Одржана свечена завршна манифестација

На ден Четврток, 6ти Окомври 2022 година со почеток во 19ч. се одржа завршниот дел од проектот МЕНТАЛНА ХИГИЕНА ЗА ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ. Место на одржување на оваа завршна манифестација беше свечената сала на МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА во Скопје.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје со поддршка на Општина АЕРОДРОМ го одржа завршното предавање од проектот.

Учесници во проектот беа вработените воспитувачи, негувателки и стручни служби во Јавна установа за деца – Детска градинка “БУБА МАРА“ Општина АЕРОДРОМ, Скопје (вклучувајќи ги објектите: БУБА МАРА – управа, ПЧЕЛКА 1, ПЧЕЛКА 2, СОНЦЕ, ЛАВЧЕ, Центар за ран детски развој “СЛОНЧЕ“ – Долно Лисиче и вработените во Јавна установа за деца – Детска градинка “СРНИЧКА“ Општина АЕРОДРОМ, Скопје (вклучувајќи ги објектите: ЧЕКОРЧЕ – управа, КАЛИНКА, ЦРВЕНКАПА, ИЗВОРЧЕ, БАМБИ, ЛАЛЕ).

Во енергична, позитивна атмосфера и преполна сала со 250 ученици во проектот (воспитувачи, негувателки, стручни служби, дефектолози, логопеди, раководители, директори и останати гости кои дадоа свој придонес во проектните активности) гостите ги поздрави претседателот на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, Верица Пандилоска Гичева.

Верица Пандилоска Гичева – Претседател на “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“

Не можеме сами да го промениме светот, но затоа можеме да се промениме себе си. За доброто на децата, семејството, општеството. Суштината на животот е делење среќа со луѓето кои се заслужни за нашата љубов, внимание, време и емоции.

Децата се иднината на нашето општество. Нашата заедничка цел е во нивниот ран раст и развој да им овозможиме и понудиме квалитетни насоки, цврста основа, за да ги поставиме темелите врз кои тие понатаму ќе го трасираат и изградат сопствениот, вистински пат во животот.

Секое дете за родителот и семејството е од непроценливо богатство.

Мисијата на секој родител е да има дете кое ќе биде: културно, воспитано, едуцирано.

Децата се тие во кои секогаш е потребно да вложуваме како родители, како семејство, како општество. Сето ова со една единствена цел, да ги подготвиме за нивниот најголем предизвик со кој ќе треба да се справат понатаму, а тоа е животот.

Верица Пандилоска Гичева – Претседател на “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“

На наше огромно задоволство манифестацијата со пригоден говор ја отвори градоначалникот на општината, Тимчо Муцунски кој даде свој осврт за важноста на предучилишното образование во заедницата како и за важноста на продолжување на соработката со ЕУ ИНСТИТУТ Скопје на овој проект и кој придонесе кон позитивно влијание во заедницата.

На првиот дел од свеченоста ЕУ ИНСТИТУТ Скопје врачи благодарници на градоначалникот, сектор образование, на директорките на градинките СРНИЧКА и БУБА МАРА и на професорите кои преку активности дадоа свој придонес во проектот.

Од сектор образование Општина АЕРОДРОМ се обрати раководителот на сектор образование и социјална заштита, м-р Тане Димовски кој со пригоден говор ги поздрави гостите и даде осврт кон важноста на едукација на кадарот во градинките како и на важноста на инклузивната можност во однос на децата со попреченост кои овој проект ги опфаќа.

Од ЈУДГ Буба Мара на учесниците им се обрати Цветанка Милкова додека од ЈДГОА СРНИЧКА се обрати Александра Јелиќ Исаиловска. И двете дадоа акцент на важноста на вакви проекти кои придонесуваат кон подобрување на комуникациските вештини на вработените како и на важноста на нови иновативни програми за работа со децата во градинките.

Александра Јелиќ Исаиловска– Директор на ЈДГОАСРНИЧКА“ ОА-Скопје, РСМ
Цветанка Милкова – Директор на ЈУДГ “Буба Мара“ ОА-Скопје РСМ
Публикација “Социо-емоционален развој на деца“

На овој настан за првпат беше промовиран прирачник за работа на воспитувачи, деца, родители.

Прирачникот е наменет за промовирање на менталното здравје меѓу децата до 7 години. Сите содржини во него се наменети за деца со квалитетно ментално здравје, но исто така, има инклузивна можност во однос на децата со попреченост како и нивна социјализација. Од тој аспект од страна на психолог, логопед, педагог, дефектолог е препорачлив и за деца до 11 годишна возраст кои се со лесна ментална попреченост.

Социјализацијата на оваа ранлива категорија деца и зајакнувањето на свеста на родителите е особено важна за нивниот ран детски развој.

“Социо-емоционален развој на деца (од предучилишна и училишна возраст) е публикацијата која според стручните лица (Д-р Златко Арнаудовски “СИСТИНА Офталмологија, Проф-д-р Јасмина Плунцевиќ Глигоровска “Медицински Факултет“, педагог Александра Цветановска СУГС “Владо Тасевски“ кои беа и гости и учесници во проектот) е значаен чекор во подобрување на предучилишното образование.

Д-р Златко Арнаудовски “СИСТИНА Офталмологија“-Скопје РСМ

Јавно сакам да се заблагодарам на честа што ми ја укажавте да бидам дел од овој прекрасен проект и оваа инспиративна вечер со толку многу убави луѓе.

Видот е многу важен сегмент од здравјето на детето па во тој контекст би кажал дека еден од најчестите негативни ефекти од прекумерното користење на електронските уреди се главоболките. Ова е поради поврзаноста на очите со мозокот.

Ме радува фактот дека ЕУ ИНСТИТУТ Скопје започна со третирање на многу важна тема која става акцент на здравјето на детето, особено на видот. Како доктор офталмолог, го препорачувам прирачникот со сите понудени ресурси за работа со деца.

Д-р Златко Арнаудовски – Медицински директор “СИСТИНА ОФТАЛМОЛОГИЈА“-Скопје РСМ
Проф. Д-р Јасмина Плунцевиќ Глигоровска “Медицински Факултет“-Скопје РСМ

Физичката активност претставува лек кој може да помогне во спречување и лечење на многубројни неинфективни заболувања. Докажано е позитивното дејство врз имунолошкиот систем на вежбачот. Личност која редовно и умерено вежба има подобри шанси да се избори со евентуално заразување и заболување.

Добро се познати и механизмите и ефектите од вежбањето врз менталното здравје. Деца и млади личности кои вежбаат имаат повисоки предучилишни/училишни и академски достигнувања. Затоа, поттикнувањето на физички активности овозможува добар развој на моториката на детето што настанува преку зголемување на невропластицитетот на централниот нервен систем.

Развитокот на бројни моторни шеми во мозокот придонесува за вкупниот развој на детето.

Од тој аспект го препорачувам прирачникот “Социо-емоционален развој на деца“ со сите понудени ресурси за родители, воспитувачи и деца, а особено оние што се на тема тема физичка активност.

Проф. Д-р Јасмина Плунцевиќ Глигоровска “Медицински Факултет“-Скопје РСМ
Александра Т. Цветановска- Педагог СУГС “Владо Тасевски“ ОА-Скопје, РСМ

Искуствата кои децата ги стекнуваат во првите години од животот се многу важни и влијаат на нивниот подоцнежен живот и неговиот квалитет. Токму затоа предучилишното воспитание и образование е од непроценлива важност.

Организираното предучилишно воспитание и образование на децата им нуди можност за развој и учење во една безбедна средина. Учењето во овој период од животот на детето е најчесто преку игра и други активности кои се движечка сила за поттикнување на развојот на секое дете и затоа е најдобро во овој период од животот на детето во текот на учењето да се практикуваат активности за учење поттикнати од децата и водени од возрасните и обратно.

“Социо-емоционален развој на деца“ е водич за комплетно предучилишно/училишно образование за педагози, психолози, воспитувачи/учители, родители и деца. Срдечно го препорачувам со сите креативни алатки за работа со дете.

Александра Т. Цветановска- Педагог СУГС “Владо Тасевски“ ОА-Скопје, РСМ

На настанот беа прикажани и сите креирани иновативни ресурси за работа со деца, воглавно на тема емоции и емоционална интелигенција.

Ресурси за работа со деца на тема емоции, физичка активност, здрава храна и афирмации.

Вториот дел од настанот се реализираше и последното предавање на кој Проф. Д-р Зенделабедин Шехи говореше на тема Комуникација и емпатија на воспитувач/негувател-дете-родител.

Проф. Д-р Зенделаабедин Шехи. Европски институт за менаџмент, право и дипломатија“-Скопје РСМ

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје верува дека е ова само почеток во едно ново поглавје каде главни актери ќе бидат децата, воспитувачите, учениците и роителите кои со поддршка на општината ќе ги зајакнат своите капацитети.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *