2022

Проект: МЕНТАЛНА ХИГИЕНА ЗА ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ

Партнер во проектот: Општина АЕРОДРОМ

Целно подрачје и локација: Градинки на територија на Општина АЕРОДРОМ

Цел: Зајакнат ментален капацитет, подобрена концентрација и внимание, силна емоционална основа за понатамошен развој, развиени социјални вештини, квалитетно исполнето време во градинката, зајакнат капацитет на воспитувачите, успешна локална акција помеѓу деца-родители-воспитувачи, подобрени односи со луѓе.

Целна Група:

Категорија 1- Деца во предучилишно образование (средна и голема група)

Категорија 2 – Воспитно образовен кадар во градинките

Категорија 3 – Родители

Деца од предучилишна возраст, воспитувачи и родители кои ги посетуваат градинките на територија на Општина АЕРОДРОМ.

Опис на активноста: Креирање иновативна интерактивна програма за подобрување на социо-емоционален развој на децата во предучилишна возраст, зајакнување на нивните капацитети преку подобрување на менталното здравје како и обуки за воспитувачи и негователки.

Период на имплементација: 6 месеци.

_________________________________________________________________________________________________________________________

Проект: СОЦИО-ЕМОЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ

Партнер во проектот: Општина ГАЗИ БАБА

Целно подрачје и локација: Градинки на територија на Општина ГАЗИ БАБА

Цел: Подобрување на процесот на раното учење (неформална едукација) и грижа кај децата од предучилишна возраст, креирање амбиент што ќе ја поттикне креативноста, едукацијата и ќе го збогати искуството во процесот на раното учење.

Целна Група:

Категорија 1 – Деца во предучилишно образование (средна и голема група)

Категорија 2 -Воспитно образовен кадар во градинките

Период на имплементација: 3 месеци.


Проект: ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Цел: Подобрување на квалитетот на живот преку имплементирање на знаење од пазарот на капитал( лични, семејни финансии ) и зајакнување на капацитетите на граѓаните преку креирање на финансиска слобода.

Целна Група: Средношколци, студенти, младинци и возрасно население од приватен и јавен сектор.

Период на имплементација: 12 месеци.

_______________________________________________________________________________