќе стане со светот? Од кого бараме помош во тој миг! Кому се обраќаме и во кого единствено веруваме во тие мигови од нашиот живот?

Дали сфаќаме дека ние сме зависни од бога во секое поле, што господ го насочува кон нас.

Фактичката состојба укажува на тоа дека ние Бога на моменти во секојдневното живеење можеби и го подзабораваме, несвесно, оптеретени со животни предизвици, не размислуваме дека тој е единствениот кој е секаде и секогаш со нас и околу нас, постојано.

Кога посегнуваме по бога? Кога се само празници? Дали го чествуваме секојдневно или само во моменти кога се наоѓаме во некоја тешка животна мака, болест, немаштија или можеби радост.

Господ бог не е збор, не е смртност, не е его, зборуваме за големина од друг вид.

Колку ни значи верата во бога?

Човекот со секојдневни животни предизвици во текот на денот, не знаеме колку размислува за верата и Бога.

Постигнување на ниво agape, постигнување апсолутна безгрешна љубов, соединување на сопствената душа со господ бог е 2000 годишна христијанска мистика на душата (anima) и моќта на вербата, исто колку и грегоријанскиот календар. Целата е обединување на душата која значи апсолутна љубов кон бога како апсолутен господар на светови.

Затоа впрочем и велиме, Мир и блажество од бога и нека биде неговата волја ………

Во продолжение е ГОСПОДОВА МОЛИТВА која Господ Бог ја предал на својата црква. Колку истата ја практикуваме зависи од нас самите. Овој Велики Четврток е вистинско време да ја обединиме својата душа со него. Да се помолиме заедно сега и за век и веков, Амин.

Оче наш, кој си на небесата,

да се свети името Твое;

да дојде царството Твое;

да биде волјата Твоја

како на небото, така и на земјата.

Лебот наш насушен дај ни го денес,

и прости ни ги долговите наши,

како што им ги проштаваме и ние на нашите должници.

И не воведувај нѐ во искушението избави нѐ од лукавиот.

Оче наш – Господова молитва

Овој Велики Четврок е идеален момент и време да се навратиме на суштината, корените на христијанството, учењата и делата на Исус Христос, учењата на Новиот Завет, еднобоштвото како монотеизам и да вистински веруваме во Господ Бог кој владее со цел универзум. Денес е вистински момент да бидеме активни и во себе да ги засадиме најдобрите човечки традиции било каде и да сме, на сите страни од светот.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *