Пријава за обуки за млади 16-29 кои живеат или учат на територија на општина Аеродром

Почитувани следбеници, по повод новите безбедносни мерки кои стапија на сила од денес 16ти Август 2021 година и новата епидемиолошка слика во РС Македонија, ве известуваме дека сите обуки за кариерен развој, од проектот Самодоверба, Комуникација, Мотивација кои требаше да ги извршиме во живо ги дислоцираме он-лајн. Со самото тоа имаме одлична можност за зголемување на капацитетот на учесници кои ќе може да бидат дел од обуките.

Доколку сте на возраст од 16 до 29 години, живеете или учите во Општина Аеродром и имате желба да ги посетите бесплатните обуки за невербална/вербална комуникација, деловен бон-тон, креирање на лично CV и мотивациско писмо како подготовка за предизвикот вработување, ве покануваме да се пријавите на следниов линк: КЛИКНИ ТУКА

Грижата за младите и правилно насочување кон вештините потребни за кариерен развој се наш приоритет. Со цел зајакнување на капацитетите на младите кои се жители или учат на територија на Општина Аеродром ве очекуваме во добро расположение и со позитивна енергија.

За сите останати прашања и детали можете да не контактирате по пат на меил или телефонски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.