ПРЕТПРИЕМНИШТВО – ЈАВЕН ПОВИК ЗА БЕСПЛАТНИ ОБУКИ НА МЛАДИ ДЕВОЈКИ КОИ ЖИВЕАТ, УЧАТ,РАБОТАТ НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Почитувани следбеници, ве информираме дека ЕУ ИНСТИТУТ Скопје во соработка со Сектор за локален економски развој-Одделение за поддршка и развој на мали и средни претпријатија, претприемништво и иновации на Град Скопје распишува јавен повик за учество на бесплатни обуки на тема женско претприемништво кој има за цел да ги вгради претприемничките и кариерните вештини кај младите жени кои учат, живеат и работат на територијата на Општина АЕРОДРОМ.

Здружение за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје како истакната институција во областа на образование и развој на капацитетите на младите, и овој пат има привилегија и чест во реализацијата на овој проект, да соработува со својата матична Oпштина АЕРОДРОМ и СУГС “Владо Тасевски“ (ОА) Скопје со кои секоја година реализираме проекти за развој на вештини и компетенции на млади.

Проектот има за цел да ги охрабри младите жени со практични вештини за успешно претприемништво и кариерна изградба, да ги поддржи во развојот на инклузивни и одржливи бизнис и општествени иницијативи, и создаде можност за вклучување на сите слоеви на заедницата.

Детали за повикот

Целна група: девојки/жени млади, се среќава со различни предизвици и барања, вклучувајќи го недостатокот на информации и свест за претприемништвото и кариерните можности, недоволната поддршка и менторство, како и стереотипите и социјалните норми што ги ограничуваат во нивниот избор и напредок. Сепак, оваа група има огромен потенцијал и талент, со соодветна поддршка и образование да се поттикне и охрабри со цел да осигура успешно справување со овие предизвици.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје обуките ќе ги реализира он лајн и со физичко присуство во СУГС “Владо Тасевски“ ОА Ск.

Линк за електронско пријавување: ТУКА Рок за пријава и пополнување Анкета, најдоцна до 17 Ноември 2023!

Анкетен прашалник: ТУКА

Зошто треба да се приклучите на проектот: ПРЕТПРИЕМНИЧКА СИЛА ЗА МЛАДИ ЖЕНИ

Денес, сите ние стоиме пред безброј предизвици и можности. Но, дали сме подготвени да ги искористиме? Дали имаме потребните вештини, знаења и поддршка за да ја оствариме нашата визија?

Проектот ПРЕТПРИЕМНИЧКА СИЛА ЗА МЛАДИ ЖЕНИ нуди можност да ја прошириме нашата зона на влијание и да ви помогнеме во градење на вашите кариерни и претприемнички идеи и патеки.

  1. Развивање на претприемнички и кариерни вештини
  2. Менторство и поддршка
  3. Можност за вмрежување
  4. Самодоверба, мотивација, комуникација
  5. Поддршка на локалната заедница

Линк за електронско пријавување: ТУКА

Не пропуштајте ја оваа шанса за развој и раст!

Придружете ни се и исполнете ја вашата претприемничка и кариерна визија! Ние сме тука да ви помогнеме да ја остварите. Приклучете се во проектот ПРЕТПРИЕМНИЧКА СИЛА ЗА МЛАДИ ЖЕНИ и направете го првиот чекор кон вашата успешна иднина.

За најнови информации и ажурирања, следете ги нашите официјални канали на социјални мрежи и веб-страницата на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

2 Responses

  1. Кристина

    сите девојчиња треба да се пријават за ова предавање за изучување нови работи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *