Во Јавна Установа за деца – Детска градинка на Општина Центар “Раде Јовчевски Корчагин“, клон “Пепелашка“ денеска се одржа настан за свечено доделување на сертификати од страна на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и Општина Центар-Скопје, РСМ на стручните работници и негователки, учеснички на едукативно предавање од проект “Ментална хигиена за деца во предшкоска возраст“.
Целта на проектот беше креирање на интерактивна програма за подобрување на социо-емоционален развој на децата во предучилишна возраст и зајакнување на нивните капацитети преку подобрување на нивното ментално здравје.
Домакин на настанот беше директор Лидија Поповска која во удобноста на објектот “Пепелашка“ ги организраше сите учеснички во проектот кои се дел од управата, градинка “Пинокио“ како и учесничките во проектот од клоновите “Пепелашка“ и “Палешка“.
Ја поздравувам идејата за реализација на овој проект. Важни ни се сите видови на активности со кои ќе придонесеме за стекнување на силна емоционална основа во раното детство како основа за понатамошен развој и позитивно влијание кое ќе се постигне во однос на кадарот, децата и родителите.
Лидија Поповска – директор на ЈУДГ “Раде Јовчевски Корчагин“
Со поздравен говор таа им се обрати на претставниците од општината, Градоначалник на Општина Центар Саша Богдановиќ, г-ѓа Јагода Јанковска, Верица Пандилоска Гичева претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и на останатите присутни гости. Како срдечен домаќин, во име на соработката на проектот таа ја имаше честа прва да ги додели благодарниците на престатвниците од општината и на членовите на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.
Здружение за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и ЈУДГ “Раде Јовчевски Корчагин“ во име на проектот “Ментална хигиена за деца во предшколка возраст“ но и идна соработка на други активности и проекти, потпишаа меморандум за взаемно разбирање и соработка.
На присутните гости и учесници во проектот се обрати и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. Во знак на благодарност тој во име на општината додели благодарница на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, и предавачите.
Ова е прва соработка која ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ја има со Општина Центар. Особено сме горди што сите градинки на територија на општината имаа позитивни реакции во однос на активностите. Верувам дека со овој проект направивме чекор напред во доедукација на кадарот во градинките на територија на општината. Ценам дека од особена важност е зајакнувањето на менталниот капацитет на децата и поттикнувањето на емоционалната интелигенција ( зголемена способност за препознавање, изразување и контролирање на емоции) како и давање акцент на емпатијата преку стимулирање на внимание, контрола на импулси за воспоставување на здрави односи во животот преку учење на емоционални вештини.
Верица Пандилоска – претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
ЕУ ИНСТИТУТ Скопје во знак на поддршка додели благодарници на Општина Центар, градоначалник Саша Богдановиќ и на помошник раководител на сектор за јавни дејности Весна Куковска како и на домакинот, директор Лидија Поповска и ЈУДГ “Раде Јовчевски Корчагин“.
Веруваме дека преку целосна имплементација на овој проект ќе ги реализираме предвидените цели и како резултат ќе имаме подобрено предучилишно образование. Спроведувајќи ги активнсотите очекуваме дека со проектот ќе ги подобриме политиките на раководење во градинките, ќе креираме подобрена рамка за понатамошна работа со децата. Со подобрено предучилишно образование на општествено ниво очекуваме зголемени капацитети на децата и воспитувачите.
Децата се иднината во која секогаш е потребно да вложиме.
Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!
Напишете коментар