“ПРЕТПРИЕМНИЧКА СИЛА ЗА МЛАДИ ЖЕНИ – ОД ПОЧЕТОК КОН УСПЕХ“

Завршна Манифестација: Успешни резултати од проектните активности

Доаѓањето на крајот на еден извонреден проект е како стигнување на врвот на планината – едно феноменално патешествие со исклучителни искуства и доживувања. Уште на самиот почеток и формирање на стратегијата и методологијата, проектот ПРЕТПРИЕМНИЧКА СИЛА ЗА МЛАДИ ЖЕНИОД ПОЧЕТОК КОН УСПЕХ беше повеќе од обична идеја, тој беше стапка кон еден поинаков свет, свет на можностите и успехот. Оваа завршна манифестација и промоција не е само крај, туку почетокот на нешто ново и прекрасно. Дозволете ни да ве одведеме низ приказната за промените, за учењето, и за несвојствениот напор што го направија младите жени со помош на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје во нашата заедница (Општина АЕРОДРОМ) за да зачекорат на патот на претприемништвото.

Фотографија од обука

Вовед

Секоја идеја, секој почеток, секое претприемништво започнува со едно семејство на идеи и стратешки вовед. За нас, тоа беше почетокот на еден визионерски проект насловен како ПРЕТПРИЕМНИЧКА СИЛА ЗА МЛАДИ ЖЕНИ, поткрепен со монограмска публикација насловена ОД ПОЧЕТОК КОН УСПЕХ кој претставува навигациски водич за млади кои ќе тргнат на пат кон претприемништво.

Одлуката на младите жени да ги искористат своите идеи и способности за да започнат свои претпријатија е витална во денешното време. Зајакнатиот капацитет на независност на младите девојки ги поддржува во изградбата на посилно и одржливо општество. Преку проектот ПРЕТПРИЕМНИЧКА СИЛА ЗА МЛАДИ ЖЕНИ, жените стекнаа не само вештини за успешно претприемништво, туку и самодоверба со која се осмелија себеси да зачекорат кон овие патишта. Оваа иницијатива на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје им нуди можност да ја изградат своја идентичност и да придонесат кон економската и социјалната трансформација на нашата заедница (ОА).

Фпотографија од завршен настан – За ЕУ ИНСТИТУТ Сопје, фото Горан Десковски

Историја на проектот

Проектот “ПРЕТПРИЕМНИЧКА СИЛА ЗА МЛАДИ ЖЕНИ – ОД ПОЧЕТОК КОН УСПЕХ” започна со визија за да ги поддржи и поттикне младите жени во нивните претприемнички начини на размислување. Целта беше јасна, да се овозможи на жените да ги претворат своите идеи и способности во одржливи бизниси и така да го засилиме присуството на жените во бизнисот во општината (ОА).

Фотографија од обука

Проектот вклучи разновидни активности, од обуки за развој на претприемнички вештини до менторство и финансиска писменост. Интерактивните обуки и алатките за работа, обединети во програма (заедно со публикација) насловена како ОД ПОЧЕТОК КОН УСПЕХ, беа мост за младите девојки кон нивната самодоверба, мотивација и креирање на одржливи бизнис планови.

Звонко Гичев – Предавач и опративен директор на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотографија он обука

Овој проект им обезбеди на учесниците нови знаења и вештини, не само за нивниот професионален, туку и за личниот развој. Нивното искуство-вистински израз на промената која се случи, не само во нивната персонална увереност, туку и во начинот на размислување за можности и предизвици, кои стојат пред нив.

ВПГ и Александар Сибиновски – Директор на СУГС “Владо Тасевски“-Скопје

Со оваа иницијатива, младите девојки беа поттикнати да ги искористат своите потенцијали и да ги претворат во бизниси кои не само што ќе го збогатат нивниот живот, туку и ќе имаат позитивен ефект врз заедницата. Проектот не само што ги зајакна капацитетите на учесничките со нови знаења и вештини, туку и ги поттикна да ги прифатат предизвиците на претприемништвото како можност за креативност и раст. Секоја девојка која беше дел од оваа иницијатива, научи како да биде иницијатор на промена, промовирајќи идеи и вклучувајќи се активно во развојот на заедницата. Затоа, овој проект има потенцијал да креира трајни ефекти, не само на индивидуално ниво, туку и во општеството како цел.

ВПГ – Предавач и претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотографија од обуки

Младите жени, поддржани и обучени со вештини за претприемништво, постојано се трансформираат во влијателна снага во заедницата, ставајќи ги своите идеи на дело, како можност за понатамошно креирање на работни места и придонесувајќи кон економскиот раст. Нивната свесност и присутност во претприемничкиот свет стана еден важен дел од градењето на посилно, инклузивно општество кое ги вклучува сите гласови и перспективи.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ве очекува со нови идеи во нашата младинска заедница U4FUTURE.

Пријавете се тука

Целна група и постигнати резултати

Целна категорија беа средношколки, девојки и млади жени кои живеат, учат или работат на територија на Општина АЕРОДРОМ-Скопје, РСМ. Се потрудивме да создадеме услови за поттикнување на младите жени во нивните претприемнички амбиции. Целта беше да им се обезбедат знаења и вештини преку обуки и работилници, за да можат да развијат свои идеи во одржливи бизниси. Резултатите покажаа зголемен степен на самодоверба и мотивација кај учесничките, овозможувајќи им да изградат стабилна основа за своите идни предпријатија и заедниците во кои живеат.

Промоција на публикацијата ОД ПОЧЕТОК КОН УСПЕХ

Со особена гордост и задоволство ја креирав оваа монограмска публикација, ОД ПОЧЕТОК КОН УСПЕХ, која во иднина ќе претставува соодветен водич со есенцијални чекори за влез во претприемништвото.

Публикација: ОД ПОЧЕТОК КОН УСПЕХ автор ВПГ, фото Горан Десковски

Оваа публикација како ресурс е дел од проектот ПРЕТПРИЕМНИЧКА СИЛА ЗА МЛАДИ ЖЕНИ е создадена како израз на поддршка и водич за младите жени, охрабрувајќи ги да ги искористат своите идеи и да ги претворат во успешни бизниси. Содржи практични совети, идеи и стимулативни ресурсни алатки, создадени со цел да ги охрабрат и поддржат идните младите жени во нивниот претприемнички пат.

ВПГ Претседатен на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фото Горан Десковски

Книгата има за цел да ги води читателите преку процесот на создавање на успешен бизнис од самиот почеток, од идеа до реализација. Оваа публикација претставува компилација на најважните чекори, стратегии и совети од проектот, кои се фокусираат на развојот на претприемнички вештини кај младите жени. Би нагласила дека истата нуди практични информации, идеи и ресурси што ги поттикнуваат жените да ги започнат своите претприемнички патувања. Креирана е како навигациски водич кон осмислен, одржлив и успешен претприемнички подвиг.

Верувам дека темите и содржината на овој прирачник ќе бидат од корист за младите жени и идни генерации кои ќе сакаат од идеа до реализација да го трасираат својот професионален претприемнички пат.

Од свое лично име и од име на тимот на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје сакам да се заблагодарам на сите кои учествуваа во проектот. Процесот на менторството и истражувањата им го отворија патот кон знаење, иновации и претприемнички способности на младите девојки.

Оваа визија произлезе од потребата за поддршка и вовед во светот на претприемништвото за младите жени во нашата заедница, општина АЕРОДРОМ-Скопје РСМ.

м-р Верица Пандилоска Гичева – Автор на публикација ОД ПОЧЕТОК КОН УСПЕХ
Претседател и основач на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
Завршен настан од преоктот ПРЕТПРИЕМНИЧКА СИЛА ЗА МЛАДИ ЖЕНИ 2023 – фото Горан Десковски

Искуства на учесници во проектот и нивно влијание на претприемнички способности

Основен дел од нашата работа во ЕУ ИНСТИТУТ Скопје е вовлекувањето и поддржувањето на младите претприемници, нивното искуство и напредок во својот претприемнички пат. Значителен дел од тоа е добивањето на фитбек од учесниците на проектите. Една од нив е делото „ОД ПОЧЕТОК КОН УСПЕХ“, каде младите жени имаа можност да ги надградат своите вештини и идеи во претприемнички подвиг. Сега, со гордост, споделуваме тестемонијал од една од учесничките, која го истакнува значењето на тоа искуство и како тоа го олеснило нејзиниот претприемнички пат.

Вања Василевска – СУГС “Владо Тасевски“ учесникво проектот, фото Горан Десковски

Искрено многу сум благодарна што ми се пружи шансата да бидам дел од обуката за претприемништво за младите дами, затоа што е реткост некоја организација да направи нешто во овој контекст посебно за нас младите.

На обуката се стекнав со многу нови знаења околу претмприемништвото, кој цели можеме да ги постигнеме, да заземаме ризици и на кои начини би можеле да ги исполниме истите тие цели што би си ги поставиле сами на себе си. Како за почеток површински имав создадено многу идеи околу оваа тема на кој начин би сакала да создадам нешто свое, но кога би требало да го погледнеме самиот пазар и конкуренцијата во зависност со што би сакала да се промовирам и издвојам од другите стигнав до одредено елиминирање на неколку идеи па во текот на овој период ќе продолжам да истражувам за да пронајдам и создадам нешто што би било корисно за потрошувачите, но и успешно на пазарот со постојана потрошувачка и одржлива цена.

Многу голема благодарност изразувам и до предавачите што ни го изнесоа целото нивно знаење и ни оставија простор за да прашаме што и да ни е потребно за секоја дилема и за поддршката која би ни ја пружиле доколку се одлучиме да заземеме улога во претприемништвото.

Вања – средношколка СУГС “Владо Тасевски“ (ОА) – Скопје, РС Македонија
СУГС “Владо Тасевски“ – Учеснички во проектот ПРЕТПРИЕМНИЧКА СИЛА ЗА МЛАДИ ЖЕНИ, фото Горан Десковски

Импакт и заклучок

Проектот ПРЕТПРИЕМНИЧКА СИЛА ЗА МЛАДИ ЖЕНИ – „ОД ПОЧЕТОК КОН УСПЕХ“ не само што го поттикна претприемничкото размислување, туку и го олесни патот кон иновации и креативноста кај младите жени во општината (ОА).

Со гордост и задоволство го забележуваме позитивниот влијание врз заедницата, каде тие, зајакнати со нови вештини и идеи, сега стануваат дел од економската сцена, креирајќи сопствени бизниси, стекнувајќи самодоверба и завземајќи го своето место во светот на претприемништвото и реалната економија.

Овој проект не само што создаде нови можности за само-вработување, туку и постави цврст темел и основи за подобрување на бизнис заедницата во општината (ОА), менторирајќи ги младите претприемнички духови како есенцијални делови на локалниот бизнисен пејсаж. Иако проектот заврши, влијанието што го остави е забележително, оставајќи впечатокот на социјалната и економска инклузија и инспирирањето на нови поколенија претприемнички умови на територија на Општина АЕРОДРОМ-Скопје, РС Македонија.

Михаела Коцева – СУГС “Владо Тасевски“ учесник во проектот, фото Горан Десковски

Вклучувањето на жените во претприемништвото не само што го засилува нивниот личен развојство, туку и отвора пат за просперитет и напредок за целата заедница.

#кариерна можност#поддршка#предизвициEU INSTITUTE SkopjeвештинивмрежувањеГрад СКОПЈЕЕУ ИНСТИТУТ Скопјеинклузивен и одржлив бизинисјакнење на капацитетите на млади женикариерна визијакариерна надградбалокална заедницамали и средни претпријатијаменторствомладинска зедницаобразование и развојобукиОдделение за поддршка и развој на мали и средни претпријатијаОпштина Аеродоромподдршка на граѓански сектор, потенцијал, претприемничка сила за млади женипретприемнички вештинипретприемништво и иновациираст и развојсамодоверба коммуникација мотивацијаСектор на локален економски развој-Одделение за поддршка и развој на мали и средни претпријатијасоцијално претпријатиеСУГС Владо Тасевскиусвоени знаења #U4FUTURE

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *