На 3 Јуни 2021 година во просториите н ЕУ ИНСТИТУТ Скопје се одржа втората по ред обука за зајакнување на комуникациските капацитети на естрадните уметници. По Ковид-19 и глобалната пандемија и овој сектор на делување имаше потреба од доедукации на тема комуникациска писменост.

Во две работни сесии учесниците имаа можност да проследат предавања на тема комуникациски вештини и деловен Бон Тон од предавач, Звонко Гичев компетентно лице во област на принципи на машка и женска деловност како и на вербална и невербална комуникација.
Предавач: Звонко Гичев ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
Здружение на ЕСТРАДНИ УМЕТНИЦИ на Македонија
Предавањата се одвиваа во позитвна атмосфера. Се развија и дискусии како производ на поставените прашања.

Ова беше позитивно искуство и позитивно влијание во заедницата во периодот од пост Ковид-19 и глобална пандемија.
Веруваме дека придонесовме за квалитена едукација во полето на комуникациски вештини и развивање на емпатија на естрадните уметници.

На сите учесници, естрадни уметници кои беа дел од обуките им посакуваме успех во пнатамошната работа и делување.
Продолжуваме понатаму со нови теми и предизвици.
Напишете коментар