Препознавање на појавата на семејно насилство на територија на Општина Аеродром

Состојбата во РС Македонија бележи значителен пораст кога е во прашање насилството, без оглед на тоа за каков вид на насилство се работи. Справувањето со родова не-еднаквост и различните димензии на насилството врз жителите на територија на Општина Аеродром се фокусот на проектната активност на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и Општина Аеродром која ќе започне во месец Септември 2021 година.

Со таа цел денес, заедно со Весна Марковска – Советник и координатор за еднакви можности меѓу мажите и жените на Општина АЕРОДРОМ бевме гости во Основното Општинско Училиште “Блаже Конески“ кое се наоѓа на територија на општината.

Домаќин на средбата беше директорката Сузана Настовска со која разговаравме на тема препознавање на појавата на семејното насилство во училиштето.

Првиот дел од проектот опфаќа анонимна анкета која ќе се проведе во градинките на воспитно образовниот кадар, негователки и стручна служба, воспитно образовниот кадар и стручна служба во основните училишта, децата од 6то до 9то одделение во основните училишта, трите средни училишта како и општината.

Преку ова истражување ќе се дојде до информации и податоци важни за општината и граѓаните.

Сузана Настовска – директор на ООУ “Блаже Конески“ и Верица П. Гичева – претседател на “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“

По повод проектот Зајакнување на самодовербата и мотивацијата на жртви на семејно насилство кои живеат на територија на општината, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и ООУ “Блаже Конески“ попишаа меморандум за меѓусебно разбирање и соработка со кој се обврзуваат да ги штитат заедничките интереси и да организираат активности во сферата на неформално образование.

На наше огромно задоволство, од страна на директорката беа дадени предлози за реализирање и други заеднички активности и соработки помеѓу ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, општината и училиштето на тема граѓанско образование за кое училиштето издаде учебник за 8мо одделение на истата тема. Автор на истиот е Биљана Шотаровска, педагог во училиштето.

Веруваме дека со овој проект ќе придонесеме кон подигнување на ниската јавна свест и разбирање на прашањето за родово-базирано насилство на територија на општината кои не соодветствуваат со реалниот степен на насилство, односно насилнички дејствија врз жителите на општината кои претежно не се пријавуваат.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *