Обраќање за 2021 година
Почитувани,
Ми причинува големо задоволство да се обратам по повод активностите и стратегијата која ќе ја имплементира Здружението за образовно истражувачка дејност ЕУ ИНСТИТУТ Скопје во 2021.
Во овие три години од нашето постоење посветено работевме на неформална едукација кај населението во РСМ преку развој на нови, отворени и комплементарни приоди кои ќе ни овозможат создавање на поефикасна мрежа на идни соработници кои работат за општото добро во државата.
Изминатава година беше година на предизвици и адаптирање поради глобалната пандемија и Ковид-19 кој го зафати светот.
Посебен придонес во остварувањето на зацртаниот план и целите во 2020 година дадоа професионалци во своите области кои пројавија интерес и ни помогнаа во реализирање на зацртаните планови и цели. Затоа би сакала да им се заблагодарам на сите од свое лично име и од име на организацијата. Тоа се пред се наши блиски пријатели кои без никаква финансиска надокнада учествуваа во скоро сите проекти кои ги реализиравме. Искрено им благодариме за ангажманот, мотивираноста и пожртвуваноста во овие тешки времиња за нашата земја.
Да бидеме свесни дека светот нема да се прилагоди на нас туку ние мораме да се прилагодиме на него. Зато потребно е да донесеме квалитетни одлуки и да се фокусираме на нашите цели. Секогаш е полесно да се каже отколку да се направи!
2020 беше предизвик за сите нас.
Затоа сугерирам, да ги искористиме сите прилики кои ги има секој еден од нас, а можеби и не ги гледа. Веруваме дека 2021 ќе биде подобра во секое поле.
Тука сме за вас и ќе ви помогнеме да го пронајдете сопствениот потенцијал, да напредувате, да бидете успешни во семејството и во деловниот живот.
Секој еден од нас може да успее! Потребена ни е само лична мотивација, план, желба и акција за реализација. Голем дел од населението во Македонија нема никаков план, седи и чека да помине цела оваа моментална ситуација. Не се развива себе си, не го развива бизнисот и работата во склад со околностите кои ги носи глобалната пандемија и ситуација. Затоа ние како организација решивме преку предвидените програми усвоени за 2021 да стоиме на услуга на граѓаните се со цел да инспирираме, едуцираме и помогнеме во секое поле од нашето делување. Стоиме отворени за секаков вид на соработка и се што ќе регистрираме како потреба и предлози.
Сите ние имавме зацртани планови во животот кога започна Ковид-19 кризата и увидовме дека не функционираат, што и беше логично поради целата ситуација глобално.
Затоа ние како граѓанска организација стоиме на услуга на граѓаните и ќе го дадеме својот максимум за рестартирање на секој еден од нас во контекст на успешност и прилагодување на новата реалност.
Да бидеме упорни, тоа ќе ни помогне при решавање на проблемите. На тој начин ќе ја поттикнеме и подобриме сопствената кретивност, но и значителното позитивно влијание врз способност за решавање на проблемите.
Совладувањето на нови вештини е патоказот кој води кон успех, личен и успех на оппштеството. Нешто што треба да го создаваме со мудрост. Затоа мораме да се движиме напред, со полн гас за да не останеме на исто место.
Секој од нас има моќ и можност да постигне се што ќе посака во животот едноставно така што во доволна мерка ќе им помогне на другите да го постигнат она што ќе го посакаат.
За 2021 година усвоивме нова програма и стратегии кои веруваме дека ќе направат позитивна промена во општеството.
Стратешки приоритети во 2021:
- Едукација, мотивација, инспирација на млади во кариерен развој- Зајакнат и консолидиран младински сектор
- Учество во создавање услови за развој на заедницата
- Зајакнување на младинско учество и активизам
- Неформално образование на возрасни
- Уметност и култура како алатки за социјален развој
- Организација на научни конференции
- Публикации од особена важност за граѓанскиот сектор
- Подобрување на физичкото здравје на населението преку он-лајн видеа на тема јога.
Во 2021, Здружението за образовно истражувачка дејност ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ќе ги спроведе следните проекти и активности:
- Неформално образование поддршка на граѓанскиот сектор (средношколци, студенти, младинци до 29 год.) за развивање на комуникациска писменост преку модел на директно граѓанско учество едукации на теми:
- комуникациски вештини
- самодоверба
- мотивација и инспирација
- кариерен развој
2. Финансиска писменост и едукација на население, консултации и совети на граѓани поврзани со запознавање на пазар на капитал, видови на финансиски инструменти како и можности за ефикасно управување/работење со лични финансии наменети за:
- Категорија 1: за средношколци, студенти, младинци
- Категорија 2: возрасно население
3. Ментална хигиена за деца во претшколска возраст (градинки)
4. Креирање интерактивна програма за подобрување на социо-емоционален развој на децата во предучилишна возраст и зајакнување на нивните капацитети преку подобрување на нивното ментално здравје
5. Организација на научни конференции
6. Поддршка преку јавни портали, гласила и медиуми за развој на граѓанскиот сектор и решавање на проблемите (локални) во заедниците
7. Организација, логистичка поддршка и учество и на настани од уметност и култура како алатки за социјален развој
8. Мапа на култура, едукација и спој на млади преку неформално образование преку користење на друштвена игра на тема град Скопје, наменет за млади од (15 – 29)
9. Основи на дигитална писменост
10. Едукативни виртуелни тури низ фотографии со поглед 360о за основно и средно образование.
Веруваме во идна понатамошна соработка воостварување на заеднички цели во полза на граѓаните на РСМ и во оваа 2021 година.
Со почит,
Верица Пандилоска Гичева