Повик за будење

Живееме во материјален свет каде парите се основно средство за егзистенција, го вртат светот, а со самото тоа и нашиот живот. И како што секој од нас искусил на сопствена кожа, лекциите кои ни ги задава животот се најдобар учител. Во формалното образование ни говореа дека најдобро е да учиме на туѓи примери и грешки, ама тоа во пракса, од блиску, баш и не е така.

Веројатно секој од нас има одредени искуства на оваа тема. Сигурна сум дека ќе се сложите со фактот дека учење на сопствени грешки е најтешко ама најделотворно.

И сега да не звучам како руски роман (од тие дебелите книги) ова обраќање фигуративно го нареков повик за будење. Кога говорам будење, мислам на наше, сопствено освестување како личност, народ, нација, глобално.

Некако само ми се наметна прашањето, дали сме големи само во своите глави, а од тоа заработка нема?

Периодов во кој живееме се случуваат фатални несакани дејствија од типот на војни, криза во секој домен и поле. Во тој контекст верувам дека е крајно време за една (ја нареков) рунда на трајно шамарање. Се разбира фигуративно се изразив, а и да не е така навистина ни треба вистинско размрдување (без агресија).

Дали е ова наша работа?

За да бидеме видно освестени (ова го мислам на секое поле) размислував што се ни е потребно. Кого треба да имаме на своја страна? Дали сите мораме да ги имаме на своја страна, семејството, пријателите, партијата……и, дали за тоа постои некаков систем на вредности кои за жал се раритет, се изгубија, ги нема.

Повторно ми се наметна прашањето, дали е ова наша работа???

Мое уверување е дека, сè е наша работа. Дали сме пасивни, е наша работа. Дали сме немарни, и тоа е наша рабoта, не е комшијата, партијата или тој таму некој ….. Петко, Рајко, Станко.

Дали ја живееме нашата работа?

Вообичаено балканскиот менталитет е ист во овие простори. Ние сме држава во која сите сè знаат. И да советуваа, и лекари да бидат, и политичари, и да возат авион и камион и што уште не. Секој знае сè!

Размислував дали секој од нас си го живее својот живот и сопствената “работа. Длабоко е прашањето, клучно за секој од нас. Дали ја живееме нашата работа и дали живееме како среќно семејство во домот, заедницата.

Многупати кога разговарав со пријатели, познаници на оваа тема сите како по дифолт имаа скоро исти одговори. “Не можеме сами“ некој друг ни треба да ни даде поддршка, поттик, мотив и што уште не. Дел од нив континуирано окривуваа некого, но тоа беше генерално нивен став.

Севкупниот впечаток во заедницата е дека ни треба некој, нешто, од некаде за да ни даде поттик, да направи наместо нас самите.

Јас лично, верувам дека е ова погрешно, ама тоа е само мој личен став и мислење. Зошто треба некој од некаде да дојде и да се секира за нас. Капитализмот во кој живееме има јасна форма која вели дека секој од нас треба сам за себе да се погрижи. Ова е основниот негов концепт.

Дали некој ни нуди поддршка за проблемите во “семејството“ (читај општеството, државата)?

Воглавно секој човек сам ништо не може да направи освен да господари со личната мотивираност која носи бар за мене најголем вид на сатисфакција. На некој му е потребно надворешна мотивација како екстерна поддршка, но не има и такви кои ако сами себе не се мотивираме никој друг не може да не мотивира со ништо.

Што треба да направиме за успех по кој сите се стремиме?

Мали чекори small steps е главна формула. Полека ама сигурно. Старите велат мирна вода брег рони. Од мое лично искуство ова е точно.

Малку ќе карикирам и ќе речам дека на стаза за трчање и желката и брзата птица кога ќе застанат, веројатност за успех имаат и двата субјекти. Но, не смееме да ја заборавиме и претпоставката дека постои можност за девијација. Што мислам со ова? И двете единки ќе почнат да одат по стазата, желката полека ама сигурно, а брзата птица итрица ќе потрча брзо, брзо (што би рекле србите, главом без обзира). Е сега мотив на стазава имаат и двете. Кој ќе биде исходот зависи од многу фактори. Категоријата ризик постои како таква а со самото тоа и несигурност за крајниот резултат кој има можност да е неповолен.

Секој сам е потребно да ја подигне личната свесност. За ова е потребно години работа, зрелост, искуство. Не треба да го копираме (опонашаме) комшијата, менаџерот, шефот или кој и да е, некој кој ни е “рол модел’ roll model се со цел да постигнеме одреден успех.

Бора Чорба имаше еден култен стих која вели:

Пекар, лекар, апотекар, колар, столар
Могао сам бити ја, било шта
Књиговезац, стаклорезац, видар, зидар
Могао сам бити ја, било шта“

Албум: Мртва природа (1981) , Група: “Рибља Чорба“ , Нумера: пекар, лекар, апотекар

Некој работи во банка, друг во супермаркет, трет е ѕидар итн. во сите професии сектори, дејности, важна е секоја работа. Вреден е секој еден. Не постои такво нешто како деградирачка професија. Секоја една професија е битна за синџирот. Секоја работа си има свој предизвик, тежина и занимливост.

Секој си е приказна сам за себе и господар на својата несреќа, среќа, успех.

Ако ова ни е лајт мотив верувам дека ќе успееме во реализирање на сопствената среќа.

“Чистилиште“

Местото помеѓу рајот и пеколот се нарекува чистилиште. Секој ја нема таа шанса да се најде во таа меѓу зона, не оди секој таму.

Photo: Domenico di Michelino – Jastrow, Self-photographed
La commedia illumina Firenze on the wall of Florence Cathedral, Santa Maria del Fiore

Данте Алигиери (1265-1321) бил италијански поет и автор на делото “Божествена комедија” (Divina Commedia). Во ова дело, Алигиери дава опширен опис на пеколот, чистилиштето и рајот, воедно претставувајќи го своето видување за последниот свет и теолошките концепции.

Според Данте (теолошки, односно библиски податоци), пеколот е негативно место во кое се казнуваат грешниците за нивните гревови. Во “Божествена комедија”, пеколот е поделен на девет кругови, при што секој круг представува различна категорија на гревови и соодветни казни. Тука, грешниците се подложни на различни видови на мачења и патишта за избавување од нивните гревови.

Чистилиштето, purgatory, е преодна состојба на душите кои се во искупување на своите гревови пред да влезат во рајот. Според Алигиери, во чистилиштето душите го искупуваат своето претходно поведение преку покажување на карактеристики како состојба на чувство на вина и покајание. Чистилиштето е поделено на различни територии, каде душите се искупуваат со цел да се исчистат и подготват за влез во рајот.

Sandro Botticelli – La Carte de l’Enfer  ISBN 9788884915641

Рајот претставува врвот на Божјата милост и совршенство. Тука, душите на праведните и верните уживаат во вечна среќа и близина со Богот. Рајот, според Данте, е поделен на девет сфери или небески кругови, каде секој круг го населуваат различни видови на светци и ангели. Овие кругови ги претставуваат различните видови на благодат и совршенство што ги добиваат душите.

Map of the Divine Comedy. Michelangelo Caetani (1804-1882)

Во “Божествена комедија”, Данте опишува своето лично патешествие низ пеколот, чистилиштето и рајот, континуирано воден од носечкиот лик, поетот Вергилиј. Ова дело има големо значење како литературно искуство, како и теолошки и филозофски пристап кон врската помеѓу човекот и Бог.

Рековме, интелигенција не е предност. Култура уметност, не почитуваме, туку само анимален интерес. Глобална импотенција. Тука нема метафизика. Ковид се лајкува, војна се лајкува додека хуманизам и уметност не се лајкува, тоа е мисловна именка, тоа е привитимизам. Примитивизам во Балкан. Фобии од стравување. Интелигенција нула. Тоа е нашето IQ .

Честопати во филмовите на тема научна фантастика имаме можност да забележиме дека ниту еден не може да стигне преблиску до сонцето, постои опасност да се уништи. Летот до сонцето е преблизок, може да не ослепи.

Колку сме успешни?

Работејќи во една интернационална компанија научив дека битен си колку што ти е успешен личниот и колективен дневен/месечен/годишен промет, обрт, заработка и реализација. Што сакав со ова да кажам? Минатите успеси не гарантираат идни резултати. Да, важно е да ги има, но не се гаранција за понатамошен успех. Затоа е корисно да се придржуваме кон лично зададените правила за напредок, просперитет, успех.

Некогаш помислуваме дека многумина знаат многу повеќе од нас самите. Само ќе сугерирам, бидејќи не е мое да наредувам, дека со самото тоа им даваме важност на тие луѓе дека се многу повеќе од нас самите.

Моќта за мене е љубопитна работа. Низ годините работа во продажба и со текот на искуството во комуникација со различни типови на луѓе и карактери дефинитивно дојдов до сознание дека моќта е онаму каде што ние мислиме дека е. Моќта е онаму каде ние ќе дадеме акцент, важност, фокус.

Ме загрижува фактот дека престанавме да разговараме едни со други. Сега е се почеста појавата во која разговараме едни за други. Мислиме ли на некој друг освен на себе си? Ова е тешко да го признаеме.

Мораме секојдневно да сме продуктивни. Животот ни носи безброј предизвици кои секојдневно ги совладуваме. Микро дневните победи се првиот чекор за мотивација и инспирација. Тешко е да го промениме животот, но можеме ако посакаме. Важно е колкава ни е желбата и колку тоа временски ќе не држи како мотив.

Дали треба да побараме помош, дали сме подобри од тоа што сме во моментов….ова е големо прашање за секоја од нас.

Наравоучение од мој аспект би било, не можеме да го промениме светот, колегата, комшијата, ама можеме да се промениме себе си.

Дали големите игри се страшни, опасни?

Да почнам од сега актуелното. На сите медиуми слушаме гласина за крајот на светот. Некаков вид на апокалипса. Дали размислуваме на темава, секојдневниот живот не ни дава можност за вакви длабоки мисли.

Чиј “асет“ сме самите ние? Вистински вредности без вистински промени не водат никаде. Да се посветиме самите себе си. Да размислиме какви вредности презентираме.

Невербална комуникација“ ; “Социо-емоционален развој на деца“

Будење, јас го разбирам како отварање очи додека живееме и постоиме. Миење на сопствен дух, срце, карактер со безгрешна човечка љубов кон човекот пред се.

Будење, за мене е соочување со совеста, калкулации на душата. Промена на ум.

Нека ова биде повик за будење од мене како еден мал обичен човек.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *