Средновековен замок со исконска убавина

Дали секој од нас живее во некаков поинаков свет? Многупати ме инспирираше да набљудувам и да откривам универзуми во луѓето според нивните размислувања, реалност и реализирани дела.

Секој од нас има различен свет во кој што живее. Нашиот мозок (кортекс) и нашиот свемир (личен универзум) кај сите нас е поинаков. Сигурно голем дел од вас го читале Карл Јунг, швајцарскиот татко на аналитичката и комлексна психологија. Во една реченица кажано, тој вели дека секој човек си има својa вселена. Значи секој од нас има свој свет во кој што царува.

Според истражувања на Мичогаку, Стивен Хокинг и др. денешната современата астрономија докажува дека околу нас постојат 300 милијарди други планети, други галаксии, светови.

За да можеме подобро да комуницираме, за да можеме да ги разбереме луѓето околу нас потребно е да ги разбереме различните светови во кој што живеат.

Создавање емоција

Музиката, уметноста, културата се единственото нешто кое не обединува. Во овој контекст, денес ќе ви претставам еден друг свет во кој што имав привилегија и можност да поминам ден од бајките опкружена со уметност и култура од некој друг век и друго време. Ќе се потрудам да ви раскажам една историја, приказна за еден од најубавите замоци (бар за мене) во Кралството Холандија.

Верица Пандиловска, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотографија: Звонко Гичев

Уште од дете ме интригираше историја, односно историја и на музика и на уметност, па некако предизвик ми беше среден век кои многумина не го сакаат поради темната страна на човештвото. Отсекогаш ме фасцинира и сум љубител на готската архитектура по која се градени замоци, катедрали, универзитети, опатии, цркви.

Готската архитектура како архитектонски стил започнува да се практикува првпат во Франција (12ти -17ти век).

Би ви кажала и зошто ова толку многу ме интригира, провоцира и интересира. Едноставно е. Пред се поради тоа што почетоците на оваа готска архитектура како архитектонски стил кој настанал во средниот век, главна карактеристика е создавањето на емоција.

Силното чувство кое произлегува од околностите, расположението или односите со другите луѓе го нарекуваме емоција.

Верица Пандилоска Гичева-НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА 2021 ISBN 978-608-4880-03-5

За емоциите многупати говорев како дел од невербалната комуникација и говорот на телото.

Моите базични емоции, како реакција на првото здогледувањето на Castle Dе Haar (Kastel de Haar) беа невербално манифестирање на среќа и изненадување, двете испомешани. Замокот го нареков “Дворецот на емоции“. Барем јас лично така го доживеав.

Castle De Haar“, замокот на убавината

Прво што ќе забележите уште при пристигнување во замокот е широкото зелено пространство.

Верица Пандиловска, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотографија: Звонко Гичев

Како посетител се оди исклучиво пешки, превозот ве остава неколку километри пред уште да се приближите до замокот.

Верица Пандиловска, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотографија: Звонко Гичев

Одењето пешки е дури и предизвикувачки, се оди по не многу широка асфалтна патека која е со класичен дрворед од столетни дрвја. Кога оддалеку ќе почне да се надзира капијата на дворецот, некако нешто ве придвижува. уште кога ќе видите како од далечина почнуваат да се надзираат контурите на замокот.

Верица Пандиловска, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотографија: Звонко Гичев

Визуелно кога гледате, се воочуваат три градби. Се влегува низ мост кој овозможува да се помине преку каналот со вода. Тој е всушност и капијата, влез од едната страна во замокот низ две кули во квадратна форма.

Ако добро погледнеме, се гледа дека замокот во кој што се живеело е во средина. Од левата страна има уште еден дел кој всушност е црква со капела за венчавки која и ден денес се користи. Постои можност да се закаже црквена церемонија за парови кои сакаат да стапат во брак и да се венчаат на имотот и воедно тоа можат да си го дозволат финансиски. Десно од замокот се протега уште една градба.

Верица Пандиловска, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотографија: Звонко Гичев

Стилски замокот De Haar е комбинација на замокот од средновековна архитектура и луксуз кој датира уште од период пред Првата светска војна.

Овој замок е изграден и датира уште од 13ти век. Се градел цели 20 години.

Градини

Со самото влегување во капијата се влегува во огромна пространа градина со ниски мозаични шимшири и пространа зелена трева наоколу. Градините се посебна приказна, секоја сама за себе ги има низ целиот имот, тематски се.

Верица Пандиловска, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотографија: Звонко Гичев

Од блиску замокот изгледа како разгледница. Чинам уште подобро отколку на слика. Изработен е од црвеникава цигла као градежна маса. Автентичен е. Во периодот од 1892 до 1912 година е реставриран, архитект бил Pierre Cuypers познат по неколку клучни реконструкции во Холандија (реконструкција на железничката станица во Амстердам итн).

Верица Пандиловска, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотографија: Звонко Гичев

Се вели дека и проектот за репарирање на замокот бил единствен од ваков вид во цела Европа. Да напоменам дека при реставрацијата, комлетната автентичност на замокот е комплетно задржана. Се е онака како штo некогаш било, во исправна состојба со тоа што при разгледување на просториите може да се види дека веќе се вовел водовод.

Castle De Haar е најголемиот и најлуксузниот замок кој се наоѓа во Кралството Холандија.

Кога буквално ќе дојдете до него нема да ви се верува дека однадвор, а богами и одвнатре е во беспрекорна состојба. Напросто изгледа како тука редовно да си живеат луѓе во него. Ова и не е далеку од вистината бидејќи до неодамна (чинам до пред една деценија) во него навистина редовно се живеело. Последни кои живееле се Баронот Етјен Ван Зулејн кој ја оженил внуката на прочуениот Ротшилд, бароницата Хелен Де Ротшилд.

Низ перфектно уредени дворски градини се доаѓа до главниот влез во самиот замок.

Верица Пандиловска, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотографија: Звонко Гичев

По скалила се искачувате до главната врата, влезот во дворецот. Однадвор изгледа целото тоа мегаломански, но моето чувство, кога влегов низ главната врата во првиот централен салон во дворецот, беше дека влегувам во некоја голема дневна соба.

Castle DE HAAR, Крластво Холандија- главна сала на дворецот, фотографија: Звонко Гичев

Влегувајќи во оваа централна сала, влегувате во главната сала на дворецот, во луксуз и стил својствен за тоа време кој и ден денес како фрагменти е опфатен во модерното уредување на простор. Половина од ова централно лоби е готска катедрала со фигури во тој стил, витражи со иконографија на кралеви, борби. Во ова луксузното лоби, доколку подигнете глава нагоре има огромен дрвен свод со украси од злато во вид на листови и уште безброј други детали.

Содржината на замокот

Замокот е висок неколку ката. На секој кат се различни простории наменети за различен вид на гости, послуга, дружења, анимации, читање, ручање, забави, свирење на пијано и ред други активности.

Трпезаријата се наоѓа на првиот кат. Сеуште се користи кога баронот има гости, се прават вечери. Таа е перфектно уредена со цел можен кралски прибор, порцелани, свеќници. Во неа максимум може да седнат 34 гости. Ја изградил баронот Етјен и велат дека е најбогат простор во замокот.

Трпезарија Castle “DE HAAR”,Верица Пандиловска, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотографија: Звонко Гичев

Витешка сала е приказна сама за себе. По ручеците и вечерите, домаќините и гостите уживале во овој простор. Ме воодушеви комплетно целата приказна на уреденоста на салата, раскошни фотељи, масивно дрво, на ѕидовите таписерии и слики со витешки борби, железни витешки оклопи на влезот и копја.

Витешка сала Castle “DE HAAR”, фотографија: Звонко Гичев ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Навистина е вистинско доживување каде домаќините и гостите седеле, слушале пијано изведби каде пееле оперски диви во домашна атмосфера. Преку ден гостите се пречекувале со Ризердаал чај и сендвичи, додека пред и после вечера се пиело кисело виски и господата пушеле пури, едноставно уживале во уживале во животот.

Витешка сала, Castle “DE HAAR” фотографија: Звонко Гичев ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Салата за бал е долгнавеста просторија која во која уживала преубавата бароница Хелен Де Ротшил (внуката на прочуениот Родшилд) и нејзиниот сопруг Баронот Етјен Ван Зулејн. Тие двајца имаат интересна љубовна приказна. Се запознале на бал под маски, каде Етјен облечен како Херкулес ја импресионирал Хелен Де Ротшилд. Во самата сала од двете страни има богати украси и вредни детали кои тие двајца ги купувале патувајќи низ светот.

Сала за бала, Castle “DE HAAR”, фотографија: Звонко Гичев ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Интересно е тоа што салата е во тип-топ состојба и има можност да се изнајми за прием, свадба или некоја друга свеченост.

Библиотеката е место во замокот во кое секој еден од нас би посакал да чита книга. Таа содржи изданија кои се со трајни вредности. Еден од бароните во еден период од животот се решава дури да продаде колекција книги преку престижната куќа Кристи, на аукција за да започне реставрацијата на замокот.

Castle “DE HAAR”(библиотека) Верица Пандиловска, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотографија: Звонко Гичев

Кујната е сместена во подрумот и е буквално цела со садови од бакар. Кога ќе влезете во неа ве заслепува сјајот на бакарот од сите можни садови за готвење кои се безвременски, во комплетно фунционална состојба и се користат и денес за приготвување на храна кога домаќините се во замокот и имаат гости.

Кујна Cstle DE HAAR, фотогрофија: Звонко Гичев ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Може да се видат и собите на послугата која го опслужувала целиот дворец. И тие соби изгледаат навистина многу културно.

Една од гостинските спални соби во Castle “DE HAAR”, Верица Пандилоска ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотографија: Звонко Гичев

Спалните соби се интимниот дел од замокот кои од неодамна се пуштени за разгледување на јавноста. Сатен, кадифе, чипка, масивно дрво, мермер и се што е безвременски луксуз е краток опис во неколку реченици за материјалите од кои се направени спалните соби. Секоја приказна за себе. Одделно гостински спални соби, одделно за домаќините. Едните од другите воопшто не заостануваат во луксузот и содржината.

Глетката од прозорците на спалните е директно во предниот огромен двор, би рекла централната градина во која секојдневно уживало семејството.

Верица Пандиловска, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотографија: Звонко Гичев

Castle De Haar“ во моментов е Фондација. Се издржува само од продажба на билети.

Меѓународниот џет-сет и преубавите бароници

Традиција од повеќе од еден век на кралското семејство (Van Zuylen van Nijevelt van de Haar family) е претстојувањето во замокот Dе Hааr еднаш во годината, со времетраење од еден месец, секој Септември.

Во ова време од годината, Баронот и бароницата редовно приредувале забави каде гости отсекогаш им биле луѓе од светскиот џет-сет. Фокусот на овие забави бил присуство на меѓународни гости од филмската индустрија, оперската сцена, реномирани гости од модната сцена кои уживале во сите убавини на замокот.

Гости кои претстојувале и уживале во удобностите на дворецот биле филмски ѕвезди, уметници, модни икони. Јас прво што забележав беше дека светскиот сопран Марија Калас била редовна гостинка, револуционерната модна дизајнерка Коко Шанел, магнатот Оназис со сопругата Џеки, уникатниот Ив Сен Лоран, глумците Грегори Пек и Роџер Мур, единствената Џоан Колинс и Бриџит Бардо и ред многу други државници, луѓе од светскиот џет-сет.

Верица Пандиловска, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотографија: Звонко Гичев

Во 2011 година Бароницата Александра ван Зујлен ван Нијелет ван де Хаар ја раскажува приказната за замокот. За тоа како останал неоштетен после 2рата светска воја и како нејзиниот дедо Баронот… тогаш донел мудра одлука и решил да го отвори замокот за јавноста, но само под услов семејството да може да живее во него 3 месеци во годината. Замокот сеуште се чува.

По смртта на баронот Баронот Етјен Ван Зулејн во 2011та година неговите два сина претстојуваат редовно (барем три месеци во годината) во замокот, на лето, есен и за Божиќ бидејќи се неверојатно врзани за нивниот холандски дом.

Од она што можев да видам да воочам по изложени портрети и фотографии е дека сите бароници низ децениите кои одминале биле вистински убавици, ја негувале модата, дури и за денешни услови според мое мислење биле пред времето. Секоја од нив имала одделно спална соба, од онаа на баронот. За гости секако постојат и посебни гостински одаи кои се уредени и изгледаат исто така “кралски“.

Верувам дека на миг успеав да ви ги разубавам мислите и наполнам очите преку ова мое патување во замокот Dе Hааr, бисерот на Кралството Холандија со безвременска убавина.

Резиме и кратка порака

Верувам дека до сега ја сфативте мојта лична порака сите вие кои го читате овој блог.

Природата сите нас не награди со врвен подарок, а тоа е можност да доживееме позитивна емоција која ќе не направи да бидеме среќни, енергични. Со ова ние луѓето можеме да ги постигнеме сите наши зацртани цели и воедно да го подобриме односот во нашето опкружување.

Верица Пандиловска, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотографија: Звонко Гичев

Мојата цел е да се обидам позитивно да влијаам врз креирање на позитивни емоции без оглед на тоа дали се работи за позитивна емоција за задоволство, за среќа, успех итн.

Бидете среќни и задоволни од својот живот. Одете напред и гледајте во иднината. Оставете ги настрана стресот, депресијата, незадоволството и сите останати работи кои сите нас не водат на погрешен пат.

Верица Пандиловска, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотографија: Звонко Гичев

Кога ќе се најдете на крстопатот, бидете интуитивни и одлучете се за нешто поинакво и подобро за себе. Одберете го патот на успехот за кој на сите нас ни е потребна макотрпна работа, упорност. Личната хармонија секогаш води до задоволство, мир и духовно воздигнување.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *