Услуги во доменот на придонес за позитивно влијание во заедницата кои ги реализираме преку анкети, дебати, мотивациски говорења на теми кои ги идентификуваме како потребни во однос на потребата на граѓанското општество.
Стоиме на располагање за организирање и реализација на ваков вид проекти или настани.
Ментална хигиена во услови на и пост Ковид-19 и глобална пандемија
2020 година, светот се соочи со глобална пандемија предизвикана од вирусот Ковид-19. Мотивирани од ваквите глобални случувања ние како ГО решивме фокусот да го ставиме на на унапредувањето на менталното здравје во услови на пандемија и превенција на создавање на одредени ментални заболувања во овие моменти на криза кај широката популација. Активностите ги адресираме на следните категории:
- деца во предшколска возраст со квалитетно ментално здравје
- деца со лесна ментална заостанатост
- жртви на семејно насилство
- воспитно образовен кадар
- средношколци, студенти и младинци 16-29 годишна возраст
Мотивација
Мотивација е движечка сила и процес што не поттикнува, води и насочува кон остварување на нашите цели. Сила која не тера да дејствуваме позитивно без оглед на кое поле сакаме да делуваме. Ова е потребна алатка во процесот на еволуирање на една личност без оглед на тоа дали се работи за биолошки, емоционални или социјални когнитивни сили кои го активираат однесувањето.
Секој својот живот може да го претвори во грандиозно уметничко дело.
Клучот на успехот е само во нашите мисли. Само затоа што нешто не ни делува реално, не значи дека е невозможно. Сите ние имаме различен живот во кој што сме или не сме имале можност некој на тоа да не научи.
Како граѓански сектор преку одржување на јавни говорења на оваа тема веруваме дека во општеството нудиме можност и поддршка на граѓаните да разберат дека чекор по чекор сите ние можеме да ги реализираме и оствариме нашите соништа и желби.
Истражувањата велат дека само 5% од луѓето можат да ги постават и реализираат своите замисли и цели. Голем дел од луѓето за својата иднина имаат замаглена претстава. Веруваме дека како ГО и преку ваквиот вид на граѓански активизам, ќе покажеме пат и доближиме доволно добра стратегија за реално остварување на вашите цели во животот.
Како да ги победиме сопствените стравови
Стравот е една од најосновните човечки емоции. Тој е програмиран во нервниот систем и работи како инстинкт. Од нашето раѓање па во текот на целиот живот сме опремени со инстинкти за преживување што се потребни за да реагираме со страв кога чувствуваме опасност или кога се чувствуваме несигурни. Стравот е природна, моќна и примитивна човечка емоција.
Јавните сесии и говорења на тема страв и фобии ги практикуваме само за да Ве охрабриме и да сфатиме сите заедно дека стравот кој што понекогаш ќе го почуствуваме е само користен во ситуации за да се заштитиме, но доколку почне да владее со нас ќе не држи заковани во место и ќе ни ги скратува нашите визии.
Како да излеземе од нашата комфорна зона
Сите ние се движиме, работиме и севкупно функционираме во нашата зона на комфор каде што секој пат знаеме што, каде и како функционира. Некои луѓе во зоната на комфор го поминуваат целиот свој живот. Тука имаат сигурност ( а кон таа сигурност тежиме сите ние ) и се чувствуваме згрижено… тука сме во некој свој свет, на домашен терен, на свој “остров“ … и воглавно не сакаме да запознаеме ништо друго.
Предавање посветено на промените во нашите животи. Дијагностика и давање на oдговор зошто ни е тешко да ги препознаеме и пратиме промените во нашите животи. Како и на кој начин ние самите го лоцираме процесот на промени и зошто е тоа така? Сите посакуваме некакви промени, но кога промените ќе дојдат тие предизвикуваат различни видови на стравови и сомневања.
Невербална комуникација и емпатија помеѓу воспитно образовни работници, деца и родители
Невербалната комуникација или говорот на телото е наука која означува несвесно и свесно пренесување и толкување на чувства, ставови и расположение преку: држењето на тело, физичката состојба, изразување преку движење на очи, гестикулации, мимики и поставеност на нашето тело во позиција со другите лица во околината.
Емпатија, способност за разбирање на чувствата на другите луѓе кои не опкружуваат и се дел од нашата заедница и секојдневие.
Суштината на невербалното и емпатијата е многу важна во креирање на квалитетна релација помеѓу децата, родителите и воспитно образовниот кадар. Успешност помеѓу релациите воспитувач, дете и родител е клучна во воспоставување на квалитетна комуникација и креирање добро ментално здравје односно успешна корелација помеѓу сите три субјекти.
Пат до успехот
Многу луѓе сакаат да го зграбат животот и да имаат лична слобода. Но, секојдневната реалност кога ќе им застане на пат, се уплашени па живеат оптеретени, под стрес и во страв. Сите ние сме создадени за многу повеќе во животот кој брзо ни минува. Природно е да сме уплашени од пресвртите во нашите животи. Сите ние сме поминале и сме ја имале таа тешкa фаза во животот. Секако знаеме и колку е тешко секој од нас сам за себе да постигне успех.
Мајсторство е секој од нас да го придвижи животот и полесно и побрзо да го реализира својот успех кон кој тежнее.
Која е етиката на животот и успехот?
Слушај, пред да прозбориш…
Заработи, пред да потрошиш…
Добро размисли, пред нешто да напишеш…
Пробај, пред да се откажеш…
Сменете ги мислите, подобрете го животот
Мисла е идеја или мислење произведено од размислување што се случува во нашиот ум. Преку реализирање на јавни говорења на оваа тема сакаме да ви пренесеме знаење, мапа за успех за сите кои сакаат да победат во животот. На Балканот владее мапа на песимизам. Тоа е точно! Но секако има начин како да постигнеме успех и во нас да владее верба.
Ќе се потрудиме секој од вас да се инспирира на себе си својствен начин. Ќе се обидеме уште еднаш да докажеме дека говорот на омраза е само надолна линија, нема успех во него, само стагнација. Ќе ви помогнеме со позитивни емоции, вербата во себе и со упорност да дојдете до успех и посакуван резултат.
Самодоверба
Самодовербата е важен дел од животот на секој еден од нас и тоа за поттикнување на позитивна енергија и креирање на квалитетно ментално здравје.
Како ГО и активни чинители во општеството, нашата основна цел е да внесеме дополнителна доза на позитивизам преку креирање на здрава самодоверба и позитивна енергија кај сите граѓани на РСМ.
Денеска живеееме во време на Ковид-19 криза и глобална пандемија која придонесе луѓето да имаат расколебана самодоверба. Наоколу секојдневно гледаме комплетно несигурни лица кои се производ на самата неизвесност предизвикана од немирот во себе кој е резултат на денешната криза.
Преку јавни говорења на оваа тема ќе ви сугерираме и покажеме пат, како да стекнете самодоверба, како да го победите стравот, заеднички како да научиме да бидеме посамоуверени и да се ослободиме од негативните влијанија и механичките блокади кои не спречуваат да бидеме успешни во животот. Мотивацијата за оваа тема ни беа сите оние кои секојневно ги среќаваме во нашето опкружување, а се со уплашен поглед кој зрачи страв и интровертност.
Затоа, нашата цел на ваквиот вид говорења и советувања е позитивно да влијаеме на себе и околината во која живееме и работиме.
Па ајде заедно да научиме да се подобриме себе си и да бидеме успешни!
Како да се подобриме
Фокусот на овие советувања на оваа тема е да научиме нешто ново и да направиме барем еден мал чекор, едно подобрување дневно, кое на крајот на денот ќе не направи подобар човек во општеството во кое живееме и функционираме. За одредени индивидуи ова може да звучи и изгледа застрашувачки…
На овие предавања се трудиме да објасниме дека подобрувањата и промените не мора да бидат огромни. Напротив, тие можат да се навистина мали но постепено да доведат до огромни позитивни промени во некој релативно подолг временски период.
Да размислиме дека секој ден треба бар еден процент да се надградиме себе си. По ваквото имплементирање на овие минимални промени, ќе ви покажеме пат како за една година секој од нас да постигне позитивен ефект и да креира квалитетна промена на лично и професионално поле.