Нова соработка за проектна активност семејно насилство на територија на Општина Аеродором

На 30 Август 2021 година, Здружение за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје реализираше работна средба во Основното Општинско Училиште Александар Македонски кое се наоѓа во населба Лисиче.

На влезот на училиштето не пречека работна атмосвера со ученици и наставници кои врачуваа свидетелства. Дел од овој свечен чин беа и родители.

Повод за овој работен состанок е нова проектната активност на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје која ќе се одвива на територија на Општина Аеродром, програма за подигнување на самодоверба и мотивација кај жртви на семејно насилство кои живеат на територија на општината.

На работниот состанок присуствуваше Весна Марковска – координатор за еднакви можности на мажите и жените во Општина Аеродром. Таа ги изнесе информациите од страна на општината за проектната активност која што следи.

Домаќин на средбата беше директорката на училиштето Марија Калешов со која разговаравме на оваа тема. Таа ни ги сподели своите работни искуства кои се однесуваат на оваа проблематика, семејно насислтво.

Марија Калешов- директор на ООУ “Александар Македонски“, населба Лисиче, Општина Аеродром РСМ

Ја поддржувам иницијативата и идејата на овој проект. Како училиште ќе се приклучиме кон активностите кои што следат а се на подрачје на општината.

Марија Калешов- директор на ООУ Александар Македонски

По повод оваа проектна активност ООУ “Александар Македонски“ и ЕУ ИНСТИТУТ Скопје потпишаа меморандум за соработка со кој што ќе соработуваат во оргаизирање на идни заеднички семинари, конференции, публикации проекти и образовни програми.

Ова не е прва соработка на ОО “Александар Македонски“ и ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.

На 11 Ноември 2019 година ЕУ ИНСТИТУТ Скопје одржа обука за комуникација, емпатија и разбирање. Предавач беше Проф. Д-р Зендел Абедин Шехи, професор по меѓународно право и дипломатија, претседател на Европски Институт за менаџмент, право и дипломатија.

Република Северна Македонија е потписничка на Конвенцијата за правта на детето и е вклучена во глобалното движење против насилство врз децата.

Марија Калешов- директор на ООУ “Александар Македонски“ и Верица Пандилоска Гичева – претседател на “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“, РСМ

Од особена важност е сите учесници во процесот на работење да имаме заедничко разбирање и единствен став во однос на појавата на насилство на децата. Ќе бидеме успешни само доколку како тим, тука мислам на инволвираните страни училиштата, градинките и општината се согласиме во однос на дефинирање на злоупотребата на децата кои се дел од семејното насилство и да создадеме концепт за заштита на истите од страна на стручните лица од различни сектори. Само со заеднички ефорт можеме да постигнеме резултат и да помогнеме во процесот на детектирање и решавање на ваквиот вид на меѓучовечки проблеми.

Верувам дека е потребно континуирано превземање мерки за намалување и отстранување на оваа појава. Неопходно е да се следат промените во општеството во однос на оваа проблематика како и превземање на постапки и мерки од страна на сите сектори со имплементирање на законите и протоколите. Како здружение ќе го дадеме својот максимум во имплементирање на овој проект.

Верица Пандилоска Гичева – претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, РСМ

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *