Сакате да го подобрите вашиот учебен метод и да го подигнете вашиот социо-емоционален развој на учениците во инклузивното образование? ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ви нуди вистинска шанса за тоа! Пријавете се за нашите БЕСПЛАТНИ обуки и освежете ги вашите вештини како воспитно образовен кадар.
Сите заинтересирани лица кои se вработени во основните училишта и сакаат да го подобрат својот професионален развој и вештини се добрeдојдени! Пријавете се сега и направете го првиот чекор кон подобро образование и развој на вашите ученици!
Што нудиме:
- Експертски предавачи: Научете од најдобрите во областа на комуникациски вештини, кои ќе ви пренесат своето богато искуство.
- Практични обуки: Развивајте ја вашата способност за работа со различни типови на ученици, вклучувајќи ги и оние со посебни потреби.
- Сертификат од ЕУ ИНСТИТУТ Скопје: По успешното завршување на обуките, добивате официјален сертификат од ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.
- Предвидени активности: Имајте прилика да учествувате во разнообразни активности и работилници што ги подигнуваат вашиот социо-емоционален развој.
Кој може да се пријави:
Наставници кои работат во училиштата на терирорија на Општина АЕРОДРОМ
- ООУ „Лазо Ангеловски“
- ООУ „Блаже Конески“
- ООУ „Браќа Миладиновци“
- ООУ „Љубен Лапе“
- ООУ „Ѓорѓија Пулевски“
- ООУ „Димитар Македонски“
- ООУ и ПОУ „Гоце Делчев“
- ООУ „Александар Македонски“
Линк за пријава: ТУКА
Рок на пријавување:
- Од 05.09.2023 до 12.09.2023 година
Начин на одржување:
Он-лајн преку платформа Microsoft Teams
НАПОМЕНА:
Бројот на места е ограничен, затоа побрзајте!
Доколку ви се потребни повеќе информации можете да не контактирате на: contact@euinstitute.eu
Сакаме да истакнеме дека оваа вредна иницијатива се одвива под капацитетот на Училиштето кое е главен носител на проектот, а тоа е првото инклузивно основно општинско училиште во Општина АЕРОДРОМ – ООУ “Лазо Ангеловски”. Училиштето не само што е пример за инклузивно образование, туку и е иницијатор на соработка и заеднички напори. Ние сме горди што соработуваме со сите општински училишта на територија на АЕРОДРОМ, преку потпишаните меморандуми за соработка. Оваа соработка нè обединува во заедничка ангажираност за спроведување на разновидни иницијативи, проекти и активности, што ги насочуваме кон заеднички општествени цели и интереси на нашите граѓани.
Со вашето учество, ќе продолжиме да го засилуваме инклузивното образование и да го подобруваме животот на сите ученици на територија на нашата матична Општина АЕРОДРОМ.
Голема благодарност до донаторот Град Скопје и до нашата матична Општина АЕРОДРОМ, кои со својата поддршка и ангажираност даваат силен знак за значењето на инклузивното образование и заедничките цели што ги споделуваме како заедница. Вашиот придонес и поддршка значи многу и го овозможува нашиот проект да напредне и да ги подобрува можностите за развој на сите наши ученици.🙏🌟
Верица П. Гичева – Претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
Ве очекуваме со позитивна енергија и добро расположение.
Датум на објавување: [05.09.2023]
#ИнклузивноОбразование #ОбукиЗаНаставници #ОбукиЗаВоспитувачи #СоциоЕмоционаленРазвој #КомуникацискиВештини #ЕУИНСТИТУТСкопје #ЕИ #НевербалнаКомуникација #ГоворотНаТелото #Емоции #ЕмоционалнаИнтелигенција #ОпштинаАеродром #Проекти #ЗаЗаедничкаСоработка
м-р Лидија Шкуртевска
Прекрасни наслови,потребни теми за понатамошно унапредување на воспитно образовниот процес, во услови на инклузивност средина…