Во склоп на нашиот посветен напор за подобрување на предучилишното воспитание и образование, гордо ги споделуваме последните информации кои се однесуваат на проектот “Комуникациски Вештини за Воспитно Образовен Кадар” 2023 година. Ова е втор по ред проект кој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје успешно го имплементира заедно со општинските власти на територијата на Општина ГАЗИ БАБА Скопје. Веруваме дека со заеднички позитивен импут ќе креираме позитивно влијание во заедницата и ќе продолжиме да донесуваме значителни промени во образованието на воспитно образовниот кадар, односно на нашите најмлади граѓани.
Преглед на проектот
Проектот “Комуникациски Вештини за Воспитно Образовен Кадар” за 2023 година започна со изработка и усвојување на методологија што ја вклучуваше целокупната подготовка и планирање на обуките (говорот на телото, невербална комуникација и ЕИ). Постапката продолжи со пријава на учесници, креирање на анкетен прашалник за добивање на јавно мислење и дополнително, креирање, изработка и испорака на обуките. Учесниците активно учествуваа во процесот, пополнувајќи го анкетниот прашалник и земајќи учество на обуките што беа подготвени со голема внимателност и вештина.

Проектот како дел од досегашните успеси
Важно е да се напомене дека ова не е нашиот прв проект реализира на територија на Општина ГАЗИ БАБА -Скопје, РСМ. Проектот “Социо-емоционален развој на децата во предучилишна возраст” беше успешно реализиран во 2022 година и остави значителен печат на образованието во областа. Нашиот втор проект, “Комуникациски Вештини за Воспитно Образовен Кадар,” веќе донесе позитивни промени и тоа е нашиот стимул за да продолжиме предадено да работиме на јакнење на капацитетите на човечките ресурси и човечкиот капитал.
Осврт за обуката со г-ѓа Валентина Ангеловска-Ќиевска
На почетокот на започнувањето на модулите од обуката, учесниците ги поздрави и г-ѓа Валентина Ангеловска-Ќиевска (гешталт психотерапевт), Раководител на одделение за јавни дејности (ОГБ). Во својата изјава, таа го истакна значењето на обуката и интензивната работа која беше извршена од страна на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.

„Обуката “Комуникациски Вештини“ за воспитно образовниот кадар во градинките на територија на ОГБ вчера беше реализирана од страна на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје на најпрофесионален и стручен начин. Со модулите од оваа обука, вработените во градинките се стекнаа со структурирани и наменски знаења токму за нивната работа. Од интеракцијата во текот на обуката се согледа дека постоеше интерес за примена на знаењата во пракса“.
Валентина Ангеловска-Ќиевска (гешталт психотерапевт) – Раководител на одделение за јавни дејности (ОГБ)
Вложување во човечкиот капитал, вработените во ЈУДГ-Детските градинки треба да е практика и дел од стратегијата за човечки ресурси на секоја држава. Вработените кои работат во ваков вид на Јавни установи за згрижување и нега на деца се важен сензитивен ресурс на нашата земја. Личниот развој на еден вработен, неговиот кариерен развој е исклучително важен за самиот вработен и води кон развој на компанијата, институцијата, економијата.

Горди сме што промовираме иницијатива за подобрување на образованието во областа на професионален и кариерен развој на воспитно образовен кадар во градинките. Проектите како “Комуникациски Вештини за Воспитно Образовен Кадар” 2023 се засноваат на соработката и посветеност на сите вклучени страни (негувателки/воспитувачки/СС – ОГБ- деца – родители).
Грижа и инвестиција во кадарот во градинките е клуч на јавните установи за деца кои згрижуваат и образуваат. Ова е инвестиција во кадар која е потребно да ја има во континуиран процес. Самоефикасен персонал во државните градинки како и негово прилагодување на работа спрема индивидуалните потреби на децата е од суштинско значење. Потребни се континуирани курсеви за обука на кадарот во градинките кои ќе бидат вклучени во нова наставна програма за обука, не само за да го научи, туку и да го поттикне, води и инспирира детето да го сака учењето.
Од име на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје благодариме пред се на општина Гази Баба и секако на сите негувателки, воспитувачки, стручни служби, директорки што се дел од едукативната заедница на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Верувам дека со вашиот континуиран ангажман и поддршка, заеднички можеме да продолжиме да правиме значителни позитивни промени во образованието и воспитанието на децата“.
Верица Пандилоска Гичева – претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
Останете со нас за подетални информации и новости околу проектот. На сите учесници од ЈУДГ “25 Мај“ и ЈУДГ “ДЕТСКА РАДОСТ“ им благодариме за учеството во проектот, позитивните коментари и секако на ОГБ за вашата поддршка и ангажман.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!
Напишете коментар