Денес, Среда 15ти Септември 2021 година ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ги одржаа четирите модули на едукации од проектот Самодоверба, комуникација, мотивација.
Учесници на предавањата беа младите средношколци, студенти и младинци кои живеат/учат на територија на Општина Аеродром.
На наше огромно задоволство, слушатели и интерактивни учесници беа 186 млади лица.
Им благодариме на волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Кисела Вода и координаорот на млади, тим лидер Маја Наумовска, средношколците од СУГС “Марија Кири Склодовска“ (хемиското училиште) кои предавањата ги следеа организирано од четири училници под раководство на професор Александар Алексовски, на сите средношколци од СУГС “Владо Тасевски“ и координаторот, педагог Сашка Цветановска како и на сите останати младинци кои индивидуално се пријавија и ги следеа предавањата.

Образованието е фундаментално човеково право. Тоа им пружа на децата, младите и возрасните моќ критички да размислуваат, да прават избор, и да си го подобрат животот. Го разбива затворнеиот круг на сиромаштија и е клучен елемент на економскиот и социјалниот развој.
EFA, UNESCO
Модули застапени на денешните предавања беа: вовед во комуникација, посебен акцент беше ставен на невербалната комуникација, потоа следеше предавање на тема вербална комуникација. Последното предавање се однесуваше на телефонска комуникација. Предавачи беа Верица Пандилосвска и Звонко Гичев.

Поради безбедносите мерки, едукациите се одржаа он-лај на платформата Мајкрософт Тимс.
Фотографиите од СУГС “Марија Кири Склодовска“ се на ученик, Ненад Петровски.
Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!
Напишете коментар