Потпишан меморандум за сорабтка со ООУ “Св.Кирил и Методиј“ Општина Центар – Скопје

Во услови на глобална пандемија и Ковид-19 криза продолживме со работа и креирање на нови взаемни соработки со воспитно образоните установи на теиторија на Општина Центар.

На 18 Фебруари 2021 година ЕУ ИНСТИТУТ Скопје попиша меморандум за соработка со ООУ “Свети Кирил и Методиј“ најстарото училиште кое се наоѓа во Општина Центар – Скопје.

Претедателот на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, Верица Пандилоска Гичева и директорот на училиштето Соња Кирковска на средбата разговараа за неформални воспитно образовни програми кои во иднина ќе ги имплементираат и практикуваат како дел од формалното образование во ова училиште.

Ова е првото основно училиште во Македонија. Неговото отворање претставува значаен настан во културната историја за македонскиот народ. Постои 184 години и е најстарото училиште во земјава, кое било изградено во Скопје.

Ова основно училиште е формирано во далечната 1836 година. Неговото формирање всушност го означува макотрпното опстојување на македонскиот народ во борбата за негување и зачувување на својата самостојност како и за развојот на македонска писменост и култура.

ООУ “Свети Кирил и Методиј“ најстарото училиште кое се наоѓа во Општина Центар – Скопје.

Училиштето го добило името на светите солунски браќа на 11 мај 1858 г. кога е одржана првата прослава во нивна чест. Во 1848 година по покана на градските прваци во Скопје доаѓа познатиот преродбеник и просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот. Тој го отвора првото световно училиште со настава на македонски јазик. Неговото доаѓање означува пресвртница за просветно-културниот и националниот живот во Скопје. Тој ги разделил учениците по одделенија, вовел клупи и современи наставни средства (заемни таблици, песочница, географска карта, глобус и др.).

Веруваме во взаемна успешна понатамошна соработка со тимот на училиштето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *