Проект: ПРЕТРПИЕМНИЧКА СИЛА ЗА МЛАДИ ЖЕНИ

Донатор: Сектор за локален економски развој-Одделение за поддршка и развој на мали и средни претпријатија, претприемништво и иновации на Град Скопје 

Поддржувачи на проектот: Општина АЕРОДРОМ и СУГС “Владо Тасевски“ – Скопје

Целно подрачје и локација: Општина АЕРОДРОМ – Скопје

Цел: Проектот има за цел да ги охрабри младите жени со практични вештини за успешно претприемништво и кариерна изградба, да ги поддржи во развојот на инклузивни и одржливи бизнис и општествени иницијативи, и создаде можност за вклучување на сите слоеви на заедницата.

Целна Група: Девојки/жени, млади кои се среќаваат со различни предизвици и барања, вклучувајќи го недостатокот на информации и свест за претприемништвото и кариерните можности, недоволната поддршка и менторство, како и стереотипите и социјалните норми што ги ограничуваат во нивниот избор и напредок. Сепак, оваа група има огромен потенцијал и талент, со соодветна поддршка и образование да се поттикне и охрабри со цел да осигура успешно справување со овие предизвици.

Опис на активноста: Хибриден модел на он-лајн обука и програма со физичко присуство, реализација на анкета за креирање на јавно мислење, креирање Методологија на општествено опкружување и програма за обуки.

Период на имплементација: 1 месец

_________________________________________________________________________________________________________________________

Проект: “СОЦИО-ЕМОЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА ДЕЦА ВО ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ“

Партнер во проектот: Град СКОПЈЕ

Целно подрачје и локација: ООУ “Лазо Ангеловски“ Општина АЕРОДРОМ-Скопје

Цел: Креирање позитивна долгорочна промена и придонес кон јакнење на капацитетите на воспитно образовниот кадар во училиштето

Целна Група: Воспитно образовен кадар во училиштето

Опис на активноста: хибриден модел на он-лајн обука и програма со физичко присуство, реализација на анкета за креирање на јавно мислење, креирање методологија  на општествено опкружување и програма за обуки за подобрување и зајакнување на лични и колективни комуникациските вештини на кадарот во училиштето, за подобрено инклузивно училишно образование.

Период на имплементација: 2 месеци 

_________________________________________________________________________________________________________________________

Проект: КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ЗА ВОСПИТНО ОБРАЗОВНИОТ КАДАР ВО ГРАДИКИТЕ

Партнер во проектот: Општина ГАЗИ БАБА

Целно подрачје и локација: Градинки на територија на Општина ГАЗИ БАБА

Цел: Зајакнување на капацитетите на воспитно бразовните работници, воспитувачки/негувателки и стручни служби

Целна Група: Воспитно образовен кадар во градинките

Опис на активноста: Креирање методологија на општествено опкружување и програма за обуки за подобрување и зајакнување на лични и колективни комуникациските вештини на кадарот во градинките.

Период на имплементација: 2 месеци

_________________________________________________________________________________________________________________________Реализирана обука: ВЕРБАЛНА VS НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА

Обука за кадарот во ООУ “Мирче Ацев“ – Скопје 25.03.2023

________________________________________________________________________________________________________________________Проект: ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Цел: Подобрување на квалитетот на живот преку имплементирање на знаење од пазарот на капитал( лични, семејни финансии ) и зајакнување на капацитетите на граѓаните преку креирање на финансиска слобода.

Целна Група: Средношколци, студенти, младинци и возрасно население од приватен и јавен сектор.

Период на имплементација: 12 месеци