СТРЕС ИЛИ БЕС!?

Животни предизвици, искушенија, емоции. Среќа, тага, радост, одбивност …. основен емоционален автопат по кој секој од нас поминува во одредена фаза од својот живот. Вртоглавица од слобода на размислување, право на личен израз, емоционална свесност за личен предизвик. Вака некако од мој аспект ми изгледа најголемиот предизвик на секој од нас, наречен живот.

Живееме во вербално позирање, марширање, политичка демонстрација. Разликата помеѓу нас е само начинот на која ќе истрчаме и видот на трката во која попатно се обидуваме да го рабереме светот како подобро место за живеење.

Дали сме маченици или победници. Имаме вртоглавица од секојдневни дилеми, размислувања и можности. Колку ние луѓето ги китиме своите животи преку лични стории кои ги прераскажуваме како случки од животот говорејќи за себе, политиката на живеење (читај дивеење).

Да се сетиме за момент која е причината за живот!? Дали е нешто погрешно во политиката на живеење, во нашиот став и размислувања за сопствената егзистенција, процес кој го минуваме макотрпно.

Scuola di Atene – Уметник Рафаело Санти (Година 1511) ренесанса. Место- Апостолска палатаВатикан

Континентална филозофија, но која е суштината на самите нас. Оптимизам, ренесанса, реализам … дали среќата управува со универзумот или си ја создаваме сами. Дали ни е потребен контакт со околината или сме си доволни сами на себе. Секој од нас има момент на некој своја вистина, своја реалност, личен израз, личен печат. Но, која е дозата на животниот адреналин со кој се потхрануваме секојдневно за лична акција и сатисфакција.

Што добиваме од нашиот живот, 50% успех и задоволство и 50% стрес еднаков на бес. Колку е ова добро за секој од нас или погрешно. Болка или сензитивност. Колу имаме радост, среќа, причина за успешен и среќен живот гледајќи ги тектонските пореметувања во општеството.

Дали сме ментално и духовно спремни да одговориме на секој животен предизвик!? Прашање за секој од нас. Животната рутина која секојдневно ја изодуваме, не внесува во матрицата од која е вистински предизвик да се отстапи и биде различен, поинаков, успешен, неуспешен, поуспешен. Каков е нашиот личен адреналин во животот кој е двигател за сите наши успеси и падови зависи повторно од нас. Колку си признаваме самите на себе за тоа кои се нашите очекувања во животот, семејството, општеството.

Менталната подготвеност на секој од нас чинам дека игра клучна улога во нашата животна сторија.

Како планираме да го потрошиме животот. Колку брзо, квалитетно во каква форма, зависи само од нас и никој друг. Романтика и ставање на розови очила некако не ни помага за да го избегнеме ризикот. Денес, уметнички предизвик е да се справиме со животот. Секоја етапа од нашето битисување е ризик кој ќе треба успешно да го надминеме, избегнеме или распределиме.

Дали конечно го славиме животот во вакви денови и кое е значењето на животот. Радоста на живеење е единственото нешто во кое е потребно да веруваме.

Егзистенционален избор на моменти не доведува во различни емотивни состојби. Да доживееме катарза, ослободување на нашите вистински чувства, да ги одблокираме од секојдневната контаминација на социјални влијанија е предизвик кој ќе треба сите ние успешно да го надминеме.

Не ни е потребен стрес или бес. Но, колку сме ментално и духовно спремни за позитивни лични промени е сепак прашање на личен избор.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *