ЕУ ИНСТИТУТ Скопје како претставник на граѓанска организација и локални медиуми на 5, 6 и 7ми Јуни 2021 година беше дeл од обуките за проектот: Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во РСМ, која се имплементира во рамки на проектот. Во период од два дена заедно со тимот на Конфиденс и Балкон3 третиравме локални прашања поврзани со унапредувањето на човекови права во локални средини и изработка на медиумски содржини, под менторство на обучувачи кои ни помогнаа да креираме видеа со цел промоција, иницирање дебата, наоѓање решенија за одредени прашања на локално ниво.
Ова беше тренинг за стекнување вештини и техники за претставување на приказни преку кратки видеа кои самите учесници на обуките ги монтираа. Учевме како се препознаваат локалните приказни со фокус на човековите права и зошто треба да се раскажат? Секој учесник имаше можност да даде сопствен предлог за приказни на која ќе ја изработи во текот на обуките.
Во прекрасен абмиен покрај брегот на охридското езеро снимивме и измонтиравме проектна вежба како идеја, пилот пробно видео со помош на мобилен телефон. Во текот на обуката снимавме и активно работевме на креирање видео приказна!
https://gopro.com/v/XlJ8Qk6aX8K7O
Најзабавнот дел беше монтажата како креативен дел од обуката на изработка на новинарското видео. Од менторите, Мирко Трајановски и Гоце Трпковски добивме совети и помош при креирање на видео соржината. Осбено ни е драго што проектната вежба на на нашиот учесник Верица Пандилоска Гичева беше избрана од срана на учесниците на оваа сесија како најдобра со најголем број на гласови.

Идејата беше како од проблем до приказна (Storytelling) да се обезбеди видливост и приемчивост на приказните за човекови права. Разговаравме за начините, како од пример во соседството да се отвори дебата во јавноста за проблемите кои ги воочуваме. Како да се добие поддршка од публиката, да се алармираат носителите на одлуки за да најдат решение, а ако не следува акција, како да се натераат надлежните да го решат проблемот и зошто не смее да се врти погледот од кршењето на човековите права.

Разгледуваме и некои од најдобрите светски примери на правење приказни со мобилен телефон. Со одлична екипа на учесници се дружевме и работевме на тоа како да се најде поинаков, досега нераскажан агол на приказната. Како да се предизвикаат емоции, да се сврти внимание врз човековите права кои од една или друга причина не се почитуваат.
Во периодот што следи ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ќе работи на видео материјал кој таргетира прашања поврзани со човековите права. Креираното видо ќе биде дел од националната кампања за прикажување на состојбата со човековите права во нашата земја. Ќе раскажеме приказна за унапредување на човековите права, да не премолчиме за да го постигнеме саканиот ефек.

Видеото на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје заедно со сите останати видеа на учесниците кои таргетираат прашања поврзани со човековите права ќе бидат дел од националната кампања за прикажување на состојбата со човековите права во нашата земја.
Обуката на која ЕУ ИНСТИТУТ Скопје имаше свој ученик беше дел од проектот “Дали личиме на ЕУ”, финансиран од ЕИДХР програмата на Европската Унија.
Напишете коментар