Во услови на глобална економска сиромаштија и ковид-19 пандемија не можеме а да не се осврнеме на економската моќ на човекот. Инспирирани од секојдневните примери на немаштија и немоќ на граѓаните оваа 2022 како граѓанска организација ЕУ ИНСТИТУТ Скопје својата општествена одговорност кон граѓаните на РСМ ќе ја искаже преку детална и студиозна едукација на население и тоа на тема лични финансии.
Логично на ова се поставува прашањето, дали ние како народ знаеме да управуваме и да ги планираме финансиите кои ги приходуваме и дали сме свесни за важноста на ваков вид на неформално образование?
Од она што можев да го истражувам на тема лични финансии и финансиска писменост на население (истражување 2017-2020 година на национално ниво) можам да кажам дека фактичката ситуација покажува спротивно.
Во ова мое обраќање нема да образложувам детали од истражувањето туку ќе констатирам само дека резултатите (кај различна категорија испитаници) покажаа дека дефинитивно ни е потребно да започнеме со работа пред се на себе, на тема финансиско планирање и разбирање на вредноста на парите. И не само тоа….
Психосоцијалната поддршка во моментов е клучна во реализирање не само на оваа, туку на било која цел во животот. Во овие моменти на конфузност, очај, страв и депресија на населението, мотивацијата, самодовербата како и надминување на стравовите се пречки кои секој еден од нас е потребно да ги совлада за да биде успешен во животот.
Свесни сме дека социјалните влијанија го прават своето. Затоа, секој од нас треба да направи дополнителен напор за да одвои од своето сопствено време и да вложи во лична надградба. Ова го зборувам како заклучок по одржани голем број на мотивациски говорења и работа во изминативе 5 години.
Дали ни е потребно да се информираме за се што не знаеме!?
Зошто ни е потребно финансиско планирање, која е моќта на нашите можности и уште голем дел корисни информации на тема како треба да живееме во рамките на нашите можности како и зголемување на личните приходи ќе дознаете на информативните сесии кои бесплатно ги организираме на тема мудро управување со лични финансии.
Како општествено одговорно здружение за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и оваа 2022 ќе се посветиме да делуваме позитивно на младо и возрасно население преку бесплатни обуки на тема финансии заедно со нашите нови соработници “Капитал Финансиски Центар“.

Партнер во обуките на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје е Капитал Финансиски Центар со кој оваа 2022 година склучивме меморандум за меѓусебно разбирање и соработка каде ќе соработуваме во области на едукација на населението на тема лични финансии и финансиски инструменти каде заеднички ќе го штитиме интересот на граѓаните на РСМ и тоа во организирање на заеднички семинари, конференции, публикации, проекти и образовни програми.
Инфо сесиите се однесуваат на следниве теми:
- Отворени Инвестициски Фондови (КБ ПУБЛИКУМ ИНВЕСТ АД Скопје)
- Задолжитено и доброволно пензиско осигурување (ТРИГЛАВ пензиско друштво АД Скопје)
- Јунит Линк (УНИКА Лајв)
- Кариера и заработка (ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и КФЦ)

Можности за пријава и термини за инфо сесии:
- БЕСПЛАТНИ ИНФО СЕСИИ ЗА МЛАДО НАСЕЛЕНИЕ (on-line), времетраење 45 мин. Датум: 10 Фебруари 2022 година 19h Категорија: Млади од 16-29 години Теми: Отворени Инвестициски Фондови (КБ ПУБЛИКУМ); Кариера и заработка. Линк за пријава: КЛИКНИ ТУКА Обуката ја држи финансиски советник од КФЦ!
- ОБУКА (во живо со потврда за учество, сертификат и можност за хонорарна работа) Категорија: Млади од 16-29 години Датум: Сабота, 19 Фебруари 2022 година 10h-18h (со вклучени паузи за ручек и кафе) Недела, 20 Фебруари 2022 година 10h – 13.30h (со вклучена пауза за ручек) Можност за пријава само на 3 учесници. Пријава: КЛИКНИ ТУКА Котизација со 50% попуст: 3000 денари. Краен рок за пријава и уплата: 16.02.2022 година 12h Информации за уплата и учество на: contact@euinstitute.eu
- БЕСПЛАТНИ ИНФО СЕСИИ ЗА ВОЗРАСНО НАСЕЛЕНИЕ (on-line) “Мудро управување со лични финансии преку Отворени Инвестициски Фондови“ Времетраење 45 мин. без ограничување на возраста! Датум: 17 и 24 Фебруари 19h. Краен рок за пријава: Ден пред одржување на настанот 12h. Тема: Отворени Инвестициски Фондови (КБ ПУБЛИКУМ ИНВЕСТ АД Скопје). Линк за пријава: КЛИКНИ ТУКА Обуката ја држи финансиски советник од КФЦ!
- ИНФО СЕСИЈА (он-лајн) ТРИГЛАВ Пензиско Друштво АД Скопје Датум: 09, 16 и 23 Фебруари 2022 година Линк за пријава: КЛИКНИ ТУКА Обуката ја држи лиценциран советник на друштвото!

Дали сме народ кој се знае!?
Верувам дека доколку било која не запраша дали знаеме да раководиме со личниот буџет, одговорот ќе биде да или не, но (ова е едно големо НО) никако не ни стигнува заработената сума за да го истуркаме месецот.
Имам едно друго прашање…. а што сме направиле на тоа поле за да го подобриме сопствениот буџет, што сме направиле за да ја подобриме личната финансиска состојба? Некој ќе каже па јас учев, завршив високо образование, се школував (моите инвестираа во мене) за да можам да се вработам и да егзистирам независно, за потоа да можам да го издржувам семејството кое сакам да го создадам.
Ова за почеток е добра цел но во услови на капитализам каде секој треба да се грижи сам за себе и дополнително да изнаоѓа решенија за заработка би рекла дека е недоволно.
На запад луѓето работат и по 2, некој дури и по 3 работи за да ги задоволат своите потреби. Зошто ги спомнав западните земји, дали тие се подобри од нас? Не, не се! Единствено таму, секој се грижи сам, додека кај нас секогаш има некој друг бекап од типот на мама, тато, баба, дедо, вујко ќе помогне некаде, со нешто….некако сеуште сме со едната нога во социјализмот кога некој друг треба да се грижи за нас. Време е да се освестиме дека капитализмот во кој што живееме е немилосрден и потребно е час поскоро да се освестиме за да утре не останеме на работ на својата егзистенција.

Кариерен развој на млади
Во 2020 година предизвик ми беше да ги истражувам младите на возраст од 16 до 29 кои беа дел од проектите кои ги работевме на тема кариерно советување и личен раст и развој. Тие се оние во кои треба највеќе да вложиме. Нивната енергија, нивните надежи, желби и видувања се одлични, на моменти не соодветствуваат со реалноста, за жал. Добивме исклучително важни податоци од сработените анкети.
Во тој контекст ќе споделам дел од абстракт (вовед во авторски труд) објавен и презентирани на 4та Интернационална Меѓународна Конференција:“ЕУ ИНТЕГРАЦИИ, ПРЕДИЗВИК, ПЕРСПЕКТИВА И ДЕМОГРАФСКИ ДВИЖЕЊА НА БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА ЕКОНОМИИТЕ ВО ПАД“ а се однесува на “Менаџмент на млади, кариерен развој и конкурентност на пазарот на труд“.

Aпстракт
Менаџирање на иднината и надминување на дилемите и предизвиците на младите при определба за идна професија и аплицирање за вработување е еден од најголемите предизвици со кои целна категорија млади (16-29) се соочува во текот на својот раст и развој. Клучен сегмент игра поддршката на младите во процесот на откривање, создавање и поставување на цврсти темели за нивниот личен развој. Ова се основни, почетни чекори за менаџирање на млади и креирање на кариера на средношколци, студенти и младинци до 29 годишна возраст.
Првиот предизвик со кој што се соочува оваа популација е прашањето “во што сум добар“. Потоа следува моментот на прашања кон самите себеси за сопствените вредности, личните ограничувања кои еден млад човек го спречуваат во успешноста заедно со соништата за иднината и лична реализација. Ова се главни теми, прашања кои е важно да се изменаџираат од страна на стручни лица од формалното и неформалното образование, кои ќе дадат вистински правец во изборот на идна професија на еден млад човек, исполнувајќи ги неговите очекувања. Приоритет и цел на овој труд е зајакнување на капацитетите на младите за нивно интегрирање на пазарот на труд. Специфична цел е користење на кариерна програма за информирање и советување на младите која ќе користи како алатка за социјална интеграција и нивна конкурентност и учество на пазарот на труд.
Важен фактор се советувањата и поддршка за совладување на лична евалуација, процес на само-спознавање преку лични истражувања, за да еден млад човек направи прв чекор во креирање на својата идна кариера и потенцијална професија. Денес, повеќе од било кога е потребен квалитетен менаџмент на младите како и давање насоки за совладување на вештини кои се неопходни за еден млад човек да ја навигира својата идна професија. Работниот идентитет е клучот на успехот на секој млад човек. Секој млад човек во периодот на одлука и определба на своја лична професија има потреба од совети за план за кариерата која ја посакува. Осознавање на личните таленти, карактеристики, пасии, вредности и способности при избор на идното работно определување, за да може младиот човек да види како овие фактори влијаат врз изборот на потенцијална идна професија, ќе одиграат клучен момент во неговиот живот. Развојот и одржливоста на навиките за успех, совладувањето вештини и ставови за да се успее во животот, образованието, кариерата, социјалните активности, волонтерство и самоизразување, се иднината на младите.
Потребна е цврста основа за воспоставување на квалитетна поддршка согласно личните вредности, интереси, персонални и професионални вештини, се со цел да се биде конкурентен на пазарот на труд, да се обезбеди вработување и професионално напредување, кое ќе резултира со значаен придонес за личниот социо-економски развој на младината на локално и национално ниво. Брз, сигурен и нов иновативен пристап во менаџирањето насока за идната професија на младите е клучот за реализирање на работен однос. Вработување, во сите сектори интензивно и посветено, е цел на која мораме да се посветиме за најдоброто на младите и спречување на миграцијата на младиот човек во европските земји. Одлучно делување за квалитетни промени, економска стабилност и сигурност за секој млад човек.
Kлучни зборови: менаџмент на млади, развој на кариера, конкурентност на пазарот на труд, одлив на мозоци, потреба, можност.
Верица Пандилоска – Гичева ISBN 978-608-4880-06-6 COBISS.MK-ID 55350021
“Менаџмент на млади, кариерен развој и конкурентност на пазарот на труд“
4та Интернационална Научна Конференција 2021:“ЕУ ИНТЕГРАЦИИ, ПРЕДИЗВИК, ПЕРСПЕКТИВА И ДЕМОГРАФСКИ ДВИЖЕЊА НА БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА ЕКОНОМИИТЕ ВО ПАД“

Како што рекле многу одамна старите “се учи цел живот“.
Нека не ве спречуваат вашите години бидејќи и не е битно колку години имате за да се приклучите он-лајн и од удобноста на сопствениот дом да проследите информација повеќе. Важно е да секој од нас сака да научи и да се промени и стане подобра верзија од себе.
Во тој контекст ве охрабрувам сите вас кои имате желба, интерес и време да се насочите на совладување на сите препреки кои ве спречуваат да сте успешни, да се пријавите на овие бесплатни инфо сесии на кои ќе добиете информација повеќе кој ќе ја искористите тогаш кога вие ќе решите дека е потребно.
Лично верувам дека иднината и ангажираноста на невладиниот сектор во разработување на вакви теми (поле финансии) ќе ја зголемат популарноста на овие бесплатни инфо сесии за да се надополни недостатокот на финансиска писменост во нашата земја. Сигурна сум дека овие знаења и вештини ќе бидат од непроценливо значење за населението (особено младо но и возрасно) како и можност за напредување во животот.
Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!
Напишете коментар