На почеток на месец Март 2022 година Здружение за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје реализираше работна средба со м-р Магдалена Петреска, в.д. директор на Основното Општинско училиште “Лазо Ангеловски“ кое се наоѓа на територија на Општина Аеродром, Скопје РСМ.
Разговорот го водевме во пријатна работна атмосfера и тоа на теми врзани за неформалното образование на децата од училишна возраст како и на воспитно образовниот кадар во училиштето. Низ раговорот заеднички дадовме значај за потребата на неформалното учење на децата, но и на возрасните кои го сочинуваат професионалниот тим на стручни соработници во училиштето.
Воспитно-образовниот процес кој се остварува во основните училишта, како и дејноста на основното образование е дел од единствениот воспитно-образовен систем. Дејноста на основното образование е од посебен јавен интерес. Закон за основно образование Член 1
Секогаш се трудиме да го подобриме воспитно-образовниот процес во училиштето. Од особена важност ни се ваквите средби, соработки и реализации на проектни активности кои ќе ги зајакнат капацитетите на учениците, но се разбира и на кадарот во училиштето кој работи со децата.
Со ЕУ ИНСТИТУТ Скопје расположени сме да работиме на полето на неформално образование на различни содржини кои ќе придонесат кон поквалитетна услуга и развој на компетенции на тимот на училиштето.
М-р Магдалена Петреска, в.д. директор на ООУ “Лазо Ангеловски“, Општина Аеродром Скопје РСМ
Разговаравме и за идни проекти од инклузивен карактер се со цел, подобрување на училишното образование и користење на едукативни ресурси за подобрено училишно образование.
Во Јуни 2020 година од страна на Министерот за образование и наука беше донесен нов концепт за инклузивно образование кој е од особена важност за целиот општествен систем во државата.
Разговорот го водевме и во оваа насока бидејќи вклучувањето и развојот на учениците со посебни образовни потреби е предизвик и потреба која цениме дека е потребно да се третира во делот на училишното образование.
Оваа 2022 година стратегијата на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје е во насока на подобрување на неформалното предучилишно и училишно образование. Со таа цел изработивме нова методологија на проектни активности кои ќе придонесат кон креирање на нова интерактивна неформална програма во градинките и основните училишта. Ќе бидат вклучени децата, воспитувачи, стручна служба, одделенски и предметни наставници, дефектолози, логопеди, психолози, социолози, социјални работници…..
Преку неформалното образование ќе направиме чекор напред во заедницата каде на сите инволвирани страни (деца, родители, кадар) како невладин сектор ќе помогнеме во развивање на компетенции кои се неопходни за остварување на позитивно влијание и улога во образовниот процес.
Неформалното образование е придобивка која е важно да се интегрира во воспитно образовниот процес. Затоа организирање на заеднички семинари, конференции, публикации, проекти и образовни програми ќе бидат дел од идните заеднички активности.
Верица Пандилоска Гичева, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и ООУ Лазо Ангеловски реализираа меморандум за соработка и ќе соработуваат во области на заеднички интереси.
Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!
Напишете коментар