Свечено доделување сертификати во ЈУДГ на ОЦ “Кочо Рацин“

По повод реализација на проект “Ментална хигиена за деца во предшколска возраст“ од страна на Здружение за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје а со овозможувачка поддршка на Општина ЦЕНТАР, во Јавна Установа за деца – Детска градинка на Општина Центар “Кочо Рацин“ – управа се одржа свечено доделување на сертификати за успешно реализирана проектна активност.

Габриела Алабашовска, директор на ЈУДГ на ОЦ “Кочо Рацин“ на дел од кдарот (кој беше во можност да присуствува) од управата, вклучувајќи ги и клоновите: „Наум Наумовски Боче“ , “БЕЛИ МУГРИ“ и “ПАНОРАМА“ се обрати на присутните и ги сублимираше впечатоците од активноста.

Секогаш сме расположени за активности кои ќе придонесат за зајакнување на капацитетите на кадарот односно на децата. Примената на стандардите за рано учење преку најразлични ресурси за развој на децата е добра практика за поттикнување на раното учење кај најмалите и најмилите.

Во однос на кадарот, секогаш практикуваме надоградување на капацитетите преку едукации.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје се нашите нови соработници и пријатели со кои верувам дека кавлитетно ќе соработуваме и во иднина, на други теми и активности.

Габриела Алабашовска – директор на ЈУДГ на ОЦ “Кочо Рацин“

Неодамна ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и ЈУДГ на ОЦ “Кочо Рацин“ потпишаа меморандум за меѓусебно разбирање и соработка со кој ќе ги негуваат и штитат заедничките интереси.

Од особена важност е продолжување на взаемната соработка преку организирање на интерактивни работилници, семинари, обуки и објава на публикации кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на кадарот а воедно и на децата.

За довербата која на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ја даде Општина ЦЕНТАР заедно со сите детски градинки кои се наоѓаат на нејзина територија, вклучувајќи ја и ЈУДГ “Кочо Рацин“, претседателот на здружението Верица Пандилоска Гичева додели благодарница за градинката, директорката, како и сертификати за сите учеснички на проектот кои беа дел од стручната служба-воспитувачи и негователки, кои се кадарот во објектите и дел од овој правен субјект.

Социо-емоционалниот развој на децата во предучилишна возраст е клучна вредност и основа за дефинирање на стандарди за рано учење и развој. Градењето на позитивна слика за себе, самодовербата, компетентноста во интеракција со околината и врсниците, способноста за разбирање пред се на сопствените емоции како и контролата на чувства се нешто на кое е потребно сите заеднички да работиме.

Квалитетот на животот зависи од квалитетот на нашето ментално здравје и нашите комуникациски вештини. Општата цел на овој проект беше да создадеме стимулативна околина која ќе придонесе кон креирање на позитивен резултат како за децата така и за возрасните.

Главната цел во идентификацијата на потреби беше поттикнување и подобрување на социо-емоционален развој на целната група на деца во градинките како и креирање на квалитетна релација помеѓу децата, воспитно-образовниот кадар и родителите.

Воспоставување на квалитетни релации помеѓу децата преку практикување и јакнење на емоционална интелигенција и емпатија секогаш ќе бидат наш заеднички стратешки приоритет.

Верувам дека ова е само почеток на едно ново пријателство и стимулација за нов работен предизвик во иднина.

Верица Пандилоска Гичева – претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Продолжуваме континуирано со нефомални едукација и мисија на надградување на знаења низ сите домени во развојниот процес и учењето кај малите деца но и возрасните.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *