Фокус на млади и нивната определба и избор на животна професија како и зајакнување на нивните лични капацитети преку неформални едукации и советувања се секогаш приоритет на Здружение за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.
Искористување на потенцијалот на младината е главната стратешка цел ЕУ ИНСТИТУТ Скопје која се имплементираше во проектот Самодоверба, комуникација, мотивација поддржан од Општина Аеродром. Неформални едукации за подобрување на меките вештини преку наменски изработени обуки и давање насока за професионална определба и кариерен развој беа стратешки главната цел за зајакнување на капацитетите на младите (16-29) кои живеат на територија на општината.
По тој повод почитувани следбеници, на карјот на оваа 2021 година со особена чест и задоволство накратко преку ова видео ви ги претставуваме сумираните активности и резултати од проектот Самодоверба, комуникација, мотивација кој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ги реализираше во соработка со Општина АЕРОДОРОМ.
Целна категорија: Средношколци, студенти и младинци до 29 години кои живеат на територија на Општина Аеродром. Предност за учество имаа млади лица кои се дел од социјално загрозени семејства, маргинализирани групи и сите останати млади кои се на возраст од 16-29 години кои имаа желба и мотив да ги усовршат своите комуникациски вештини
Опис на активноста: Зајкнување на капацитетите на целната група млади преку 6 модули наменски подготвени за личен раст и развој преку неформално образование. Обуки за млади беа на тема комуникациски вештини, самодоверба, лична мотивација и инспирација, иднина и старт, анкета за евалуација како и промоција на публикација НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА, музички хепенинг.
Цел на активноста: Правилно развивање и насочување на младината за зајакнат кариерен развој, понатамошно школување, полесно вработување и давање максимален придонес во општеството.
Времетраење на проектот, 6 месеци.

Како ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ја изразуваме нашата благодарност до Општина АЕРОДРОМ која овозможи да се реализира овој проект, секако и до сите учесници, координатори, волонтери, практиканти, предавачи. Беше чест и задоволство да се соработува со сите вас.
Веруваме дека сите учесници ќе ги практикуваат здобиените знаења, ќе се подобрат првенствено за себе а потоа и за семејството, училиштето, заедницата, општеството.
Тимот на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје Ви посакува светла иднина и успех во понатамошните животни предизвици.
Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!
Напишете коментар