Голем број аеродромци синоќа присуствуваа на јавниот настан Самодоверба, комуникација, мотивација што се одржа во Паркот на светлината. Со ова започна истоимениот проект кој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје го имлементира на територија на оптината. Учесници во проектот се млади лица кои се на возраст од 16 до 29 години и кои живеат на територија на општината.

Настанот започна со промоција на публикацијата Невербална комуникација, по што обраќања имаа претседателката на ЕУ Институт Скопје, Верица Пандилоска Гичева, како и претседателот на Европски институт за менаџмент, право и дипломатија, проф. д-р Зендел Абедин Шехи.

На настанот благодарности им беа доделени на секретарот на Општина Аеродром, Марица Ѓурческа, како и на други претставници од oпштината за безрезервната поддршка на проектот и за неговата реализација.

Овој настан на отворено успеа да ја спои едукацијата со забавата, а со цел постпандемиска поддршка на граѓанскиот сектор, преку модел на директно граѓанско учество во Општина Аеродром, како и изградба на капацитетите за подобар живот на граѓаните и нивно разбирање со цел успешно функционирање во заедницата.
Во текот на целиот настан траеше хуманитарна акција за собирање донации за жртвите на семејно насилство што живеат на територија на општината. Собраните средства транспарентно ќе бидат распределени онаму каде што се најмногу потребни.

Аеродромци потоа уживаа во музичките настапи на Бени Шаќири, Кристина Димитриевска, Верица Пандиловска, Ибуш Ибраимоски и Амир Ибраимоски.
Овој настан беше во организација на Општина Аеродром и ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.
Напишете коментар