Концептот на учење преку работа е една од најефективните алатки за младите кои сакаат да го надградат и применат своето знаење вршејќи практикантска работа. Поддршката на младите, нивниот личен, професионален и социјален развој е дел од стратешките цели на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.
Со таа цел Здружението за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје склучи нова соработка со проектот „МладиХАБ –градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” финансиран од British Embassy Skopje, а спроведуван од Националниот младински совет на Македонија и The Youth Group.
Преку взаемно вмрежување со оваа организација добивме нов практикант.
Кој е новиот практикант во нашата организација?
Ви го претставуваме Михаил Чавлески од Прилеп, новиот член во ЕУ ИНСТИТУТ Скопје кој ќе ја извршува практиканска работа во нашата организација. Тој е студент на 2ра година на факулетот за текстил, дизајн и менаџмент “Гоце Делчев“ во Штип. Водено тој е активен барател на пракса во областа на кариерниот развој која има цел зајакнување на капацитетите на младите за нивно интегрирање на пазарот на труд. Михаил веќе две недели секојдневно се запознава со работата во организацијата и е вклучен во проектните активности и процеси.
Негов ментор за кариерен развој е претседателот и основач на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, Верица Пандилоска Гичева.

Кој беше предизвикот да се пријавите за практикантска работа во нашата организација?
Работата на вашата организација ја следам долго време. Во Скопје претстојувам извесен период и контактирав со неколку други организации. Искрено вашиот пристап, посветеност и достапност ми влеaја самодоверба да побарам да бидам дел од процесот на работа и да научам се она што ми недостасува во практична смисла.
Активен барател сум на пратиканстка работа па во тој контекст корисник сум на платформата mladihub.mk. Видов на платформата дека вашата организација е дел од работодавачите на пракса. Веднаш се пријавив и со нетрпение очекував да ме изберат и да започнам да учам и работам во исто време. Со оглед дека доаѓам од друг град многу ми значеше што праксата овозможува и финансиска надокнада која ќе ми ги покрие трошоците за престој во Скопје. Студент сум и секоја можност за да научам нешто ново ми е добредојдена.
Што те поттикна да се пријавиш за практикантска работа?
Повеќе фактори ме поттикнаа да започнам со пракса. Еден од главните е тоа што веќе завршувам втора година на факултет и времето за барање работа е се поблиску. Верувам дека доколку се стекнам со практични вештини и искуство секогаш ќе бидам во предност. Ги охрабрувам сите студенти да го направат истото.
Ќе кажам дека и за факултетот ми е потребна пракса. Во животот научив дека никогаш незнаеш како е да работиш дури не се соочиш со предизвикот. Некогаш иако мислиш дека нешто ти е совршено спремно и испланирано големи се шансите да не функционира како што било замислено. Спремен сум да се прилагодам и да бидам флексибилен за нови идеи, за слушање друго мислење. Ќе се потрудам работите да ги согледам од поинаква перспектива односно од гледна точка на корисникот или клиентот за идејата и реализацијата да бидат успешни.

Верувам дека напредокот на практикантот ќе биде успешен поттик за остварување на целите за учење кои ќе траат за време на практикантската работа од два месеци. Ова е нова можност за сите млади кои сакаат да се подготват за понатамошните работни предизвици во животот. Практиканотот ќе го интегрираме во тековните проектни активности но, верувам дека доколку ги совлада работните предизвици и ќе го задржиме да биде дел од идните проектни активности на организацијата.
Нека ова биде потик за сите работодавачи кои сакаат да допринесат да креираме нова млада работна сила која ќе се стекне со практични вештини и знаења кои подоцна ќе им помогнат на младите да бидат конкурентни на пазарот на труд.
Верица Пандилоска Гичева – Претседател и основач на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
Што би им препорачал Михаил на идните студенти, баратели на пратикантска работа?
Секое искуство е корисно, секогаш е подобро за во иднина при аплицирање на работа да имаш што да напишеш на своето CV. Покрај тоа добиваш шанса да видиш како е да работиш во компании со тимови, да се соочиш со клиенти и потоа да одлучиш дали тој тип на криера е за тебе или не.
На кратко кажано не можеш ништо да изгубиш само можеш да добиеш.

ЕУ ИНСТИТУ Скопје е една од граѓанските организиации кои се дел од практикантска програма „МладиХаб – градење на вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите“, финансиран од British Embassy Skopje, а спроведуван од Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM и The Youth Group преку која ќе обезбедуваме поддршка за стекнување работно искуство и работни вештини на младите.
„Практиканство” е работна активност којашто вклучува компонента на работа преку учење и здобивање на практични работни вештини, која се реализира во ограничен временски период, со цел стекнување на практично и професионално искуство, за да се подобри вработливоста и да се помогне преминот кон редовно вработување.
Закон за прктиканство Член 2
Да ги зајакнеме капацитетите на младите и да помогнеме кон креирање на подобро општество за сите нас.
Продолжуваме понатаму со нови можности и нови предизвици.
Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!
Напишете коментар