Светски ден на ментално здравје

категорија: Информации | 0

10ти Октомври е светскиот ден на менталното здравје. Темата за оваа 2021 година која ја објави Д-р Ингрид Даниелс, претседателот на WFMH гласи „Менталното здравје во нееднаков свет“. Целта на овој ден е подигнување на нивото на свеста за менталното здравје низ целиот свет.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје како здружение за образовно истражувачки развој третирајќи ја оваа сензибилна тема ја поддржува оваа светска кампања. Свој придонес со третирање на оваа тема и медицинска појава даваме во текот на целата 2020/21 година.

Во моментов сме сведоци дека владее пандемија на ментални пореметувања поради пандемија на Ковид-19. Битански Гардиан денес изјавува дека менталното здравје е пореметено на светско ниво.

Општата цел е да создадеме стимулативна околина кој ќе придонесе позитивен резултат за општеството. Интенцијата е да ги подобриме стандардите и практиките како невладин сектор и да придонесеме во вклучувањето на сите засегнати страни на патот кон воспоставување на една општествено одржлива глобализација. Запирање на ширењето на корона вирусот и ублажување на пандемијата со фокус на најранливите категории на граѓани и тоа преку квалитетна информираност, поттикнување на говор на позитивизам ( не говор на омраза ).

Во моментов кој што го живееме сите делиме ист проблем, иста состојба и сме соочени со ист предизвик, а тоа е најсоодветен мотив да се избориме со Ковид-19 криза. Пандемијата сѐ уште влијае врз сите нас, при тоа не бирајќи пол, возраст, верска, партиска или национална определба. Соочени сме со директно влијание на нашите деловни активности бидејќи од нив зависи нашата сигурност. Укажувам дека и покрај тоа што ограничувањата ни поставија нов предизвик во склоп со новонастанатата ситуација, мораме ментално да се подготвиме да понудиме нови можности и решенија за работа на дефинирана комуникациска стратегија, за да се овозможи нормален тек на активности во услови на денешната “пост пандемиска“ реалност.

Верица Пандилоска Гичева – Публикација “Ментална хигиена во услови на Ковид-19 и глобална пандемија“ 2021 ISBN 978-608-4880-05-9

По тој повод оваа година организиравме две научни конференции на истата тема. Преку објава на публикации и научни трудови како граѓанска организација земавме активна улога во справувањето со оваа ментална криза како во нашата земја така и меѓународно.

Придонес за позитивно влијание во заедницата како и советувања ( он-лајн ) на оваа но и останати теми е една од стратешките цели на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.

Сеуште сме сведоци за фактот дека глобалната пандемија и Ковид-19 секојдневно влијае на граѓаните од сите возрасти. Доведува до инфекции и болест, во голем број случаи и до смрт.

Ова е сериозен проблем за сите семејства кои изгубија дел од своите најблиски. Преживеаните членови на семејствата сеуште се соочуват со длабока болка, тага, економски влијанија и проблеми. Некои од нив ја изгубија својата работа па на тој начин во нивните домови сеуште владее несигурност.

Потребни се повеќе професионалци за ментално здравје-глобалниот просечен број на работници за грижа за ментално здравје е 9 на 100 000 луѓе (од 1,6 во земјите со ниски приходи до 72 во земјите со високи примања)

PROGRESS IN MIND, Psychiathry & Neurology Resource Centar

Психолошката вознемиреност доведе до тешкотии со менталното здравје. Физичкото дистанцирање сите не доведе до социјална дистанца.

Преку он-лајн едукации и поддршка на тема ментална хигиена во услови на глобална пандемија како ( објава на трудови на истата тема ) придонесовме кон давање осврт за менталното здравје, вклучувајќи и практични идеи и совети за деца на возраст до 11 години како да се справат со оваа медицинска појава.

Веруваме дека во блиска иднина ќе се намалат овие здравствени проблеми, ќе се намали процентот на лица засегнати со овој проблем наречен ментално здравје, ќе се подобри благосостојбата на граѓаните, а со самото тоа ќе се зголеми квалитетот на нашето ментално здравје.

Најдовме начин да се бориме со короната но, сега е време да се бориме со последиците. Ви посакува добро здравје, лична мотивација, самодоверба и позитивна енергија.

Со почит, Верица Пандилоска Гичева претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *