Во услови на глобална пандемија и Ковид-19 криза зголеменото ниво на стрес негативно влијае на населението. Депресијата и анксиозноста кај секој еден од нас водат кон интровертност, но и во одредени ситуации кон зголемена појава на насилно однесување во домот.
Сведоци сме на агресија во семејството кај голем број на население. Сите овие фактори придонесуваат кон се почеста појава на семејно насилство.
ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и Општина Аеродром поттикнати од оваа се позачестена појава во општеството започнаа нова соработка на оваа тема. Со проектот кој што ќе започне да се реализира во Септември месец 2021 година веруваме дека ќе помогнеме при дијагностика и надминување на оваа меѓучовечка појава.
Во проектот ќе бидат инволвирани градинките, основните и средните училишта кои што се наоѓаат на територија на Општина Аеродром.
По тој повод денес реализиравме работна средба во Основното Општинско Училиште “Димитар Македонски“. Разговаравме со директорката Јулијана Тодоровска на оваа тема каде добивме важни информации како фидбек од училиштето.
Се радуваме на оваа нова соработка. Ќе напоменам дека и покрај тоа што беше пандемија и генерално функциониравме он-лајн можеме да се пофалиме со голем број на награди кои децата ги освоија во текот на годината. Горди сме на сите деца кои покажаа резултати и освоија награди и признанија по различни предмети по кои се натпреваруваа.
Јулијана Тодоровска – директор на ООУ Димитар Македонски
Ова беше навистина предизвик кој сакаме да го совладаме за да имаме поквалитен живот во домот на секој еден жител инволвиран со оваа меѓучовечка појава, семејно насилство на територија на Општина Аеродром.
Весна Марковска – Советник и координатор за еднакви можности меѓу мажите и жените на Општина АЕРОДРОМ
Здружението за образовно истражувачка дејност ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и ООУ “Димитар Македонски“ на средбата потпишаа и меморандум за соработка кој претставува почеток на едно ново пријателство. Само со заеднички ангажман и активности веруваме дека ќе постигнеме резултат на секое поле на делување во нашата понатамошна соработка.
Од училиштето до семејството е главниот мотив за работа преку кој ќе се дојде до сознанија на рано препознавање на оваа појава во семејството. Наша цел е да продуцираме здрави деца кои понатаму ќе бидат успешни и спремни за се што ги очекува како предизвик во животот. Заеднички ќе се стремиме да ги надминеме ниската самодоверба кај потенцијалните или постоечките жртви на семејно насилство. Подигнувањето на свеста и зајакнувањето на самодовербата, како и едукации за лична мотивација и охрабрување ќе бидат приоритет во претстојниот период на нашето работење.
Верица Пандилоска Гичева – претседатеј на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
Според истражувањата на ОБСЕ вршени изминатата година, виктимизирање главно било извршено поради психолошко насилство од интимен партнер. Ова води кон сериозни трауми кај жртвата, индиректно кај децата сведоци на вакво однесување во домот кои за жал подоцна стануваат жртви или виктимизатори кога ќе пораснат. Семејното насилство не е приватна работа која е потребно да остане во семејството. Потребно е сериозна едукација на населението за правилно постапување во вакви исклучително тешки ситуации во домот.
Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!
Напишете коментар