ЕУ ИНСТИТУТ Скопје публикуваше конференциски турд презентиран на 7ма Интернаионална научна конференција “Фокус на иднината – Заеднички да се соочиме со предизвикот на пост Ковид-19“.
На 28ми Јуни 2021 година се одржа меѓународна интернационална научна конфренција на која ЕУ ИНСТИТУТ Скопје беше еден од партнерите на UCB VII-та меѓународна научна конференција заедно со:
- Институт за применети студии по бизнис – IASB – Тирана, Албанија;
- ЕУ ИНСТИТУТ Скопје – Северна Македонија;
- Љубљанска школа за бизнис – ВСПВ – Словенија;
- Националниот педагошки универзитет Х.С.Сковорда Карков – Украина;
- Висока школа за осигурување и финансии – ВУЗФ – Бугарија;
- Балтичка меѓународна академија – Латвиска Република;
- Универзитет Андреј Сагуна – Романија
- Универзитетски колеџ „Канадски институт за технологија“ – Тирана, Албанија
Организатор на настанот беше престижниот Универзитетскиот колеџ за бизнис-Тирана, Албанија со неговите три главни единици: Економски факултет, Правен факултет и Колеџ за високи стручни студии.

Ова беше уште една успешна и плодна соработка меѓу организаторот и партнерите преку развој на научно истражување во мултидисциплинарни области како што се: економија, право, образование, социо-политички науки и стручни студии.
Претставник кој имаше свој научен презентациски труд на конференцијата беше Верица Пандилоска Гичева, претседател и основач на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, автор на публикацијата “Менталната хигиена во услови на Ковид-19 и глобална пандемија”.
Трудот беше креиран и презентиран на англиски јазик со налов Mental hygiene during Covid-19 and the global pandemic. За потребите на институтот и македонската јавност истиот беше преведен на македонски јазик и уреден од страна на Звонко Гичев, оперативен директор во ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Лектура направи М-р Милчо Јовановски.

И двете публикации добија свој меѓународен стандарден број кој го издава Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Агенција за ISBN на Република Македонија.
Двата поединечни наслови на публикацијата на трудот (англиски и македонски јазик) се со ISBN ознака, и се застапени во Меѓународната Агенција ( Publishers Internacional ISBN Directory) што го издава Меѓународната Агенција за ISBN во Лондон.
Броеви на заверки во ISBN системот на Македонија, а со тоа и во Меѓународниот ISBN систем се:
- Mental hygiene during Covid-19 and the global ISBN 978-608-4880-04-2, COBISS.MK-ID 54488581
- Менталната хигиена во услови на Ковид-19 и глобална пандемија ISBN 978-608-4880-05-9, COBISS.MK-ID 54488069
Овој конференциските труд е со меѓународен импакт фактор и ќе биде објавен и во изданието за кодекси за ISBN и еден од најдобро оценетите од страна на Научниот одбор на конференцијата. Ќе биде објавен во следното издание на „Научен журнал за професионални студии (SJPS)“ со E-ISSN 2520-0933 и ISSN 2412 -5865 (Печати) код.
Публикациите се заверени во дигитална форма и се достапни во полето издаваштво на веб страницата на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.
Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!
Напишете коментар