Реализирана промоција на “Социо-емоционален развој на деца“ во библиотеката во Охрид

На ден Петок, 14 Октомври 2022 година со почеток во 12ч. на локација НУ Библиотека “Григор Прличев“ – Охрид од страна на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје беше промовирана публикацијата за деца “Социо-емоционален развој на деца“ од предучилишна и училишна возраст.

Во пријатна атмосвера ова есенско попладне, во библиотеката имавме можност да се дружиме, разговараме и споделиме искуства со гостите кои беа психолози, педагози, воспитувачи и учители од предучилишните установи и основните училишта во градот.

Модератор на настанот беше директорот на библиотеката, воедно и лектор на публикацијата, м-р Милчо Јовановски. Тој врвно професионално даде прикладен вовед во соработката пред се на библиотеката со ЕУ ИНСТИТУТ Скопје низ годините. Потоа од своја гледна точка гостите ги воведе во темата и содржината на книгата.

За книгата говореше авторот, Верица Пандилоска Гичева. Таа детално го опиша процесот на создавање и искуствата низ годините со градинките на територија на РС Македонија, децата, воспитувачите и родителите на тема невербална комуникација, емоционална интелигенција и психологија генерирани во оваа публикација насловена како “Социо-моционален развој на деца“ од предучилишна и училишна возраст.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје за соработката на овој проект врачи благодарница на м-р Милчо Јовановски кој возврати со подарок, монографија “Прличеви беседи“ (1952-2022) хроника на еден културен настан и “Каталог“ на стари и ретки книги изданија на Националната установа Библиотека “Григор Прличев“-Охрид.

Благодариме на домаќините и секако на гостите кои беа дел од промоцијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.