Преку училиштето до препознавање на појавата на семејно насилство во Општина АЕРОДРОМ

На 29ти Јули 2021 година ЕУ ИНСТИТУТ Скопје во соработка со Општина АЕРОДРОМ реализираше работна средба во Основното Општинско Училиште “Љубен Лапе“. Во пријатна атмосфера разговаравме со директорката Марјана Панчевска на тема препознавање на семејното насилство кај учениците во училиштето.

Кога станува збор за насилство дојдовме до зедничка констатација дека препознавање на ваков вид на меѓучовечка појава кај децата најчесто е резултат на запоставеност на детето во домот од страна на семејството. Ваквите насилни појави во заедницата придонесуваат кај децата и возрасните негативни влијанија како што се стрес, анксиозност, депресија и се главни ризик фактори за делотворноста на умот на човекот.

30% од децата во земјава се изложени на запоставеност.

Светска Здравствена Организација
Марјана Панчевска – Директор на ООУ “Љубен Лапе“, Верица Пандилоска Гичева – Претседател на “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“

Училиштето е воспитно образовна установа каде е потребно да се работи на развој и унапредување на децата. Образовниот процес е клучен фактор за развој на децата. Секако за тоа е потребно да постои поддршка и од семејството кое потребно да е во здрава ментална и психичка состојба.

Марјана Панчевска – Директор на ООУ “Љубен Лапе“

Со новиот проект за зајакнување на самодовербата и мотивацијата кај потенцијални жртви и жртви на семејно насилство на територија на општината, веруваме дека ќе ја подигнеме свеста во заедницата на оваа тема. Со заеднички сили и поддршка на општината (градинките, училишта) ќе се воспостават нови механизми за работа. Преку спроведување на првиот дел од проектот ќе имаме точна дијагностика за појавата на семејно насилство на ниво на општината и ќе можеме да пристапиме кон следната фаза, а тоа е третирање на проблемот и давање на видливи резултати кои се во интерес на граѓаните на општината.

Започнуваме од најмалите и најмилите во општината, децата кои се нашата главна движечка сила. Преку градинките, општински училишта, средните училишта на територија на општината ќе се потрудиме да делуваме кон препознавање на семејно насилство во домот на децата. Ова е сериозен предизвик со кој ние како здружение со заеднички сили ќе работиме со помош на општината, училиштата и градинките. Цениме дека е исклучително важно да се направи линк помеѓу граѓаните, во случајов децата, домот и општината. Само со тимска координација и заедничка поврзаност ќе дојдеме до видливи резултати. Секако за ова е потребно време, упорност и финансиски поддржувачка средина. Спремни сме да се справиме со овој предизвик за доброто на граѓаните во општината. Оваа појава и проблемите кои ги предизвикува истата секаде низ светот е слична. Никој не треба да се почувствува дека е оставен сам на себе.

Верица Пандилоска Гичева – Претседател на ЕУ ИНСТИТУТ СКопје
Марјана Панчевска – Директор на ООУ “Љубен Лапе“, Верица Пандилоска Гичева – Претседател на “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“

52% од децата трпат физичко насилство во домот.

УНИЦЕФ

По овој повод ООУ “Љубен Лапе“ и ЕУ ИНСТИТУТ Скопје потпишаа меморандум за почеток на соработка на оваа но и други останати теми во кои на главен пиедестал ќе се стават децата како една од примарните целни категории инволвирани со овој проблем.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *