Промоција на публикација за деца во Охрид

На ден Петок 14 Октомври 2022 година со почеток во 12ч. во Национала Установа Библиотека “Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи промоција на прирачник за деца од предучилишна и училишна возраст.

Модератор на настанот е долгогодишниот соработник на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, официјален лектор на здружението, воедно и на публикацијата, М-р Милчо Јовановски директор на библиотеката.

“Социо-емоционален развој на деца“ – прирачник

За публикацијата ќе говори авторот, Верица П. Гичева претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Гостин говорник на промоцијата е Проф.Д-р Зенделабедин Шехи.

ЕУ ИНСТИТУТ Скоје

Ги покануваме сите воспитувачи, раководители, директори, учители, логопеди, дефектолози, педагози и родители да бидат гости на настанот.

Публикацијата е наменета за воспитувачи, родители и деца до 7 години од предучилишна возраст како и за деца кои се со лесна ментана попреченост на возраст до 11 години.

Публикација – СОЦИО-ЕМОЦИОНАЛАЛЕН РАЗВОЈ НА ДЕЦА

На крајот на промоцијата ќе има и отворен панел за дискусија.

Книгата ‘Социо-емоционален развој за деца“ ќе биде достапна и за продажба и тоа по промотивна цена од 500 денари.

Ве очекуваме во добро расположение.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *